„Мојот живот е спонтан абортус, а уметноста е раѓање“ би рекла Фрида Кало, боем како школски пример. Секако дека ставот на Суси за педери боеми паднаа со Јонче, а со Фрида Кало да зациментираме.
Магдалена Кармен Фрида Кало и Калдерон е родена и израсната во куќата на своите родители позната како „La Casa Azul“ (Сина куќа) во Којоакан, Мексико. Кога имала три години, на 7 јули 1910., почнала мексиканската револуција а Фрида подоцна ќе тврди дека и сама се родила на истата година и датум, за луѓето да ја поврзуваат со револуцијата. На 6 години заболела од полиомиелитис, кој и ја остава пократка и потенка десната нога. Тоа го криела носејќи долги разнобојни сукњи. Имала и заболена кичма, но тоа не ја спречувало да биде палаво девојче, во училиште секогаш меѓу бунтовниците.
На18 години доживува катастрофална сообраќајна несреќа во судир на автобус во кој се возела и трамвај. Добива тешки повреди, рбетот и е скршен на три места, а металната шипка и го пробива стомакот.Десната нога и е речиси смачкана. Никој не верувал ни дека ќе преживее. После болничкото лечење, година лежи во куќата на родителите, во халуцинации и болки. Почнува да слика во кревет и со помош на огледало најмногу се слика себе. Со текот на времето, овие автопортрети ќе станат нејзин заштитен знак. Повторно проодела, но цел живот патела од замор, болки, па често морала да лежи во болница.
Со Диего Ривера, кој го запознава во Мексико Сити, ќе се вери на 20- годишна возраст. Заедничкиот живот се одвива во работа, љубов, огнена поврзаност но и афери со други, кавги, алкохол, дури и омраза. Додека тој слика мурали на кои се претставени глетките на животот во Мексико Сити, работници, минато и иднина., социјални теми, Фрида се слика себеси, глетките од својот болен живот, децата кои ги губи во спонтаните абортуси, , дури и запишува после еден таков слом дека „и нејзиниот живот е само спонтан абортус, а уметноста е раѓање“.Диего влијаел на Фрида и во политичка смисла, како посветен комунист. Двајцата се дружат со Троцки кој живее во Мексико. А еден период и кратко живее во нивниот дом и станува љубовник на Фрида. После убиството на Лав Троцки, Фрида се свртува против него, тврдејќи дека дури и ја украл додека живеел кај нив. Бисексуалната Фрида имала врски со жени кои Диего ги толерирал, и со мажи кои го излудувале. И тој исто така бегал во многубројни афери, меѓу кои и со сестрата на Фрида. Парот се развел во 1939., ама веќе следната 1940 повторно ќе се венчаат.
Фрида и Диего
Од денот на несреќата до крајот на животот Фрида Кало поднела 32 операции, болката почнала да ја ублажува со алкохол и дрога, ногата и е ампутирана заради гангрена, а деца не можела да има губејќи ги зачнати во спонтани абортуси.
Во текот на животот имала само една изложба во Мексико, во пролетта 1953 година. Во тоа време здравствената состојба и била многу лоша, па лекарите и препорачале да не оди на изложбата. Неколку мига откако на гостите им било допуштено да влезат, се слушнале сирени и масата се вознемирила. Надвор стоело амбулантно возило, во придружба со мотори. Од возилото ја извадила Фрида на носилки и ја сместиле на кревет среде галеријата, од каде цела вечер ги забавувала гостите, се шегувала и позирала на фотографите. Оваа изложба доживеала огромен успех.
„Моите слики се најискрениот израз на моето битие“, ќе рече Фрида.
Таа иста година, на Фрида и е ампутирана ногата и станува многу депресивна и склона кон самоубиство. Неколку пати се обидела да се убие. Станувала и се поболна. Тогаш, во 1954 година, со воспалени бели дробови отишла на комунистички марш. Четири дена подоцна умрела, на 13 јули 1954., на 47годишна возраст. На сликата на која се насликала себе со ампутирана нога напишала: „Што ќе ми е нога кога можам да полетам“. Диего Ривера ја испратил последен пат а подоцна во својата автобиографија ќе запише дека денот на смртта на Фрида Кало е најтрагичниот ден во неговиот живот. Урната со правот од Фрида стои под огледалото во нејзината „сина куќа“ која денес е нејзин музеј.
http://www.makmoda.com/ikona-na-stilot-frida-kalo/
Зачин: