The Championship Wimbledon | 24 јуни - 7 јули, 2013 |

  • Креатор на темата Креатор на темата Види Фотос
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Е конечно колку толку се смирија страстите, ајде и јас да напишам едно мислење за третиот ден од третиот грен слем во 2013. година.

Прво, се осмелив во обложувалница да уплатам малку посолена сума на пари, на фаворитите, а замислите дури 4 утакмици промашив (Ивановиќ, Јанковиќ, Хјуит, Махут).

Го гледав Лејтон против Браун, знаев дека типчево од другата страна кој беше многу многу потценат... знаев дека ќе биде опасно, но мислев дека ќе тепа Хјуит 3-1 во краен случај, во тесни тајбрејкови и слично, но напротив... наивно ги губеше првите два сета, третиот го доби некако, а во четвртиот тотално се изгуби.

Иснер ѕверов поштено си излезе, си одигра 2 гема... и пуп... да го нема, доста беше :D :pos:

Јужни - Посписил во 5 сета... е ајде де... кој го очекуваше и ова... после толку добар турнир во Хале за Јужни... сите очекувавме меч во рутински 3 сета за Михаил, но не беше така, сепак остана во турнирот и да видиме што ќе прави во продолжение од него.

Алмагро горе долу според очекувањата, со само еден загубен сет против Руфин.

Пер не ме изненади, како што мислев, во 3 сета подобар од својот сонародник Роберт, без позначајни проблеми.

За Дарсис и немам некој коментар, дечкото си дојде во Лондон, го испрати Рафа на одмор во Мајорка... барем периодов е за одмор, сеа до америчкиве мастерси ќе се одмараат по секако.... и сеа реков ќе го збриши и Кубот, глеам walkover му дал, абе сељачиште. :facepalm:

Тсонга - Гулбис, е овде очекував меч во 5 сета и победа на Гулбис, некако ме влечеше на тој точен резултат. Французинот тргна со мошне сигурен прв сет, два брејка во него и мислев дека ќе го заврши мечот убедливо во 3 сета. Не го гледав мечот после првиот сет, само кога се вратив видов дека при водство на Гулбис од 1-2 во сетови предал Жо Вилфред поради повреда на коленото. Значи очекувам добар резултат и од Ернестс на овој турнир, сега за сега оди скалило погоре во однос на минатата година кога загуби од Јанович во второто коло во 5 сета. Во следното коло ќе се сретне со Вердаско против кого треба да биде изразит фаворит, иако Шпанецот денеска успеа можеби изненадувачки да го победи Бенето толку лесно во 3 сета.

Мелцер - Рајстер 3-1, ништо посебно, не верувам дека некој обрна внимание на мечов, Мелцер со мала доза на изненадување го исфрли Фоњини во првото коло, а сега и Рајстер. Во следното коло ќе игра против Стакховски.

Махут - Робредо 0-3... и ова е меч каде што очекував во краен напор да победи Махут во 4 сета, или можеби во 3 доколку одигра доволно квалитетно. Не го пратев мечот, го гледам само конечниот резултат и мора да признам дека сум многу изненаден од него.

Мареј - Лу 3-0, очекувачки.... максимален резултат за вториот фаворит според ранг листата. Минатата година не успеа да го освои турнирот, го имаше најдобриот резултат играјќи финале, а годинава брка титула за која можеби ја има најголемата шанса во својата кариера знаејќи однапред дека ги нема Рафа и Роџер кои беа во неговата половина, а веќе се елиминирани.

Чилич поради повреда исто така му предаде на Де Шипер, солиден тенисер го напушти Ол Ингланд Клубот, штета.

Монако - Рам, очекувано победа за Аргентинецот иако не е обожавател на подлогава, сепак Рајаев Рам и не е некој играч кој може да биде многу опасен во поединечна конкуренција, сепак дублот е она што му лежи повеќе.

И за крај.... последниот завршен меч во машка конкуренција, Роџер Федерер - Серхеј Стакховски (7-6 6-7 5-7 6-7). Го гледав натпреваров со прекини, првиот сет гледав само неколку гемови, во средината на сетот. Подоцна се вклучив во вториот сет тајбрејк, беше 3-3 во поени, реков доколку загуби тука Стакховски т.е. поведе Роџер со 2-0 во сетови... нема што да бара во треиот сет, ќе си изгуби 6-2 или со сличен убедлив резултат. Сепак со 7-5 во тајбрејкот беше поуспешен, го израмна резултатот во сетови и ни донесе драматичен дуел во продолжение. Почна и третиот сет, како да се заозбили Федерер, веднаш во вториот гем при сервис на Серхеј имаше брејк топка, ја спаси Стакховски за подоцна при резултат 3-3 на иста мака да биде Федерер, но и Роџер успеа да се извлече. Кога сервираше да остане во третиот сет, при резултат 4-5, а на поени беше 15-30 кога Стакховски се најде во многу непријатна ситуација, и покрај оогромниот притисок отсервира неколку добри сервиси и изедначи на 5-5 во третиот сет. Следниот гејм беше кобен за Роџер, 15-40 резултат, ја спаси првата брејк топка, а при втората со еден лошо изведен бекхенд, поточно го погоди со рамот од рекетот, а топчето замина во аут за брејк на Стакховски. Следниот гејм надежно започна Роџер, 0-15, но најде сили Стакховски за 4 поени во низа кои значеа водство од 2-1 во сетови. Четвртиот сет, во првите два гема сигурни и двајцата на свој сервис, а во третиот Роџер не успеа да си го задржи сервисот и го загуби за водство од 2-1 на неговиот противник кој во следниот гејм го потврди брејкот и заводе 3-1. Сепак Роџер освои 3 гема во серија, се врати во сетот и автоматски во мечот, заводе 3-4. До почетокот на тајбрејкот се играа сигурни сервиси, со исклучок на гемот при 5-6 за Федерер кога Серхеј спасуваше и сет топка (30-40). Се влезе во тајбрејк. Само еден минибрејк до резултат 6-4, 2 меч топки за играчот од Украина, првата на свој сервис, Федерер погоди одличен пасинг шот. Следниот поен, втората меч топка беше при сервис на Федерер, прилично долг поен кој заврши со бекхенд неизнудена грешка на Федерер и оооогромна победа за Серхеј Стакховски, нешто слично на сценариото од првиот натпреварувачки ден на мечот Дарсис - Надал.

Некако логично, после ваков чуден чуден ден, утре не очекува програм во кој фаворитите без поголеми проблеми ќе се пласираат во третото коло и ќе ги залечат раните од денешниот ден, барем кога станува збор за обложувањето :D

Ајде сега да ја направам ранг листата за тенискава лига типување што е, да видиме кој од кајганџииве е најспремен за Вимблдон 2013, барем за првите три дена поолни со изненадувања. :D

И уште нешто многу важно, кога јас реков дека турнирот ќе биде лош тн. ср*ње без Надал, вие некого правевте будала, а сега ви е елиминиран Роџер и одма почнавте да скокате, во секој случај, многу нефер однесување, а јас си напишав дека сето тоа е од мој аспект како фан на Рафа. :)
 
Трол Надал.Губи во 1 коло,а се качува едно место погоре.Сега уште Ферер да изгуби во второ,трето коло или 1/8 финале Надал ќе се качи на 3то :icon_lol:

Инаку Федерер изгуби,Надал изгуби,Хјуит изгуби.Освојувачи на Вимблдон последниве 11 години.Ноле you're next:свиркам:

А и оваа е одлична шанса за играчи кој не се толку добро пласирани на АТП Ранк Листата да го напраат најголемиот успех во својата кариера.Тие играчи се Пер,Гулбис,Стаковски,Браун и Димитров.И не знам зашто ама се си мислам дека Димитров најдалеку ќе догура иако ќе има доста потежок распоред од другиве 4ца.Уште во 3 коло потенцијален противник му е Дел Потро.Но мислам дека конечно ќе го направи тоа што се очекува од него.
 
Ме интересира нешто друго да продискутираме. Што мислите за сите овие критики околу теренот? До толку е ужасен или се најде како фин изговор за лоши резултатти, што мислите? Или пак и едното и другото некако си се поклопија.

Инаку читам на б92 за поразов и еден коментар на еден Србин ме изнасмеа. Вика:

Kako je pocelo u finalu ce igrati dvojica za koje ni rodjene majke nisu cule...Bice ono, vidi ovog mog sto igra tenis, a ja mislila studira dete... :-)
 
Ме интересира нешто друго да продискутираме. Што мислите за сите овие критики околу теренот? До толку е ужасен или се најде како фин изговор за лоши резултатти, што мислите? Или пак и едното и другото некако си се поклопија.

Инаку читам на б92 за поразов и еден коментар на еден Србин ме изнасмеа. Вика:

Kako je pocelo u finalu ce igrati dvojica za koje ni rodjene majke nisu cule...Bice ono, vidi ovog mog sto igra tenis, a ja mislila studira dete... :)

Има и тоа влијание но нема врска дека тоа е причината за поразите на Надал, Федерер и Шарапова. Теренот е таков и за двајцата противници така да бунење нема. А инаку подлогата оваа сезона е ужасна, секој тенисер по најмалку 3-4 пати се лизга во еден меч, просто не можам да поверувам на очиве дека на Вимблдон се случува ова.

Едит:
@ThisDayInTennis June 26, 2002: 7-time champ Pete Sampras loses in 2nd RD to No. 145 George Bastl #wimbledon
 
Кога играат Надал и Федерер еден против друг?

Во четврт финале?
 
Не знам зашто го плукате Дарцис, па зарем он не би сакал да игра, посебно по онаква победа???
 
Кога играат Надал и Федерер еден против друг?

Во четврт финале?

Bad try to troll. :D
Него, глеаш дека не ти држеше баш мислењето дека Надал не знае да игра на трева. :) Немој сеа да ми речеш дека и Федерер не знае да игра, оти ќе речам дека Гергес е грда. :sneaky:
 
Леле прес конференцијата на Чилиќ, слоу моушн, нешто налик како пресовите на Надал. Едвај уста отвара.:D
 
Од утре ќе почнам да ставам ливчиња на Вимблдонов. Добро што не пробав досеа :)

И тоа што спомна некој погоре, нешто очигледно не е ОК со теренот, ама таков е за сите, не може само фаворитите да се жалат. Мислам дека со денешниов резултат на Федерер и неговиот пад на АТП листата следува неговиот позначаен пад. Не верувам дека ќе успее да освои уште некој гренд-слем.
Ајде како тргнало ја би сакал да испаднат уште Серена и Мареј (мада оваа првово тешко). И сеа за кој да се навива кај жениве? (п.с. Sharapova :()


Има негде видео од моментот кога Федерер го удрил Стаковски?
 
Bad try to troll. :D
Него, глеаш дека не ти држеше баш мислењето дека Надал не знае да игра на трева. :) Немој сеа да ми речеш дека и Федерер не знае да игра, оти ќе речам дека Гергес е грда. :sneaky:

Вака, Надал изгуби затоа што беше физички неспремен, и затоа што не е добар на трева, а Федерер изгуби затоа што е едноставно стар и немотивиран. А Георгес е најубава. :)

Јас мислев дека овој Вимблдон ќе биде лебедовата песна на Федерер, неговиот последен успех, па затоа и му давав најмногу шанси, заедно со Мареј, да го освои турнирот. Вистината е дека Федерер повеќе нема да освои ниту еден грен слем. Неговото време помина, но и времето на Надал полека поминува, и треба тоа да го прифатиме. Во следните 2-3 години со светскиот тенис ќе владеат Новак и Мареј.

За Надал можеби уште еден или два РГ, но тоа ќе биде тоа.
 
Од утре ќе почнам да ставам ливчиња на Вимблдонов. Добро што не пробав досеа :)

И тоа што спомна некој погоре, нешто очигледно не е ОК со теренот, ама таков е за сите, не може само фаворитите да се жалат. Мислам дека со денешниов резултат на Федерер и неговиот пад на АТП листата следува неговиот позначаен пад. Не верувам дека ќе успее да освои уште некој гренд-слем.
Ајде како тргнало ја би сакал да испаднат уште Серена и Мареј (мада оваа првово тешко). И сеа за кој да се навива кај жениве? (п.с. Sharapova :()


Има негде видео од моментот кога Федерер го удрил Стаковски?


Тhe fuck?
 


Не го удри да се разбереме, ама упати едно топче накај него со таква силина што овој падна на земја за да не го погоди во глава. Имаше доста фрустрација кај Роџер, неколку незгодни топки упати во телото на Стаховски што не беше баш спортски, ама то је то.
 
Вака, Надал изгуби затоа што беше физички неспремен, и затоа што не е добар на трева, а Федерер изгуби затоа што е едноставно стар и немотивиран. А Георгес е најубава. :)

Јас мислев дека овој Вимблдон ќе биде лебедовата песна на Федерер, неговиот последен успех, па затоа и му давав најмногу шанси, заедно со Мареј, да го освои турнирот. Вистината е дека Федерер повеќе нема да освои ниту еден грен слем. Неговото време помина, но и времето на Надал полека поминува, и треба тоа да го прифатиме. Во следните 2-3 години со светскиот тенис ќе владеат Новак и Мареј.

За Надал можеби уште еден или два РГ, но тоа ќе биде тоа.


Мареј и Ноле се само 1 година помлади од Рафа, не гледам нешто посебно во нивната игра во споредба со Рафа сега за сега, реално. На бетон мислам дека Рафа ќе има шанси за триумф на US Open, баш ме интересира како ќе одигра на мастерсите во Монтреал и Синсинати кои ќе се подготовка за она главното во Њујорк.

Утре Ноле ќе тепа со Рејнолдс 3-0, без сомнение. Во третото коло ќе игра против Шарди, и таму не треба да има проблеми, Шарди сервира добро, не се знае, но сепак Ноле си е Ноле. Веќе во осминафиналето можеби ќе има мака против Хас, знаеме како игра Томи на трева, последен пат играа пред 4 години и во Хале и на Вимблдон, и двата пати Хас беше подобар.

p.s. Јас лично сакам еден различен победник т.е. да не биде некој од овие : Nadal,Federer,Djokovic,Murray, Del Potro. Последен пат такво нешто се случи во 2004 година кога на Ролан Гарос славеше Gaudio.
 
Мареј и Ноле се само 1 година помлади од Рафа, не гледам нешто посебно во нивната игра во споредба со Рафа сега за сега, реално. На бетон мислам дека Рафа ќе има шанси за триумф на US Open, баш ме интересира како ќе одигра на мастерсите во Монтреал и Синсинати кои ќе се подготовка за она главното во Њујорк.

Премногу е физичка играта на Надал за да трае подолго. Уште пред две три години се зборуваше дека наскоро ќе влезе во серија повреди, што и се случи. Не би ме изненадило и во вториот дел од сезоната да отсуствува некој месец. Колената на Надал, реално, не туркаат далеку. Тоа е цената која ја плаќа за оние неприродни промени на правците на движење на земја.
 
Тоа е тоа, само ме интересира дали грбот игра улога во овие слаби партии, или се работи за огромни вариации во формата т.е. слаба форма.

Ако е второво, не заслужува Федерер да иде даље, така да заслужено си победи Стаковски, не успеав да го гледам дуелот, ама и подобро џабе ќе се нервирав. Она што е интересно е што Фед после добиен 1 сет секогаш игра многу полесно него кога ќе го изгуби, но денес и тоа не го мотивирало...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom