Where is Macedonia?

  • Креатор на темата Креатор на темата DRaGaN mebel
  • Време на започнување Време на започнување
Igorcemk што не е случај ако им кажеш дека си од Југославија ?

Знаат од прилика малце лоша слика дава клипот. Скоро сите вака малце пописмени да ги прашаш ја знаат Македонија и дека се наоѓа на Балканот, каде точно тоа веќе е малце поспецифично. Работата и темата на клипот е што асоциираат младиве со Македонија и тие ништо не асоциираат оти Македонија како држава, култура и нација не им е позната. И ако видите клипот, најчесто кажуваат дека медиумите им создаваат стереотипи и клишеа а кажав дека Македонија во Германските медиуми и скоро да ја нема, затоа и немаат некој асоциации со Македонија.
--- надополнето: 23 јуни 2013 во 00:56 ---
Да надополнам: Југославија ја знаат исто така дека е на Балкан, иако на новите генерации скоро не им е толку позната оти пред нивно време но асоциираат војни, нели поради случките во 90тите.
 
Ако се чудите за Македонија што не знаат - вие колку многу знаете за државата Молдавија, областите кои сакаат да се држави (таман споредбено со тоа колкава е Македонија за нив) Транснистрија, Јужна Oсетија, Абхазија, доста големата територија Каљиниград, островите Гернси, Островот на Мен, државата Фарските Острови или пак Гибралтар a да не збориме за Нагорно-Карабах....

Едноставно, можеби сме во ист континент ама не значи дека како што ние знаеме за Германија, Франција и државите околу нас, знаеме за држави кои не се блиску до нас.
 
Секој може да изманипулира со вакви едитирани видеа.
Премногу е лесно.
Иди на улица, постави најобично прашање на 200-300 луѓе, ќе ти се погодат 7-8 неинформирани идиоти, само нив стави ги на видеото и толку.

Сите вакви видеа се правени со иста фора.
 
Исто, па дури и побитен е вулканот во европската географија од Македонија.

Дека е битен за географијата е, нема сомнежи околу тоа, меѓутоа, вулкан и држава не е исто(а тоа што во неа живеат говеда тоа е друго прашање).
Зарем не е срамно да не знаеш каде се наоѓа држава, а истата да е на ист континент со твојата? Само пример.
 
misl
Секој може да изманипулира со вакви едитирани видеа.
Премногу е лесно.
Иди на улица, постави најобично прашање на 200-300 луѓе, ќе ти се погодат 7-8 неинформирани идиоти, само нив стави ги на видеото и толку.

Сите вакви видеа се правени со иста фора.

мислиш дека некој - манипулатор , сакал да се шегува .. немал работа и зема со нас тикви да сади . . .
Ама не е тоа смислата , сите други народи или држави имаат некое обележје или навика или нешто ( спорт, река , особина историја туризам , прекар . . ..) по што се препознатливи , а МАКЕДОНИЈА СО МАКЕДОНЦИТЕ внатре и надвор + _ ,, никој не ги знае . . зошто .

едно мое мислење е дека ние сме затворени во едно место , ограничени, и во мошности и во средства и во СЕ. . . .

национално сме плашливи од непознато и туѓо , а во пракса обично излегува дека нашите лопови се тие што мамата ни ја ебаа задниве 20 години. . ..не осакатија за векови . . .
 
Дека е битен за географијата е, нема сомнежи околу тоа, меѓутоа, вулкан и држава не е исто(а тоа што во неа живеат говеда тоа е друго прашање).
Зарем не е срамно да не знаеш каде се наоѓа држава, а истата да е на ист континент со твојата? Само пример.

Значи, од прв ред се гледан географската големина, т.е. важноста. МОнт Еверест > скоро секоја држава.

Е сега, не знам дали е позитивно или негативно што на нас најмногу обрнуваа внимание на политичката географија (:icon_mrgr:)па затоа шестооделенци имаа чуено и за Буркина Фасо. Тоа е позитивно, ама негативно е што ги учеа како поимин (некаде постои таква држава) меѓутоа ништо друго. Покрај држави, учевме и колку крави и кокошки има во Македонија. За разлика од географски поими ко... Хекла :D Taka da, кој како зафатил од системот.

Нашиве не се ништо поарни од било кој надворешен во поглед на географија. Всушност, не знам зошто го третирате континентот Јуроп како домашен. Јас сметам дека треба да се знаат сите држави во светот, ама сите...
Ама... :D
 
misl


мислиш дека некој - манипулатор , сакал да се шегува .. немал работа и зема со нас тикви да сади . . .
Ама не е тоа смислата , сите други народи или држави имаат некое обележје или навика или нешто ( спорт, река , особина историја туризам , прекар . . ..) по што се препознатливи , а МАКЕДОНИЈА СО МАКЕДОНЦИТЕ внатре и надвор + _ ,, никој не ги знае . . зошто .

едно мое мислење е дека ние сме затворени во едно место , ограничени, и во мошности и во средства и во СЕ. . . .

национално сме плашливи од непознато и туѓо , а во пракса обично излегува дека нашите лопови се тие што мамата ни ја ебаа задниве 20 години. . ..не осакатија за векови . . .


Мхм. Истото го делиме и со Албанците, Бугарите, Србите и Грците, затоа сите овие држави се познати по далечната историја а не нешто ново.
 
Не знам за вас ама јас каде и да појдам странство и кога се запознавам со некој и му велам дека сум од Македонија 99 % прв пат слушаат

Јас се родив како Југословен и на 12 години тато ми рече: сине ти си Србин .... спомнете му на било кој странец за Тито и веднаш ќе ве препознае од кој регион доаѓате
 
Професорот по географија во Шпанија не знаеше каде е Македонија,додека јас не му покажав и рече дека како нацрт ја знаел но мислел оти е покраина грчка која што делува самостојно.
И секогаш некој нов кој шо сретнев кога и да речев Македонија мислеше на Монголија или едноставно рече Donde esta esto ? :D
 
Да, да ова одамна беше хахахах :D
 
misl


мислиш дека некој - манипулатор , сакал да се шегува .. немал работа и зема со нас тикви да сади . . .
Ама не е тоа смислата , сите други народи или држави имаат некое обележје или навика или нешто ( спорт, река , особина историја туризам , прекар . . ..) по што се препознатливи , а МАКЕДОНИЈА СО МАКЕДОНЦИТЕ внатре и надвор + _ ,, никој не ги знае . . зошто .

едно мое мислење е дека ние сме затворени во едно место , ограничени, и во мошности и во средства и во СЕ. . . .

национално сме плашливи од непознато и туѓо , а во пракса обично излегува дека нашите лопови се тие што мамата ни ја ебаа задниве 20 години. . ..не осакатија за векови . . .

Ако морам да издвојам причина, мислам дека најобјективната причина е тоа што сме ем мала земја ем млада земја. 22 години само постоиме независни на мапа.

Од друга страна ем сме незабележливи, ем не сме доволно мали за да бидеме забележани, (на пример Лихтенштајн и Андора се популарни по својата минијатурност).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom