Бев кај Сељман од Пагаруша,со намера да разделам еден пар и конечно да ја фатам девојкана од соседноно село и да ја земам за жена.Многу е убава,а и добро се снаоѓала во кујна,па посакав да биде со мене,а не со тој ашљакон да се шетаат каде ќе стигнат.
Сељман е фин човек,народен,ме пречека со сите адети,ме послужија со кафе и две коцки шеќер дур чекав кај него во чекална.Знаете,тој е многу познат по своите маѓии и секогаш има гужва кај него,едноставно луѓето си имаат мака,а тој им помага.
За него дознаф на телевизија,бидејќи е толку добар го имаше на телевизија и тамо кажуваше како се разбира во маѓии,како брка џинои и слични демонски творенија.
Завршија сите пред мене,влегов во едно собиче во кое беше запурно,бидејчи беше среде лето и едвај се гледаше бидејчи ролетните беа спуштени.Сељман знаеше како се викам и ми рече да седнам на стариот кауч.Седнав ја на каучот,а тој ми кажа дека ја знае мојата мака,ми рече од а до ш све за девојката која е,од која фамилија потекнува и еден куп пофални зборои за нејзините кулинарски способности.Потоа рече дека девојкана,не по своја волја е со некој од моето село,во врска се но не постоело љубов меѓу нив,бидејќи и било напраена магија за да се заљуби во него.Рече дека таа маѓија е многу јака,и дека познавал само двајца во цела Македонија што можат таква маѓија да начинат,а била многу тешка за разбивање бидејќи маѓијата била црна и напраена со крв од гавран,а нивната крв била много јака.
Ми побара слика и маица,не помлад од 18 години кога бев а маицата беше штиркана и испеглана без рабои.Ми даде едно шише со вода,некоја специјална за да се разбиела маѓијата и ми кажа да пијам секое сабајле по едно чашиче,на празен стомак и немочан.Потоа во рака ми тутна едно крпче завиткано и рече никако да не го одвиткувам,бидејчи се ќе пропадне во вода и ништо од разбивањето на црната маѓија.Ми рече тоа крпче,да го закопам на некои гробишта,уште додека сонцето не изгреало.Така и сторив,го закопав наредниот ден на селскине гробишта.Право да ви кажам,никогаш појќе нема да одам на гробишта пред да изгрее сонцето.
Наредните денови пиев од водата секое утро.Минуваше ден за ден,мина недела,мина месец но ништо не се смени.Кога изгубив надеш,веќе поминаа два месеци и јас се откажав од намерата и бев многу тажен.Кога,како гром од ведро небо вчера ме погоди најновата вест,која кружеше со брзина на светлината низ селото-комшијана кој беше со мојана љубена,го удрило кола и починал на лице место.Утре ден е погребот,секако на селските гробишта.
Не знам како да се чувствувам,дали да се радувам од една страна,бидејќи конечно имам шанса да ми се исполни животната желба,но од друга страна по малце како да сум депресивен за човекот,не беше толку лоша душа.
Било како било,планирам да поминат 40 дена од закопот и да и пуштам муабетче на девојката.До тогаш,нема смисла да се обидувам,сепак имам малку совест на душа и не сакам да ги тресам коските на комшијата.