Скопје

Член од
16 ноември 2007
Мислења
3.641
Поени од реакции
3.266
Едно прашање :) Некој да ми кажи колку има од Американска амбасада (нова) до Правен/Филозофски факултет? :)
 
М

Мартин`

Гостин
Скопјани скарата за ништо не ви чини каква Седмица какви бакрачи за ништо не ја бива, исто и онаа Вили во Аеродром ако таму прават најдобри хамбургери тогаш дефинитивно вие не знаете што е убава скара во Велес од кај и да купиш е подобра од кај вас искрено, единствено бурекот во Специјал го бива...
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308

:pos: Мартине Мартине... Специјал и нема баш којзнае каков бурек. И не знам како тоа 500 илјади Скопјани оргазмираат на Вили (искрено ја сум пре за Седмица) а ти викаш не ги бива?
 
М

Мартин`

Гостин
:pos: Мартине Мартине... Специјал и нема баш којзнае каков бурек. И не знам како тоа 500 илјади Скопјани оргазмираат на Вили (искрено ја сум пре за Седмица) а ти викаш не ги бива?
Епа незнам јас имам слушнато за Специјал и бурекот реално беше добар ама скарата тапа Седмица не е којзнае што а во темава ја фалите ко да е најдобра во Македонија, и ова Вили незнам ми го препорачаа демек убав хамбургер и чекав 20-тина минути да земам гужва колку сакаш викам ова сигурно е добро кога пробав плескавицата кога ќе ја гризнеш како гума :icon_lol:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Епа незнам јас имам слушнато за Специјал и бурекот реално беше добар ама скарата тапа Седмица не е којзнае што а во темава ја фалите ко да е најдобра во Македонија, и ова Вили незнам ми го препорачаа демек убав хамбургер и чекав 20-тина минути да земам гужва колку сакаш викам ова сигурно е добро кога пробав плескавицата кога ќе ја гризнеш како гума :icon_lol:
Абе на сите плескавиците со пире на мама им се најубави, ја тоа го разбирам, ама коа цел свет вика топ е, треба да речеш мене не ми се свиѓа, а не не ги бива. Пошто ако не ги биваше немаше сите да идат таму. Така ли е?
 
LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Абе на сите плескавиците со пире на мама им се најубави, ја тоа го разбирам, ама коа цел свет вика топ е, треба да речеш мене не ми се свиѓа, а не не ги бива. Пошто ако не ги биваше немаше сите да идат таму. Така ли е?
Тогаш Мек Доналдс е најдобар !!! (но тој кај Веро 2, во Тафта, поблиску ми е )
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
Скопје - ТИ ФАЛИ ОВААААААААААА, а не е Бог знај што и невозможно- само воља од граѓаните и ЗАБАВА
 
H

HITCH

Гостин
Скопјани скарата за ништо не ви чини каква Седмица какви бакрачи за ништо не ја бива, исто и онаа Вили во Аеродром ако таму прават најдобри хамбургери тогаш дефинитивно вие не знаете што е убава скара во Велес од кај и да купиш е подобра од кај вас искрено, единствено бурекот во Специјал го бива...
Сакаш бурек во Скопје? Тофи во Автокоманда. Лудило!
 
Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Скопје, грд љубовник.
Скопје, инспиратор.
Мисловен вибратор.
Одвратна паланка во која дишам, се мењам и најчесто...
Одам за да го гледам.
Настрана популацијата во него.
Скопје е убаво.
Само на сликите од 1954, а и во главите на илузионистите.

Има соништа и магли, снег што се претвора во повраќаници еден ден откако ќе падне.
Во лето испарува фекално.
Невиност и грев, се`во него е за да го доживуваш.
Поврзана и истовремено отуѓена.
Лебдачки простор е Скопје, затоа го љубам од петици.

Можеби само, би го напуштала понекогаш, за да му фалам.
Мене сигурно би ми фалел.
 
moni <3 real

ти никад нема да влезеш.
Член од
27 јуни 2009
Мислења
1.466
Поени од реакции
667
Какво такво наше си е и си го сакам Скопје.
Ми фали кога не сум тука.
Тоа е тоа...
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Четири компании во трка за уредување на автобуските постојки

Кераванос Атина, Вија Сигнал, Лазов Груп и М-6 се заинтересирани да инвестираат во стојалиштата, да ги уредат и да стопанисуваат со нив, а за возврат да го користат рекламниот простор

Една грчка компанија и три домашни фирми влегуваат во трка за уредување на автобуските постојки во Град Скопје. Кераванос Атина, Вија Сигнал, Лазов Груп и М-6 учествуваа на меѓународниот тендер што во јули годинава го објави ЈСП Скопје за избор на концесионер којшто е заинтересиран по принципот јавно-приватно партнерство - ЈПП да инвестира во стојалиштата, да ги уреди и да стопанисува со нив, а за возврат да го користи рекламниот простор. Комисијата што ги отвори понудите има задача во следниот период на направи евалуација и по принципот бодување да ја избере најприфатливата понуда. Најмногу поени, вкупно 35 носи, времетраењето на експлоатацијата (за помалку години се даваат повеќе бодови), по 30 бода носат рокот на изработка на постојките и идејното решение со дизајнот, а само 5 бода тежи понудата за месечен надомест што е подготвена фирмата да му го плати на ЈСП. Естетскиот изглед на постојките и за квалитетот на материјали којшто ќе биде употребен за изработка на настрешниците ќе го разгледуваат двајца архитекти. Најкус рок за стопанисување понуди Вија сигнал, на која ќе и бидат доволни само пет години ЈПП за да си ја поврати инвестицијата. Оваа фирма е согласна за три месеци, по добивањето на сите потребни дозволи, да ги уреди постојките и уште за концесијата да плаќа по 20 илјади евра годишно.
Лазов Груп, пак, е подготвен да инвестира нешто помалку од четири милиони евра во уредување на постојките и понуди три идејни решенија од кои едното има добиено прва награда за дизајн на светско ниво. Кое од трите ќе биде избрано, оставаат да избере ЈСП. Времето што им е потребно за инсталирање на конструкциите е од 4 до 6 месеци, а до 2012 би ги поставиле сигналните табли. Лазов груп ќе плаќа 6.000 евра годишно, а за возврат бараат концесионерство во рок од 25 години.
Грчката Керавнос понуди 18-годишно јавно-приватно партнерство и девет месеци рок за уредување на постојките кое би се реализирало во три фази. Керавнос за концесијата е подготвена да издвојува 4.500 евра годишно.
Понудата на М6 - Светлана д.о.о. важи за 10 години јавно-приватно партнерство, период во којшто се подготвени да плаќаат по 36.000 евра годишно. Тие нудат постојки од сопствено производство кои би ги инсталирале во рок од 12 месеци.
Директорот на ЈСП, Мишо Николов, којшто беше присутен на отаворањето на понудите истакна дека се надева дека уредувањето на стојалиштата ќе се реализира многу бргу, што за скопјани ќе значи чекор напред во подобрувањето на условите во јавниот сообраќај, а истовремено и подобрување на општиот имиџ на градов.
На автобуските станици, покрај стандардните елементи, треба да има и клупи, информативни табли, фонтани, киосци, различни штандови и друга опрема, во зависност од големината на станицата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom