ВЕ молам за помош, некако ми треба голема помош, утеха.
другарите од ракометот ми местија девојка исто така и она ракометарка .. после 1 месец пишување запознавање се сретнавме и така бевме во врска од 28 февруари (кога првпат бевме заедно) докај 15-20 мај .. јас девојката ја засакав дури уште од првиот поглед, едноставно знаев дека е оваа девојка јас што ја чекав..и се добро ни одеше, и еден ден нејзините родители дознаа дека има нешто.. и и` викаа да раскине оти ни ке видела полуматурска ни втора ни трета вечер.. но ние некак го пребродивме тоа и продолживме пак да се гледаме ... и денес еве и ми призна зошто ми раскинала ... не кажа конкретно али разбрав.. дека секојден сум ја нервирал на фб, (таков карактер имам, се лутам на се и сешто) ама и ветив дека ке се сменам, дека ке пробам да си го сменам карактерот за неа, но таа не почека.. и кажа дека не сакала да има веќе дечко, да одморило па за година две здравје ке си фатила дечко..е сеа, јас едноставно незнам што да правам, по цели денови растажен, цел упропастен без желба за живот.. пред тоа пак ми раскина , и почнав од нервоза таму плачејќи да кршам раци и незнам ти шо и ајде пак се смиривме али тогаш 2 дена не сум ставил јадење во уста од што бев цел уништен и знаејќи дека она си ужива, се смее по цели денове и не и е грижа... но знаев дека е од сожалување али ајде бидна што бидна
неможам никако не ми излегуваат моменти кога сум бил со неа, а посебно на 1 Мај
цел ден со неа, цел ден забава и еве сега до каде дојде.. а баш оваа девојка ја барав, да не пуше да не пие , да немала дечко до сега , и таа беше таа вистинската али ете, отидете среќата...сега ми е исто како да имам камен на срцето од 10 тона
најискрено, веќе почнав да се плашам од љубовта.. дека ако се заљубам сега пак, и ако пак се случи тоа јас ке неможам да поднесам ако се заљубам пак вака... ама како првата оваа што ми беше, никоја нема да ја сакам како неа... тоа е, тинејџерска љубов, али ни во љубовта немам среќа.. ај ве молам некако како да не мислам на неа, како да ја преболам колку што можам побрзо, а и веќе кажи рече преку ден се гледаме, се дружиме заедно со другарите и она е заедно, но како да не се забележуваме
искрено можам да кажам дека дадов апсолутно се што можев за неа за да биде среќна, душата си ја дадов али се било залудно, само 3 месеци..
ПОМОШ ВЕ МОЛАМ ОД ВАС ПО ИСКУСНИТЕ И ШТО ПОМИНАЛЕ НИЗ ОВА??
ПОЗДРАВ И СЕ НАЈУБАВО.