- Член од
- 5 септември 2007
- Мислења
- 3.848
- Поени од реакции
- 960
Наспроти тралалајќите на MIKI1, Светото Писмо недвосмислено објавува дека човекот може и разумски да дојде до сознанието дека Бог постои. Значи дури човек никогаш да не фатил Библија во рака, ниту да чул за Исус, Библијата вели дека човек може да осознае дека Бог постои, па дури и да дознае некои од Неговите атрибути (невидливи својства). Тоа го потврдува на пример светиот апостол Павле во писмото до христијаните во Рим:Имено, релацијата „Творец-творение„ е воспоставена така што Бог-Творецот му се објави „во живо„ на човекот-творението. Значи, имаме објава „од горе (од Небесата) кон долу (кон Земјата). Схоластичкиот обид е само пра-протестантизам и обид од творението да го озознае Бога во спротивната релација: „од долу (од Земјава) кон горе (кон Небесата)„. Така, схоластиката претставува потценување на Божјата објава и нејзино „симнување„ на од Бога објавена вистина, во која се верува, на од човекот изградено учење, во кое некој треба да поверува.
„Зашто Божјиот гнев се открива од небото на секоја безбожност и неправда на луѓето, кои со неправдата ја задржуваат вистината; зашто ним им е познато она што може да се знае за Бога; Бог им го јави тоа. Па и Неговите невидливи својства, Неговата вечна сила и Божеството, можат да се согледаат од создавањето на светот, набљудувани преку творбите. “ (Римјаните 1:18-20, Библијата)
Аргументот од Дизајн (како што го нарекува Аквински) или попознат како „Интелигентниот Дизајн“, а воедно и Космолошкиот аргумент се токму тоа што Павле го вели овде, осознавање на Бог и Неговата творечка моќ преку набљудување на творбите (созданието). Нешто слично читаме и во 19-от Псалм:
„Небесата ја раскажуваат Божјата слава, небесниот свод го навестува делото на Неговите раце. Денот на ден му го објавува тоа, а ноќта на ноќ и соопштува. Нема говор ни јазик, каде не ќе се чуе нивниот глас.“ (Псалм 19:1-2, Библијата)
Но познато е дека православизмот не се базира на Светото Писмо, па дури и во многу работи е спротивен на Светото Писмо, така што и покрај јасното учење на Библијата дека човекот може да стане свесен за Божјото постоење и преку набљудувањето и користење на разумот, тие и понатаму ќе лоботомираат дека не може да се дознае Бог преку користење на разумот, дека треба да го исклучиш разумот и да ги слушаш поповите тие да ти кажат што и како за Бог.
Јас сум личен пример, а верувам има и други на форумов што ќе посведочат дека станале свесни за Божјото постоење (почнале да веруваат во Бог) и пред да дознаат за Исус или пак фатиле Библија во рака, а да не збориме па за некоја светоотечка или црковна литература.