Колку би чинела изградбата на Ентерпрајз?

  • Креатор на темата Креатор на темата G e G o
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.073
Возраст
41
Локација
кај дримон
Веб-сајт
www.facebook.com
Многу фанови на серијалот „Star Trek“ сигурно се запрашале дали би била можна изградбата на вселенскиот брод „Enterprise“ – можно е, но по цена која го преминува здравиот разум.
16173719375198fb7aedc21031558621_orig.jpg

Иако е невозможно да се размислува за сите футуристички работи кои ги поседува Ентерпрајз, како штитови, ворп погон и телепортации, и доколку се држиме до она што ни е достапно, би било можно да се изгради нешто најблиско до Ентерпрајз.
Вселенскиот брод е долг 725,35 метри, висок 190 метри, додека дијаметарот на чинијата на врвот изнесува 304 метри – секако, во прашање се димензии на последниот брод кој може да се види во најновиот „Star Trek“ филм .
Во филмот Ентерпрајз е правен во Ајова, САД, а доколку денес би го правеле на Земјата, процесот би можел да биде сличен на процесот на изградба на Меѓународната вселенска станица, што значи дека Ентерпрајз би се градел од делови кои потоа би биле составувани во вселената.
За да се изведе сето ова, би било потребно да се издвојат 468,4 милијарди долари и тоа е цена која не ја вклучува изработката.
Иако наизглед се во прашање многу нули, буџетот за одбрана во САД изнесува 3,803 трилиони долари, така што парите не се најголем проблем.
Меѓутоа, кога би се нашол во вселената, тоа би било само половина битка, всушност и помалку од тоа бидејќи Ентерпрајз не би имал од што да се брани.
Кога се во прашање фотонските торпеда, тоа нам не ни е на располагање, но достапни се тактичните нуклеарни ракети. Една од опциите би била балистичката ракета „UGM-133 Trident II“.
Прилично е нејасно колку торпеда носел Ентерпрајз, но „USS Voyager“ на себе имал 38, иако бил дизајниран исклучиво за научни цели, така што овој брод може да се земе како минимална потреба.
Секоја Тридент ракета чини 30,9 милиони, така што 38 „фотонски торпеда“ со транспорт во вселената би чинеле 6 076 200 000 долари.
И секако, Ентерпрајз не би бил Ентерпрајз без ласери, поточно дури шест. На сета среќа, морнарицата на САД поседува ласери кои би можеле да претставуваат соодветна замена.
Овој ласер систем би чинел 90 милиони долари.
На бродот секако му треба и екипаж.
Доколку ја погледнеме листата на познати членови на екипажот, тоа би значело дека на Ентерпрајз би требало да има минимум 11 лица. За среќа, НАСА и Русија објавиле колку чини обуката и испраќањето на астронаути во вселената – 70,7 милиони долари. Доколку кадетите однапред знаат да ја извршуваат својата работа и им е потребен само вселенски тренинг, екипажот на Ентерпрајз би чинел 777 700 000 долари.
 
Замисли свет каде Ентерпрајз, Death Star, Imperial Star Destroyer-ите..... се реални!
Е во тој свет сакам да живеам :cool:
 
Супер, уште сеуште непостоечкиот ворп погон да се израчуна колку би чинел и дa се даде под концесија пола планетарен систем за едно пуштање нитро - ворп 1 на бродов :)
 
А Македонија колку чини. Колку Ентерпрајза.
Еве дека не е шала. Ние обични луѓе и не знаеме колку чини 1-2 или 10 трилиони.
Или вака полесно колку чини пивара или рафинерја наспрема тој Ентерпрајз.
А може и вака изразено во кв километри или хектари земјиште.
Или дај споредба со нешто друго.
 
Претвори го ова во лавови и статуи , во таа единица најсленсо пресметуваме.
Какви лавови или статуи што ти е на тебе :D Претвори го во жални врби. Колку за потсетување 1 Жална врба = 250.000 евра. Барем така беше кога последен пат проверив курсна листа :pos:
 
Пола од нас не знаат колку нули еден трилион има ќе сме граделе ентерпрајз:eek:

П.С Да се надоврзам на кајганџијата погоре ако му се стави етикета статуа на Ентерпрајз до 2014 од владава наша ќе го изградат :P
 
Со два купени Ентерпрајзи третиот гратис :icon_lol:
 
Какви лавови или статуи што ти е на тебе :D Претвори го во жални врби. Колку за потсетување 1 Жална врба = 250.000 евра. Барем така беше кога последен пат проверив курсна листа :pos:


Многу жална таа бе 250 000 eвра :D Да не е италијанска ? Мора да е италијанска чим е толку скапа , кај нас жалните врби не вредат толку , башка кинески се :)
 
3Д принтери постојат веќе и за храна, па може да е замена за репликаторите, ако идеме сеа на замена сегашна со некои од работите. Но сепак, без јадрото со темна материја - не правиме ништо...
 
Дечки темава ја отворам со цел да сватите дека изградбата на ентерпрајз ( или нешто слично ) е возможна , спречена е од политички,финансиски и други фактори .... парите што одат за да се испоубиеме меѓусебе можат на некој ваков проект да бидат трошени а околу оваа тема и со години се дискутира па си реков редно е и кај нас да отворам веква тема. Имате сајт каде што можете подетално да се запознаете а не да правите непотребни компараци
http://www.buildtheenterprise.org/
--- надополнето: 21 јуни 2013 во 12:02 ---
или

 
Дечки темава ја отворам со цел да сватите дека изградбата на ентерпрајз ( или нешто слично ) е возможна , спречена е од политички,финансиски и други фактори .... парите што одат за да се испоубиеме меѓусебе можат на некој ваков проект да бидат трошени а околу оваа тема и со години се дискутира па си реков редно е и кај нас да отворам веква тема. Имате сајт каде што можете подетално да се запознаете а не да правите непотребни компараци
http://www.buildtheenterprise.org/


Познато е тоа. Едноставно, ако не се плаќаат пари во САД за религиозните групи и институции, НАСА ќе може да добие финансии за по 10 ровери на Марс годишно. Светов има финасии за многу повеќе, но едноставно не ги интересира вселената повеќе...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom