Крвав петок во Турција

  • Креатор на темата Креатор на темата .Sky.
  • Време на започнување Време на започнување
Турција да не беше членка на НАТО и голем сојузник на САД, и да немаше географска положба, денеска ќе беа како арапските земји..
 
Секој владател би посакал мнозинството луѓе во својата држава да се како Саламбо.
Необразован, неинтелегентен, неимформиран и со способност за критичко мислење близу 0та.

Сите овие погоре се исти како него. Ердоган на митинг да каже дека е Allah himself, малите Саламбовци ќе му поверуваат, и ќе почнат да му се клањаат во истиот момент.
Да беа малку, барем малку информирани и образовани, ќе знаеа дека секуларниот концепт на уредување е најголемата придобивка за општеството. Но за жал, не се.
 
Секој владател би посакал мнозинството луѓе во својата држава да се како Саламбо.
Необразован, неинтелегентен, неимформиран и со способност за критичко мислење близу 0та.

.

Мхх оти ова ми асоцира на нашава држава и сегашната ситуација.

Прекрстете се пред Св. икола..аминнннннннн

Тодор Александроов Зиг Хајл:vozbud:
 
Турција да не беше членка на НАТО и голем сојузник на САД, и да немаше географска положба, денеска ќе беа како арапските земји..

Komentarov e za prijavuvanje vo policija izbrisi go dodeka mozes !!!!
--- надополнето: 17 јуни 2013 во 03:22 ---
Ердоган ја тера накај арапски слуга, со тоа што ја подрива нејзината сила, а таа е во секуларистичкиот воен слој.

Имаше напишано долг пост за кој мислам дека јас не сум достоен се да објаснувам , затоа сакав да обрнам внимание на овој дел.
Тука си грешка ако мислеш дека Ердоган ја тера турција накај арапските земји , всушност голем број од протестантите се оние кои мислат дека Ердоган ја тера турција накај западните земји. Ова го мислам од прости причини како на пример.
-Турција која е членка на НАТО и има втора војска по големина (после американската) е истата таа војска која влегува во државите кои ги зафати арапската пролет . А најголем удел во Либија.
Турците се крвно поврзани со овие држави . Затоа мислам дека голем број протестанти се разочарани од овој потег.
Покрај протестантите кои протестираат од различни причини , голем број на протестанти се овие кои го имаат овој проблем.
Така да ако мислеш дека Турција оди во тој правец без да погледне наназад си грешка .
 
Ататурк ја спаси Турција.
Трулата турска монархија беше застарена во секој поглед (економски, технолошки, духовно). Пропаѓаше и гниеше.
.

Ционисту, па тоа ви смета вас. Турција го достигна она невозможното, кое никој не го очекуваше. Изградба на нуклеарни централи, изградба на најголемиот аеродром во светот, изградба на третиот најголем мост во светот, економски раст на кои може да им завидат сите земји во светот, анулирање на долгот кон ММФ, минимална плата од 500 евра. И тоа замисли, под раководство на исламистот Ердоган. Тоа ви смета вас, ционистите. Има апсолутна власт, економски Турција отиде пред многу европски земји....
 
Турската влада ако треба ќе ја активира и армијата

Турската влада соопшти дека може да ја активира армијата за да се стави крај речиси три неделните немири од страна на демонстрантите во Истанбул и во другите градови, јавува BBC.

Како што изјави вицепремиерот Булент Аринч за државната телевизија, владата ќе го користи „сите свои овластувања“, а ако е потребно и вооружените сили.

Ова е прв пат владејачката партија да ги најави своите намери за имплементирање на вооружените сили во расчистување на ситуацијата.

Прашањето е доста чувствително, бидејчи на армијата се гледа како бастион на секуларизмот.

Премиерот Реџеп Таип Ердоган пред стотиците илјади негови приврзаници на митингот во Истанбул вчера изјави дека демонстрантите биле изманипулирани од страна на „терористите“.

Синдикати повикаа на штрајк за да протестираат против полициска операција врз демонстрантите која уапси околу 500 лица.

Медицински извори јавуваат дека 5.000 лица биле повредени, а најмалку четворица се убиени во немирите.

Протестите почнаа на 28 мај против планот за реконструкција на паркот Гези во Истанбул, прераснаа во национална анти-владините протести.
http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=5&vest=4772


Турција предупредува дека ќе ја вклучи армијата против демонстрантите

http://mk.voanews.com/content/turkey/1683242.html
 
Интересен детал на вчерашниот митинг беше неспецифичниот изглед на Ердоган. Без сако и вратоврска, со подвиткани ракави, како да сакаше да прати порака дека се чувствува лежерно, како човек кој произлегол и лесно може да се претопи во народот и дека на таков начин нема да може да биде соборен.

606x341_228556_erdogan-defiant-at-istanbul-rally.jpg
 
Интересен детал на вчерашниот митинг беше неспецифичниот изглед на Ердоган. Без сако и вратоврска, со подвиткани ракави, како да сакаше да прати порака дека се чувствува лежерно, како човек кој произлегол и лесно може да се претопи во народот и дека на таков начин нема да може да биде соборен.

Народот веќе го препознава под псевдонимот - Курназ Ага.
 
Народот веќе го препознава под псевдонимот - Курназ Ага.

Турците викаат лошо е кога си ем фукара, ем курназ. Овој не е фукара, опасно го потценуваат 15 наназад. Сега ќе биде прилично тежок за соборување.
 
Турците викаат лошо е кога си ем фукара, ем курназ. Овој не е фукара, опасно го потценуваат 15 наназад. Сега ќе биде прилично тежок за соборување.

Мене искрено, ми делува како несоборлив. Идиотот Саламбо за едно во право беше, бројката на масата која излезе на протест, е незначителна. Премногу мала. А на Ердогановите митинзи може добро да се забележи бројот на неговите приврзаници.

И кога се на ова ќе се придодаде онаа муслиманската close mindedness...
И Јахве и Алах нека им се напомош.

Каква би била иднината на Турција ако Ердоган остане на власт и продолжи со истата политика ?
 
Сега господинот Ердоган сака да се прикаже како народен човек не како некој кој диктира насилство и злоупотреба на водените топови до степен да бидат смртни(п намалете неколку бари) или поточно сака да се оправда и да си ја исчисти совеста, но мене друго нешто тука ме фаќа на око, имено нема потреба од мешање на Армијата бидејќи полицијата е и те како способна за состојби од ваков тип, причината т.е заканата со употреба на армијата се однесува конкретно за Курдите кои тука гледаат каква таква прилика да добијат нешто.
 
Каква би била иднината на Турција ако Ердоган остане на власт и продолжи со истата политика ?

Турција ќе пробува да стане Отоманска империја, ама со меки методи. Далеку се од шеријат и освојување територии, ама можат да силуваат секуларност и да влијаат економски врз регионите што ги сметаат за дел од нивната сфера на интерес. Тоа што мене не ми се допаѓа се механизмите што Ердоган ги има на располагање за да влијае врз Македонија.
 
Тоа што мене не ми се допаѓа се механизмите што Ердоган ги има на располагање за да влијае врз Македонија.

На пример??

Досега Турција кон нас водеше и води принципиелна политика, а додека беше ембаргото од Грција Турција сама испрати 5 милиони Барели Нафта нормално ова беше под влијание и од САД кои исто така испраќаа Нафта и други основни средства без кои немаше да не биде(овде и Бугарија помогна и токму таа лекција не ја научивме дека Коридор 8 е од стратегиско значење за нас но ете 400 милиона отидоа за Бронза наместо гасификација на ТЕЦ Неготино, доградба на Коридорот модеррнизација на АРМ.... и најискрено криво ми е за тоа и отворено кажувам нема да ја поддржам оваа Влада на било кои избори(инаку на претседателски ги поддржав и на парламентарни исто но за што-за да ги амнестираа Злосторниците и се осетив ужасно ЗЛОУПОТРЕБЕН, а не сум партиски определен и гласам по програма ама...ништо), сега моментално тоа што му се Случи на Скопје со Ск2014 му се случува на Истанбул и тука нема ништо нејасно но барем се виде дека има интелегенција и критична маса која ќе каже НЕ ова НЕ Е ВО РЕД макар и да не успеат ќе останат забележани, затоа и ги поштувам Грците бидејќи настрана интелектуалците и анархистите застанаа на страна на народот кои вообичаено само цртаат графити и носат АААА и дискутираат како капитализмот не чини но овие во Грција презедоа акција колку за инфо и во Египет анархизмот зазема невиден замав ама таму..мхх ќе ги пукаат со вистинскли куршуми не со гумени како во Грција, оваа паралела помеѓу Истанбул и СК2014 мислам дека е оправдана од аспект што има огромна пара а се уништува со истата наместо да се создава или одржува нешто трајно.

Баш ме интересира твое мислење како Ердоган би влијаел врз Р.М бидејќи те сметам за еден од пообјективните членови на форумов кога е во прашање политика и еден од неколкуте ретки со кои може тоа да се дискутира.
--- надополнето: 17 јуни 2013 во 21:37 ---
Каква би била иднината на Турција ако Ердоган остане на власт и продолжи со истата политика ?

Вертер Турција е регионална сила и на балканот само една сила може да и парира а тоа е Грчката Армија, е сега во услови кога Сирија е во хаос, и Иран губи важен сојузник заканата кон Турција од тој дел се минимизира, значи време е да покаже заби и на ЕУ потенцирам да покаже заби кон ЕУ а не кон НАТО и како што знаеш за безбројните случаи со прекршување на грчкиот воздушен простор кои хронолошки зачестуват а тоа е опасна игра.
 
На пример??

Огромен број на нови турски невладини организации, инвестиции во разни сектори (Суташ е првата, според најавите, а Ердоган обично не најавува напразно, ќе има уште), банки со доминантно турски капитал кои и сега прават пазарно нелогични пласмани на пари, плус традиционалните врски на ИВЗ и традиционалното пријателство на Албанците и Торбешите со Турција.

Ако на тоа го додадеш фактот дека ние плачеме по свежи пари и дека над 50% од новородените се муслимани, Ердоган има секое право да ја стави Македонија високо во државите во кои има намера да проектира влијание. Само доколку им расипува пресметки на САД и/или Германија може да излеземе од турската прегратка.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom