Можеби е некој друг ЕЛИТЕН,но не јас ( а има секако такви со куќи на водно)
Не сум барал јас да бидам жител на овој град,и не сум јас виновен што некои предци
живееле тука и ме направиле(да не објаснувам како не е тоа темата)
Јас не кријам тоа што поседувам овде а тоа е голема 0 према према некои други.
Ако нешто и мразам тоа само тоа што сум од тука и што сум уште тука.
Има и такви граѓани на Скопје, кои сметаат дека со самото тоа што се родиле во главен град се подобри од останатите, мене овој феномен не знам дали ми е повеќе смешен или за жалење.
Елитноста, која ја употребив во преносна смисла, за да предизвикам пародичен ефект на појавата, не се однесува на статусот во општеството, финансиската или образовна позадина, туку е состојба на умот.
Една од најтрагикомичните ситуации е што бранејќи се од провинцијалци по територија не можат да се ослободат ваквите од својот
духовен провинцијализам... кој е многу, многу пострашен од тоа дали селани од Свирипичино, продавајќи ги нивите, ќе се населат и ќе ти бидат соседи во стан во метрополата.
Скопјани исфрустрирани од провинцијалци има, како што има и исфрустрирани провинцијалци, овие категории имаат проблем и меѓусебе и со себе, останатите (кои не припаѓаат на ниедна од овие категории) немаат никаков проблем.
И сега ако веќе разјаснив, баталувам понатамошна дискусија, бидејќи препукувања на релација Скопје-провинција се меѓу најдосадните и најглупавите што постојат.