Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.641
Поени од реакции
31.863
Убав че биди денов. Го сејчавам. Нека намали Сонцево и сиктер да ме нема од креветов.
 
Член од
3 септември 2012
Мислења
127
Поени од реакции
117
Постои разлика меѓу моето прво членство кога под несреќни околности си го заборавив пасвордот и актуелново.
Тогаш живеев на друго место, водев нешто подруг живот, бев нешто помлад, а оваа рубрика како последно уточиште за најдлабоките чувства и размисли многу ме инспирираше. Сега ниту црпам, ниту имам инспирација да составам нешто.
Можам само да те поздравам, како гледачи кои се јавуваат во контактна емисија, а немаат прашање.
 

Epics™

Академски граѓанин
Член од
29 септември 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
3.891
Драга

Има денови, како овој денес, кога се ми иде од рака :D

Станав, и накај 9 се видов со девојката, можам да ти кажам дека самото нејзино присуство ми го разубавува цел ден, а посебно вака кога ќе ми почне неделата, мераци :D

Се вратив, одморив, учев, и сега се враќам од вежбање. Можам да ти кажам дека прегорев, почна да ми се темни пред очи, ама ако.
No pain, no gain !

 

Pinkie Pie

and Deedee
Член од
25 ноември 2009
Мислења
2.011
Поени од реакции
3.246
Има некоја логика во цртанине ...not.....
Али алал да му е на тие шо ги смислиле.....
 
Џ

ЏинЏер

Гостин
Кајгииии, што е со жештиниве? Нит се учи, нит се спие, за нешто поинтересно па да не праиме муабет ;) Во моментов се би дала за еден вентилатор.
Најново, станав експерт поправање/менување брави. Ако не ми успее со компјутериве, тоа ќе ми е идна професија.
Иначе,
Последните 10тина месеци со душа чекав да дојде 25ти јуни за да им искочи новиот албум, ама како што се наближува денот, се повеќе ми се чини дека по квалитет ќе е за нијанса послаб од претходните два албуми. Бар песните досега што искочија некако ми звучат како да почнаа да се повторуваат :( Се надевам дека пријатно ќе ме изненадат со остатокот од албумот.


П.С: Хромов почна да лапа меморија ко ненормален, жими се I am going back to IE o_O

П.П.С: Имам нова цимерка, 13та во мојот живот. И за првпат, 40+ годишна :) Конечно некој блиску до мојата возраст :)
Ајде бај бај :*
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Кајганче!
Се шизнав тоталка од изведувачиве на плоштад.
На почетокот тоа нивно "jump, jump, jump" ме нервираше, ме препотуваше. Сеа, после два саата слушајќи ги, хистерично се смеам кога и да го изговорат:icon_lol:. А некој ми влезе во соба, јас: "jump jump jump" и се корнам од смеење додека луѓево тивко се одвраќаат од нивните намери и ми затвараат врата:icon_lol:. Знаеш единствено кој пројде полошо од овие претходниве? - Тие со кои зборев на телефон (трескање зелени и неповрзани работи, 10минути смеење, па пак зелени и така у круг).
Ај се тешам, може не е до мене, може почнале да ставаат нешто во цедевитава :icon_lol:.
 

честа

Спор
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.033
Идеш ова, а у исто време глеаш ова, абе...


Инаку, на бербер бев денес, да скратам џунглава, ми нае дрвца внатре, што сум се бесел по дрва, ќе му заебев машинката.
Се осеќав ко у Њујорк инаку, у нигерско маало, па се вртат муабети, дедовци кажуваат смешки, некој попраа телефонот, некој збори за комшиката, ем шишање ем интересен провод.
 
Член од
21 септември 2011
Мислења
714
Поени од реакции
2.205
Мила ем Драга

Кога имаш во близина парк со липи кои сега цветаат забораваш дека преку ден било пеколно жешко...

Те опива мирисот на липите:love:

90209036_lipa_.jpg
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.592
Поени од реакции
6.959
Имам едно текстче за тебе мала, на кое случајно налетав сега на ФБ. Ме присети на финишот од минатата година и пребродената голгота. Браво за детето што ја искуцало - кратко и јасно. Иначе добро поминав денес на двата испити. Следуваат уште толку на кои (малце) повеќе ќе се испотиме. Step by step и се надевам дека се' ќе помине како треба .. :)

И се беше добро додека беше некаде надвор, опкружен со луѓето со кои порасна, луѓе кои ги сакаше, луѓе кои со живот зрачеа, со кои можеше да си ја отвори душата, можеше да пцуе, да пие, да се глупира, да мудрува, да мрачи, да биде се што бил, е и ќе биде и да биде прифатен како таков, никаков.

И многупати имаше слушнато како велат дека “сите патишта водат кон Рим”. Лажеа. Или беа излажани па само продолжуваа да ја пренесуваат понатаму искривената вистина. Вистината е дека сите патишта водат кон дома. Особено кога ќе се стемни. Тогаш почнуваа неговите проблеми. Опкружен само со тишината која гризеше и четирите ѕида кои го задушуваа, сфаќаше колку е непотполен без неа. Зјапаше во празната темнина која се испречуваше помеѓу неговите очи и таванот, обидувајќи се да го направи невозможното и во темнината го исклеса нејзиниот лик, нејзиното тело, а потоа го земе полека во своите раце и тивко, без никој да чуе ни знае, го смести до своето, да ја прегрне, бакне и и посака добра ноќ. Му недостигаше. Многу. Многу повеќе отколку што таа некогаш и со нешто тоа го заслужи..

Наеднаш се сепна. Престана со пишување. Ги тргна рацете полека од тастатурата и се насмевна. Таму и тогаш текстот заврши. Заврши и едно старо и започна едно сосема ново поглавје од неговиот живот..

P.S. Беше на неколку чекора пред сите, но на колена пред неа!
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Денеска се погодив на иста маса и имав чест да поразговарам со еден од поистакнатите членови на УМС на ВМРО ДПМНЕ кај мене во селото.
После такви средби секогаш правам листа на работи кои попрво би ги правел отколку да бидам во иста ситуација уште еднаш со ликот.

1. Бричење на гениталиии со кинеска машинка за стрижење на жива ограда од Хубо Маркет.
2.Целодневно читање на торес блог 9 и барање на постарка црнкиња за секс од мојот град преку јупорн.
3.Дискусија со радикален исламски евнух за убавините на постморталното уживање на 70 девици.
4.Целовечерно гледање на сите објавени епизоди од ЏИШ шоу, плус слушање на транскипција од редовни гледачи/ки од емисијата на Канал 5 Добро Утро Македонијо.
5. Слушање на новиот албум од Иги Поп и Стјуџис.
 
S

StormRage

Гостин
Се соочив со моите демони и веќе не им се плашам. Јас победив.
или ќе г победиш или ќе те обземат... трето нема :)



И уште еден пеколно топол долг ден, работа до 11ипол... А после долг ден, долг туш :D И да, конечно се осеќам прилично добро, исполнето. Цел ден муабет со некој кој што сакаш да збориш, со една преинтересна личност... И онака за момент низ целиот тој муабет ми скокна од некаде: What can hurt you if there is nothing in you... And what can you lose when you have nothing? Да да да, неам ништо, празен сум, но конечно среќен за промена, нов, доаѓа време кога ќе го наполнам сето тоа, или се ќе заврши за малку повеќе од 2 недели. Претходно некако бев соочен дека ништо страшно, а сега најдов цел за да останам тука. И да, ми е страв, по малку :)
Хм, како и да е, последниве два дена ама баш за ништо не ми е гајле, онака, боли ме рац, fuckyall расположение и закон ми е! Абе ич не ми е гајле кој шо правел или како тоа би се одразило на мене или штоидае. И да, животот е подобар кога не ти е гајле... Или ќе те грабнат демоните да те малтретираат одвнатре... или сепак и ова е уште еден демон кој го зеде мојот лик па направи друга личност?! незнам... како и да е, have a nice time, cos i know i'll have :D
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
Д.
како само се нервирам од луѓе што се пикуваат, што лижат гзови ауууууууууу :tapp::tapp:
не мораше баш сега да се изнервирам пред легнување :tapp:
абе ебете си матер сите газолижачи бе :mad: :mad:
се по список да ви.....
се скренав еј :mad::tapp:
сите само за себе гледаат и кај што имаат корист да се пикнат, да полижат газ некому.
газ продаваат за корист еј.
во стомаков почна нешто да ми се превртува, како оган да ми се запали :mad:
мајкта на сите по ред.......
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.921
Поени од реакции
11.298
Кајгано,
Чекам уште неколку саати да дојде "шефот" да ме смени и да го известам дека од 1ви Јули ќе им треба нов човек за третава смена, време е да се потсреди биоритамот, после речиси две години моето го завршив тука ;)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom