Најголемиот базен во светот се наоѓа во чилеанскиот одморалиште Сан Алфонсо дел Мар недалеку од градот Алгарабо.
Должината на базенот е повеќе од еден километар на осум хектари и во него има 250.000 кубни метри вода. Базенот е толку голем, што во него е дозволено да се плови со мали чамци. Максималната длабочина е 35 метри, а за споредба, тој е голем колку 20 олимписки базени.
Оваа необична туристичка атракција е изградена во 2006 година, а за таа цел биле потребни пет години работа и биле потрошени 1,2 милиони евра. Базенот е опремен со компјутерски систем кој зема вода од океанот и ја филтрира преку посебни пумпи. Температурата на водата е 26 степени, што е за 9 степени повеќе од онаа на морската вода.