Боеми - има или нема

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.137
Поени од реакции
25.678
Немој да бидеш престрог спрема себе си, чиста душа се станува со текот на времето.

:)

Може и да биде боем од тебе.

Од мене боем не бидува, премногу сум рационален и едноставен, повеќе верувам во моралност базирана на разумот, наместо во кукмјавчење и патетики, со кои се покриваат сопствените морални беди во животот.


Не знам зошто мислиш дека те рчкам, си дискутираме, како да сме во академијата на Платон. ;)

Тешка работа тоа, ги бројам парите, знам да калкулирам настани, безрезервно тешко проаѓа кај мене а сум богами и солидно злопамтило. Освен можда кога одам по биртиите и кафаните. Ама само тогаш во тие 2-3 (8-9-10 :)) саати кога сум таму. Пред и потоа важат други правила и процедури. Боемството не трпи привременост како што ни правиот анархизам не трпи анархо-викендаштво термин од кои многу се вреѓаат анархистите. Јас сум барем искрен дека сум од тој аспект боемовикендаш. Ама добар ти беше спинов преку фокусирањето на мене да направиш дискредитација на боемството, ама не знам колку очекуваше дека вака ќе ти одговорам.
Од тебе знам дека не бидува боем ни во обид. Моралност базирана на разум е мнооогу интересна работа. Еден од моите најдобри другари живееше долго време во Прага и мног пати го имаме разглабано начинот како тие размислуваат, функционираат и логиката по која се водат. Ако ти си како што опишуваш дека си, мислам дека добро ќе ти легне тој град и се посеверно од таму. Само не знам дали немаш ич ништо балканско во тебе за да не ти пречат многу работи таму кои што се сметаат ем за морални ем за разумни.
Боемството е начин на живот. Како ти се справуваш со ударите во животот нарочито кога се тешки за некој друг може да биде одраз на кукумјавчење и патетики. За мене нема нешто попатетично на пример од лошите обиди (добро 1 од 10 знаат да бидат добри) за хумор и тролање на Шабан. Не е интересен со шалите, истите 2-3 членови му ги бендисуваат и е досаден. Значи или не разбира дека е досаден со што си ја доведува во прашање својата интелигенција или знае а намерно го тупи што е патетика 100% како и оној со торес блог. Слично е и со атеистите во религија. Или мислат дека ќе ги конвертираат верниците, или го дрват истото ради его трип, голем ми е курот, у животот сум сингл и фрустриран, често маскиран под некои изјави како еден член-Јас ова го пишувам за неутралните на форумов да добијат подобра слика, ѓомити хуманирана работа извршува, што е такоџе ем патетично ем смешно. И сега кога и неутралните не припаруваат во тој форум и кога останаа 3-4ца орки, еден платен адвентист-протестант или што и да е, еден православен и 2-3ца секташи и секако Гурџиеф атеистите или не сфаќаат дека не се интересни (не бе топ е, има солидна дискусија) или сфаќаат ама фрустрациите не се излечени. И во двата случаеви се работи за 100% патетика како Бразилската фудбалска репрезентација да игра фудбал со првооделенци и тоа мртви озбилни.
Гледаш, секој си го одбира својот начин на патетика, која знае да биде дури и потешка, наспроти мислењето на поединците за сами себе дека ти се рационални битија кои не запаѓаат во патетика. Да, да, знам дека убав спин ќе направиш и од овој муабет, тоа си следи гратис :).
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Чекај бе Суси, каде замина. Не разбирам зошто инволвираш други членови од форумот во оваа дискусија. Тоа не е баш морално, освен се разбира ако не се работи за боемската моралност.

Мене друго ме интересира, бидејќи милуваш да плукаш по атеобудисти, луѓе кои го сакаат Фајт Клаб, Ла Кања, педери, атеисти, и еден куп други категории на луѓе, и тоа го правиш од аспект на човек кој нали го бара фенерот, кој го сака бардот Аца Лукас, значи ме интересира дали ти се чувствуваш поморален од тие луѓе, или генерално земено подобар човек?

Дали твојата боемска (или полубоемска ) моралност е повисок стадиум на постоење?

И една работа да ти кажам, ако некогаш во животот треба да изберам да се потпрам на Шабан со неговата комјутерска моралност, или на тебе со твојата боемска моралност, без размислување ќе го изберам Шабан. Ти размисли зошто и како...
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Боемот може да биде само отворено емотивен човек. Педери и во сексуална и во духовна конотација не можат да бидат боеми, како што неможат ни жените.

Поради се од горенаведеното за овие мажи треба жени од посебен и редок крој за да бидат покрај нив.

Многумина можат да се зансеуваат дека сакаат и дека имаат чисти души. Но ретко кој е боем.

Морам да реплицирам на ова...да, боем може да биде само емотивно отворен човек, и голем дел од боемите се такви. Исто така се и креативни луѓе (писатели, уметници, музичари) на кои боемството им е навистина инспирација за создавање.

Боем може да биде само креативен и емотивен човек, без оглед на тоа дали е маж, жена или геј (пак тука ми дискриминираш на полова основа како дедо Петар од МПЦ, што не е ОК). Една од најпознатите жени боеми е писателката Жорж Санд. Во операта La Boheme од Пучини главниот лик е боемка, а не боем. Сликарката Фрида Кало исто така имала боемски начин на живот и покрај нејзиниот брак со Диего Ривера. Прочитај малку за нивниот живот, не туку се истрчувај предвреме со неосновани генерализации на линија мажи/жени.
https://www.mtholyoke.edu/courses/rschwart/hist255-s01/boheme/women.html

Во однос на третиот став, се слагам дека ретко кој е боем. Не е боем некој кој се прави камен пијан по кафани, а нема ни тронка креативност која ете, извира од неговата боемштина. Да резимираме, за мене боем е Рембо, чија песна ја цитираше, но Станко кој се пукнал од пиење за викенд како компензација за напорната работна недела и иде дома мортус пијан кај жена си по дифолт нема никакво право да се нарече боем (освен ако не направи уметничка изложба или објави збирка поезија/раскази во меѓувреме:D) .

И да, боемството изумира, затоа што полека но сигурно изумираат и емоциите кај луѓето (се станува инстант и извештачено), а со тоа и креативноста, која е предуслов за боемштината.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.137
Поени од реакции
25.678
Чекај бе Суси, каде замина. Не разбирам зошто инволвираш други членови од форумот во оваа дискусија. Тоа не е баш морално, освен се разбира ако не се работи за боемската моралност.

Мене друго ме интересира, бидејќи милуваш да плукаш по атеобудисти, луѓе кои го сакаат Фајт Клаб, Ла Кања, педери, атеисти, и еден куп други категории на луѓе, и тоа го правиш од аспект на човек кој нали го бара фенерот, кој го сака бардот Аца Лукас, значи ме интересира дали ти се чувствуваш поморален од тие луѓе, или генерално земено подобар човек?

Дали твојата боемска (или полубоемска ) моралност е повискок стадиум на постоење?

И една работа да ти кажам, ако некогаш во животот треба да изберам да се потпрам на Шабан со неговата комјутерска моралност, или на тебе со твојата боемска моралност, без размислување ќе го изберам Шабан. Ти размисли зошто и како...

Не е морално де. Ти реков не бива боем од мене.

Не сфаќаш воопшто. И јас го сакам Фајт Клаб, а во Ла Кања бев завчера, само тоа работеше во чаршија а и друг пат имам одено без причина да не мислиш дека вадам изговори, бев со тројца многу добри другари и една другарка од кои двајца се декларираат како атеисти. Не е до кој ти е омилен филм, сексуална ориентација или (не)религиска определба туку што тие претставуваат и до профилот на човек. Јас познавам геј кој самиот ги вика овие упорно што плачат права, мрава, паради-педерчиња. Е како да не се смеам и да не го испоштувам. Мислиш ми значи дека е геј? Не. Но случајно или не, симптоматично или не, најголемите давежи, најголемите педери (во душа), најголемите замарачи, квазиинтелектуалци, луѓе кои намерно се чепкаат со послаби од нив за да си го мерат курот, најголемите идиоти и исфрустрирани го држат тој профил-(милитантни) атеисти, геј или прогеј сапортер, љубители на 80-ти постпанк, неретко и вегетарјанци, вегани и леви идеологисти (леви и во мозокот). Знаеш што е разлика меѓу атеист и атеобудист? Тоа што атеистот нема на кур да ми се качи како верниците се овци, да ми цитира контрадикторности во Талмудот како папагал и како он зборел со некој монах или Мики 1 и маста му ја извадил од аргументи. А меѓу педер и хомосексуалец? Тоа што хомосексуалецот нема на кур да ми се качи (хмммм:icon_lol:) за тоа колку дома него не го прифаќале, како немаат прават, биле малцинство и слично. Дали мислам дека мојата моралност ме прави подобар човек од таквите? Да! А богами и и со подобар вкус за музика оти попреценето нешто од постпанкот во кој се колнат Лакањаши нема. Али они нели се знаат, прогреснивните урбани деца на градот. Тие јас ги сматрам за куртони и гниди, и да, јас се сматрам за подобар (немој само молим те да ми навлегуваш и во релативизација на што значи подобар) човек од нив.
Слободно одбери го начинот на Шабан. Светот на Шабан е јапонско-германски, возовите се на време, шалтерите се без гужва, се автоматизирано, нема нефункционалности, а и да ги има тие брзо се корегираат. Само знаеш што? Јапонија има проблем со наталитет, самоубиства и одбивност на младите од секс. А во Германија кога ќе дојде петок и сабота навечер во градовите се случуваат такви сцени за кои ние простите, посиромашни и на понизок стадиум на развој Македонци сме англиска школа од викторијанско доба. Ти размисли зошто и како...
Ме претставуваш мене со некаква си боемска моралност, односно ме китиш со некоја си идеологија која ја немам. Тоа што јас ги опишувам боемите не значи дека сум ист како нив. Јас го користам и шабанскиот модел (кога треба некоја сериозна работа да се заврши по правила и процедури) кога и колку што мислам дека е потребно и боеммскиот модел кога што мислам дека е потребно (за време на викенди во кафана) и уште многу модели. Не давам ексклузивитет на еден начин на дејствување исклучувајќи ги сите други.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Но случајно или не, симптоматично или не, најголемите давежи, најголемите педери (во душа), најголемите замарачи, квазиинтелектуалци, луѓе кои намерно се чепкаат со послаби од нив за да си го мерат курот, најголемите идиоти и исфрустрирани го држат тој профил-(милитантни) атеисти, геј или прогеј сапортер, љубители на 80-ти постпанк, неретко и вегетарјанци, вегани и леви идеологисти (леви и во мозокот).
Јас пак, случајно или не, најголемите педери во душа, најисфрустрираните мали човечиња ги наоѓам во кругот на луѓе кои се декларираат како емотивци, во потраги по фенерот на животот, пиајаници неспособни да понесат одговорност за своите постапки, а тој педерлук и малодушност го затскриваат во фрази од типот, не разбираш ти, не си емотивец, не знаеш како е кога ќе се испијаниш, кога ќе се отвориш спрема светот со кафанско.

Таквиот тип на луѓе е неспосебен за вистински контакт со жена од крв и месо, и својата сексуална исфрустрираност ја кријат со патетики од заљубување во непостечки идеализирани жени. А најсмешно од се кога такви луѓе се удвараат, тоа е да се газиш од смеење. Немаат храброст да побараат тоа што телото им го сака. ;)
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.137
Поени од реакции
25.678
Јас пак, случајно или не, најголемите педери во душа, најисфрустрираните мали човечиња ги наоѓам во кругот на луѓе кои се декларираат како емотивци, во потраги по фенерот на животот, пиајаници неспособни да понесат одговорност за своите постапки, а тој педерлук и малодушност го затскриваат во фрази од типот, не разбираш ти, не си емотивец, не знаеш како е кога ќе се испијаниш, кога ќе се отвориш спрема светот со кафанско.

Таквиот тип на луѓе е неспосебен за вистински контакт со жена од крв и месо, и својата сексуална исфрустрираност ја кријат со патетики од заљубување во непостечки идеализирани жени. А најсмешно од се кога такви луѓе се удвараат, тоа е да се газиш од смеење. Немаат храброст да побараат тоа што телото им го сака. ;)

За на крај пак да дојдеме до тоа што го дискутиравме на почетокот а само моравме непотребно да го исфоилозофираме на темава а убаво ти кажав дека не мора а тоа е-Мислам дека Скандинавија убаво ќе ти паше. Мораше ли да го вртиме? Само ти кажав, на крајот од викендот се случува тоа што се случува. Запрашај се зошто.

Воопшто не се согласувам дека таквиот тип се неспособни за контакт со жена. Баш напротив, таквите дури и се склони кон швалерација и жени се лепат по нив баш поради тоа што се такви какви што се. Нормално на крај жените се заебаната странка и ќе плачат каков никаков бил тој (а тоа што она одбрала свесно никаков не се важи) ама тоа е веќе друга тема.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Воопшто не се согласувам дека таквиот тип се неспособни за контакт со жена. Баш напротив, таквите дури и се склони кон швалерација и жени се лепат по нив баш поради тоа што се такви какви што се. Нормално на крај жените се заебаната странка и ќе плачат каков никаков бил тој (а тоа што она одбрала свесно никаков не се важи) ама тоа е веќе друга тема.
Значи, и ебачи се, покрај боеми?

:icon_lol:

Нели беа емотивци во потрага по иделната љубов, по жената на нивните соништа, која ја сакаат до солзи, до крв бла,бла,бла...


Од друга страна, ги разбирам жените, што има попривлечно од поднапиен емотивец-интелектуалец, кој крши чаши на Аца Лукас?

:)

Вистината од друга страна е што таквиот тип на луѓе еднаш се заљубиле во животот, паднале во транс, па некој им ја дупел жената, па потоа пишувале епиграми против женскиот род, и идеализирале непостоечки жени.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
329
Поени од реакции
218
Боем е паметен, начитан човек кој го боли стапот за све и си го гледа кејфот.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
За на крај пак да дојдеме до тоа што го дискутиравме на почетокот а само моравме непотребно да го исфоилозофираме на темава а убаво ти кажав дека не мора а тоа е-Мислам дека Скандинавија убаво ќе ти паше. Мораше ли да го вртиме? Само ти кажав, на крајот од викендот се случува тоа што се случува. Запрашај се зошто.

Воопшто не се согласувам дека таквиот тип се неспособни за контакт со жена. Баш напротив, таквите дури и се склони кон швалерација и жени се лепат по нив баш поради тоа што се такви какви што се. Нормално на крај жените се заебаната странка и ќе плачат каков никаков бил тој (а тоа што она одбрала свесно никаков не се важи) ама тоа е веќе друга тема.
Ме замисли ова. Баш сега брзо имав прилика да прочитам еден краток расказ, каде што еден таков емотивец, со доста големо книшко искуство за животот се обидуваше да ќари една жена. Расказот е многу интересн, можам да ти го испратам ако сакаш да го прочиташ. Нешто налик на Вертер, само без самоубиство на крајот, затоа што овој за разлика од Вертер, никогаш не го обзнани својот интерес до крај.

На средината од дејствието веќе беше јасно дека нема ништо да падне, но тој реши до да ја одигра својата улога до крај. Многу е интересно. Да видиш какви далечни алузии, какви вртења одоколу, циркус. Малку беше тажно, малку смешно.

Го зачував расказот, за во случај еден ден ако имам син да му го покажам, и да му речам, сине, вака не.

:)

Се разбира, бидејќи се работи за книжевна фикција, можеби авторот слабо продрел во карактерот на ликовите, можеби ти сепак си во право дека емотивците се и ебачи.

Туку, да го баталиме муабетов, бидејќи сега сме скроз оф топик, и му ја упропастуваме темата на Анчо.
:)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Суси Фрида Кало велиш не била боем оти е жена? :)
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Ве читам, многу убаво пишувате иако се навраќам и пак читам,
за да разјаснам нешто кои се уствари правите боеми. Во една кафеана на една маса ако седат и пијат два писатели,еден уметник(со негувана брада) и еден новинар и сите се веќе наполнети со алкохол до гуша,тогаш меѓу нив треба да се бара некој боем,иако веќе не може ни до ВЦ сам да појди па се намокрил во гаѓи до колена.
На друга маса во истата кафеана седат и се поднапиле еден возач од ЈСП,еден молер,
еден поштар и еден стар бравар како мене.И имаат исто испиено како оние другине,ама тие се само КВ(работници) во кафанскиот еснаф,поточно тие се само пијаници.
Малку и се одговори на ова прашање:разликата помеѓу пијаница и боем.
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Суси Фрида Кало велиш не била боем оти е жена? :)
Не само Фрида Кало, да знае колку жени боеми има, за глава ќе се фати и нема да го спомне боемството до крајот на животот:icon_lol:.

Чисто илустративно, линк - упатство за мајки боеми
http://www.wikihow.com/Be-a-Bohemian-Mother

Цел моден стил:
https://en.wikipedia.org/wiki/Bohemian_style

Плус ова:
http://thatbohemiangirl.tumblr.com/

А еве ви и убав квиз, па самите проверете си дали и колку сте боеми во душа, без оглед на полот и/или сексуалната ориентација :)

http://www.gotoquiz.com/are_you_bohemian
 

Kajgana Shop

На врв Bottom