Where is Macedonia?

  • Креатор на темата Креатор на темата DRaGaN mebel
  • Време на започнување Време на започнување
Не јади бурек, имаш два шифта и капс лок, што ти е заглавено? Освен мозокот?
А зошто ти ја уништуваш темата се глупости? Добро де се кажа еднаш не треба по 100 пати истото.
 
Кога бев на одмор во странство една Германка ме праша дали Македонија е остров ...

Ме фати во тесно, па и реков да.

Иако јас тоа го гледам повеќе како срам за нив, отколку за мене. Јас ги знам сите европски земји и нивните главни градови .. за општа култура се работи, срамота е да си европеец а да не знаеш за постоењето на одредени држави во Европа

Зар очекувате да знаат каде е Македонија?Мене тоа воопшто не ме изненадува,кога до пред дваесет години сите во европските земји учеа дека Македонија е поврзана со Грција дека е дел од Грција,па и не е ништо чудно што те прашала дали е остров.
 
За жал има многу малку емисии или документарци во Германија за Македонија па и во медиумите е многу малку видлива, едноставно како да не е доволно интересна за да направат нешто во тој правец, иако и то како има што да се каже за Македонија.

Исто така за жал Македонија најчесто во негативен контекст се појавува на медиуми, војната, злоупотреба на азил, така да уште добро е што во клипот немаат лоши асоциации како на пример за Полска (крадејне).

Претежно тие што знаат нешто за Македонија (мислам за модернава држава сега, не за антиката) го знаат поради лични контакти со Македонци. Су дрежел презентации за Македонија, сум носел Германци во Македонија и беа многу позитивно изненадени што све може да понуди таква мала земја.

Нормално, дека во такви промоции за Македонија не би ги спомнал многу недостатоците (во мала мера). Треба самата држава да преземе повеќе за промоција на Македонија, ете и во клипот младите кажуваат дека клишеата повеќе ги имаат од медиумите па мислам Македонија ако соработува со Германски телевизии и да прави неколку документарци кој ќе бидат објавени на тв, нема да биде лошо.

И на крај: Младината во Германија не се замара многу со политики и истории како во Македонија. Пола од Германската младина не знае кој им е прецедател а во Македонија секое мало дете знае цела влада да ти ја накаже.
 
До сега сите луѓе што сум ги запознал, од сите страни на светов, најголемиот дел слушнале за Македонија... ама само малкумина знаеја каде се наоѓа точно. Ме изненади, се запознавам со една типка од Минесота и ко и’ кажав од каде сум, аааа знам ми вика. Истото и со луѓе од Пакистан, Индонезија, Тајланд, Кина, Финска, Кенија, Индија и Бразил ми се има случено. Некои од нив знаеа и каде се наоѓа географски, ама најголемиот дел не знаеја. Речиси никој до сега не се чудел што е тоа „Македонија“, освен неколкумина можеби што не знаеја дали е земја, град, остров... :)
Германците речиси сите знаат или слушнале, ама едноставно не ги интересира воопшто.
 

Не си ставајте многу на душа, некој не знае ниту: Италија, Шпанија, Велика Британија па ни исток ни запад каде се.
 
Само немојте да го праќате cool@ да не промовира, бидејќи ситуацијата ќе биде следна :

- Was denkst du über Mazedonier denken ?

- Schlechte Witze.
ти срцка си опседната -да си побараш стручна помош-ова ти е добронамерен совет
 
А вие знаете кај е Малта?
И зошто Израел учествува у Евровизија, а не е у Европа? :rolleyes:
 
Во светот постојат четири истории кои се учат со задоволство: Грчка (заради боговите, митовите и легендите), Египетска (неверојатна култура и веројатно намеса на изв'нземни), Италија (во врска со римската империја), Германија (чичко Хитлер) и од делови Иранскиот Англија индиска еврејска (но тие не се толку интересни). Секое друго претставување на величие и античка историја пред странци е репресија и додевате на луѓето. Истите тие луѓе треба да стојат и да кликаш со јазик и да се прават на импресионирани.:P Жалам ако некој се чувствува засегнат, но тоа е самата вистина. Последното нешто што сакам да го правам кога ќе отидам на пример во Франција е да ми се лепи некој будала и да ми објаснува каква империја била Франција и за Наполеон.
 
Ова е пред се доказ колку е мизерно образованието и општата култура на Западњаците а богами и на Истокот. Ова се луѓе кои знаат за светот онолку колку што слушнале за некои работи во своето најблиско опкружување и општество, и да не ве чуди што незнаат каде е Македонија, не сме ние криви за тоа. Има и Македонци што незнаат каде е Германија или Франција или САД, туку само слушнале муабети за тие држави и ги знаат само на име, другите детали воопшто не им се познати.

Sent from my Nexus 4 using Tapatalk 4 Beta
 
Ова е пред се доказ колку е мизерно образованието и општата култура на Западњаците а богами и на Истокот. Ова се луѓе кои знаат за светот онолку колку што слушнале за некои работи во своето најблиско опкружување и општество, и да не ве чуди што незнаат каде е Македонија, не сме ние криви за тоа. Има и Македонци што незнаат каде е Германија или Франција или САД, туку само слушнале муабети за тие држави и ги знаат само на име, другите детали воопшто не им се познати.

Sent from my Nexus 4 using Tapatalk 4 Beta

Сериозен си за образованието? А тоа за културата не гледам кај е проблемот туку едноставно не ја знаат Македонија, односно неможат ништо со неа да асоциират. Сепак, надвор од Македонија и ете Балканот, Македонија е непозната земја.
 
И после они ќе ни солат памет.

Инаку стварно ова нема врска со нас, бидејќи со ова се гледа колку они учат на школо.

Па да не знаеш држава од Европа, а да живееш во Европа е стварно глупост.
 

Едноставно неучеле на училиште. Еве сличен пример.
ПС: ете такви ликови прават гафови на милионер :)
 
Igorcemk што не е случај ако им кажеш дека си од Југославија ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom