Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Деница/Сатанаил е првиот кој отпадна, а со себе повлече и 1/3 од небесните бели ангели.
Кои? И зошто само 2 од нив се спомнуват па дури се поистоветуваат како 1 (Сатаниел и Луцифер)
И кои се другите 2/3 кои останаа бели?
 
Со самото раѓање на бебето е наследник на Адам сите сме!!!
а со самото тоа го наследуваме неговиот грев Адамов смртта.Со самото крштевање го примаме евангелието на Христа во нас а Христос пострада и умре за нивните гревови (луѓето од стариот завет) со самото крштевање тој грев ни е простен и живееме според Божјите закони кој ни ги даде Христос(Спасител) бебето нема да биде одма во рајската градина бидејки Бог е човекољубив и нема да го уништи светот се додека не посака тој и бебето ќе живее ќе расте и умре со исполнување на заповедите на Господ Исус Христос.
болдот. па нели овоземниот живот е казна (избркани од рајската градина), како тоа сега овоземниот живот е човекољубие (награда)?!??!?
 
Пријателе дали ти со твоите лични работи и твоите деца можеш да правиш што сакаш?

Така и Господ негови сме создадени сме од негова рака се е негово ние сме негови се доаѓа од него така да што сака може да прави со нас!
Дали ти си слушнал за социјална служба и дали си чул за случаи кога таа служба им ги одзема децата на родителите кои решиле да прават со нив што ќе им текне?
Со кое право споредуваш предмет или слична сопственост со свесно и разумно суштество како што е човекот?
1.Направи споредба со растењето и воспитувањето на твоето дете...
Она што им забранил да јадат најверојатно сакал да ги искушува за да направи послушност и почит тие не го почитувале и ги казнил самите да се снаоѓат и да се борат.

2.А Бог е човекољубив што создал не уништил.....
се надевам ме разбра?
1. Која е потребата да ги искушува, кога е сезнаен? Кога е над времето? И ако веќе решил да ги искушува, зошто им го ускратил сознанието за добро и зло? Како може некој да разликува исправна од погрешна постапка ако нема критериум што е добро а што не?

2. Како тоа "што создал не уништил"? Потопот што е?
 
Ако тие немале искуство - сознание што е злото (им било забрането нели?), тогаш зошто се бара одговорност од нив? Каква улога има предупредување, ако тој што го предупредуваш си го создал без сознание за добро и зло? Како ќе знае што е тоа "погрешен избор"?

- Одговорноста е побарана затоа што направиле погрешен избор, иако Бог веќе им одредил што смеат а што не смеат да јадат.

- Предупредувањето имало поправно-воспитна улога. Адам и Ева знаеја што е добро, но не и што е зло, оти злото се случи откако го сторија гревот, а не и пред гревот.

- Погрешен е изборот затоа што веќе знаеја што е доброто. Ако знам што е добро, што ќе ми е она кое е поинакво од доброто?
 
Како може да знаеш што е добро а да незнаеш што е зло? Самиот во вториот болд се побиваш велејќи: "Ако знам што е добро, што ќе ми е она кое е поинакво од доброто?"
 
Кои? И зошто само 2 од нив се спомнуват па дури се поистоветуваат како 1 (Сатаниел и Луцифер)
И кои се другите 2/3 кои останаа бели?

Другите 2/3 ангели се во преголем број, а во Црквата се познати имињата од архангелите, како Гавриил Михаил, Уриел, Рафаил...
 
- Одговорноста е побарана затоа што направиле погрешен избор, иако Бог веќе им одредил што смеат а што не смеат да јадат.

- Предупредувањето имало поправно-воспитна улога. Адам и Ева знаеја што е добро, но не и што е зло, оти злото се случи откако го сторија гревот, а не и пред гревот.

- Погрешен е изборот затоа што веќе знаеја што е доброто. Ако знам што е добро, што ќе ми е она кое е поинакво од доброто?
ама како ќе знам дека тоа е добро ако не ми е познат концептот за лошо. нема логика, знам што е добро, али појма немам што е лошо. пак збунка друже, ја викам дека се заебале вериве, колку и да сакаш да ги разбереш, нема никаква логика во тоа што пишува во нив. а згора на тоа и пишани се од луѓе, кои знаеле ко јјазик е потребен за да разберат останатите.
али НЕ, ќе ве возам јас наоколу, додека ми се може, па после тоа ќе видиме. ко луна парк да е :pos:
 
Другите 2/3 ангели се во преголем број, а во Црквата се познати имињата од архангелите, како Гавриил Михаил, Уриел, Рафаил...
Значи црквата не ги знае? Ни црните ни белите. Чудим :P
Ама знае дека се 1/3? Опет чудим :P
Од каде дојде до таа третина ако не ги знае кои се.
 
Како може да знаеш што е добро а да незнаеш што е зло? Самиот во вториот болд се побиваш велејќи: "Ако знам што е добро, што ќе ми е она кое е поинакво од доброто?"

Еве, се цитирам сам себе:

„...Се обидуваш, овоземните практични сознанија и за доброто и за злото, да ги пренесеш во Рајската атмосфера, за која немаме искуствена претстава како изгледала, но од Писмото знаеме дека во Рајот, злото било непознато пред да биде сторено па првите луѓе, битисувајќи во Рајот, немаа искуствен поим за тоа што е „зло„. Затоа пак, го имаа Божјото предупредување за можната последица од нивниот погрешен избор, која се состои во нивното умирање...„.
--- надополнето: 26 јуни 2013 во 12:36 ---
Значи црквата не ги знае? Ни црните ни белите. Чудим :P
Ама знае дека се 1/3? Опет чудим :P
Од каде дојде до таа третина ако не ги знае кои се.

....:P....

Имињата од сите ангели ги знае само Оној Кој ги створи.
 
Од евреите и нивниот Закон, евреите, кои нели, не го познале христијанскиот месија кој е „вистински“ и затоа и евреите не ги бидува!
Нели MIKI1 ? Само православно христијанство, тоа има духовна логика, и ти треба само вера, да веруваш и тоа е тоа?

П.С. И да додадам, од евреите кои ја разбираат кабалата, чии предци и го создале тој систем :)
 
Еве, се цитирам сам себе:

„...Се обидуваш, овоземните практични сознанија и за доброто и за злото, да ги пренесеш во Рајската атмосфера, за која немаме искуствена претстава како изгледала, но од Писмото знаеме дека во Рајот, злото било непознато пред да биде сторено па првите луѓе, битисувајќи во Рајот, немаа искуствен поим за тоа што е „зло„. Затоа пак, го имаа Божјото предупредување за можната последица од нивниот погрешен избор, која се состои во нивното умирање...„.
--- надополнето: 26 јуни 2013 во 12:36 ---

....:P....

Имињата од сите ангели ги знае само Оној Кој ги створи.
по што се разликувааат овоземните ДОБРО И ЛОШО? а и каква би била разликата во тоа “добро“ горе и ова “добро“ овде на земјава? има разлика во тоа добро?
П.С. а плус тоа убаво кажуваш, појма немам како изгледала и што било таму, значи само претпоставки.
 
Имињата од сите ангели ги знае само Оној Кој ги створи.
Значи ти појма немаш за Адам и Ева и за 6деј криејшн и тако даље пошто не си створил ништо, така?
 
заплет, .... море морнарски чвор испадна сега :pos: ме насмеа јако
него, да не забегувам, пак никој не објасни како е тоа можно да се има искуствено знаење за доброто, а воедно да појма немаш за злото. додека нема компарација (добро vs лошо) не е можно според мене да се знае дека тоа нешто е добро.
 
Значи ти појма немаш за Адам и Ева и за 6деј криејшн и тако даље пошто не си створил ништо, така?

Највероватно...како што би рекол јас.
--- надополнето: 26 јуни 2013 во 12:53 ---
него, да не забегувам, пак никој не објасни како е тоа можно да се има искуствено знаење за доброто, а воедно да појма немаш за злото. додека нема компарација (добро vs лошо) не е можно според мене да се знае дека тоа нешто е добро.

Искуственото и „теоретското„ знаење за доброто, Адам и Ева го имаа, така што:

- имаа вградено разум и слободна волја
- имаа вградено подобие,
- имаа/примаа благодатна енергија Божја.
- беа во близината Божја
- битисуваа во апсолутно добро уредена рајска средина, каде злото не било присутно.
- немаа/не трпеа последици од гревопадот, како овоземните луѓе.
 
Највероватно...како што би рекол јас.
--- надополнето: 26 јуни 2013 во 12:53 ---

Искуственото и „теоретското„ знаење за доброто, Адам и Ева го имаа, така што:

- имаа вградено разум и слободна волја
- имаа вградено подобие,
- имаа/примаа благодатна енергија Божја.
- беа во близината Божја
- битисуваа во апсолутно добро уредена рајска средина, каде злото не било присутно.
- немаа/не трпеа последици од гревопадот, како овоземните луѓе.

Зошто Бог не им го прости тоа ? Нели е љубов и добрина ? Или не, садистички смрдеш е ?

Зошто семоќниот Бог не го спречил тоа ?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom