Идиот убива куче во Битола

Член од
2 јуни 2013
Мислења
83
Поени од реакции
42
Болно какви се не смотани манијаци има извинете ама морам да речам мајка му во вреки да му ги собира коските.Жално и кучето има душа и то има срце како и сите.Ама некој немат ни жал :place:
 
Член од
9 мај 2013
Мислења
331
Поени од реакции
222
Не ми е јасно што во последниве години се крева толкав огромен публицитет ако некој убиел мачка или куче?
Кај нас во населба во 90-те години додека сеуште бевме сеуште деца се испотепаа безброј мачиња и кучиња и за тоа знаеја полно луге ама сепак никој не му посветуваше толкаво големо внимание на тоа.
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.072
Кај нас масакар да извршиш ќе добиеш награда "азил во друга држава" а за куче/маче нема ни судска постапка да биде иницијирана

Прво и основно немаме ниеден центар каде би се згрижиле кучињата скитници и колку што знам нема никакви закони за заштита на животните кај нас
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Ти можеш да правиш дистинкција помеѓу човек и животно ?
Да. Но, ако почнеме да ги убиваме кога ни „прдне“, тогаш ќе биде тешко да направиме некоја дисктинкција, нели?
 
Член од
9 мај 2013
Мислења
331
Поени од реакции
222
Кај нас масакар да извршиш ќе добиеш награда "азил во друга држава" а за куче/маче нема ни судска постапка да биде иницијирана

Прво и основно немаме ниеден центар каде би се згрижиле кучињата скитници и колку што знам нема никакви закони за заштита на животните кај нас
Мислам дека кај нас кучињата скитници ги згрижуваат во Вардариште. Не сум којзнае колку запознаен со проблемов ама знам дека во Скопје ги има ПРЕМНОГУ мачкиве и кучињава. Да ти е страв да се шеташ надвор од што има толку многу кучиња. Посебно страшни се оние големине.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Не ми е јасно што во последниве години се крева толкав огромен публицитет ако некој убиел мачка или куче?
Кај нас во населба во 90-те години додека сеуште бевме сеуште деца се испотепаа безброј мачиња и кучиња и за тоа знаеја полно луге ама сепак никој не му посветуваше толкаво големо внимание на тоа.
Тогаш немаше интернет, па информациите не патуваа толку брзо, а немаше ни видео снимки од грозоморниот чин. Имаше само тоа што ќе ни сервира националниот радио-телевизиски сервис.
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Да. Но, ако почнеме да ги убиваме кога ни „прдне“, тогаш ќе биде тешко да направиме некоја дисктинкција, нели?
Кисел не ме заебавај, паѓаат мисли за осакатување, убиство,да не набројувам се.
Во крајна линија КУЧЕ- ЧОВЕК ги сакам животните ама луѓето повеќе.
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.072
Мислам дека кај нас кучињата скитници ги згрижуваат во Вардариште. Не сум којзнае колку запознаен со проблемов ама знам дека во Скопје ги има ПРЕМНОГУ мачкиве и кучињава. Да ти е страв да се шеташ надвор од што има толку многу кучиња. Посебно страшни се оние големине.

За во Скопје не знам ама во западна Македонија нема ... имено не ми е јасно шо наеднаш сите почнаа да креваат паника и да бараат права за животните кога нема ниедна институција која би згрижила ..... до пред 10 години имаше известувања дека ќе има хајка и ги информираа на сите сопственици на кучиња да си ги врзат кучињата ..... сега градов е преполн со кучишта, некој чудни огромни мелези ко ќе ги видиш крвта да ти смрзнит а по принцип немам воопшто страв од кучиња
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Кисел не ме заебавај, паѓаат мисли за осакатување, убиство,да не набројувам се.
Во крајна линија КУЧЕ- ЧОВЕК ги сакам животните ама луѓето повеќе.
И јас исто. Ама не би фрлил куче од зграда. Ти?
 

Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Каде е логикава? ако отепаш човек, у затвор те праќаат а ако отепаш животно, ништо..
Еве мене пример ми сметаат ваквите луѓе шо немаат муда да го направат воа на некој поголем од нив...
Он имал нагон да го убие животинчево ради некоја (за него) добра причина.. јас од ова имам нагон да го направам мелено месо него.. ама мене ќе ме осудат и ќе ме наречат монструм и убиец и што уште не... а он утре ќе биде како и секој друг човек, слободен, неосуден....:mad:
 
Член од
9 мај 2013
Мислења
331
Поени од реакции
222
Тогаш немаше интернет, па информациите не патуваа толку брзо, а немаше ни видео снимки од грозоморниот чин. Имаше само тоа што ќе ни сервира националниот радио-телевизиски сервис.
Е да и тоа што викаш. Тогаш ретко кој имаше видео-камера а интернетот го имаше само во америка (раните 90-ти). Се прашувам дали народот ке реагираше исто како и сега доколку оваа технологија беше достапна и во 90-те?
Јас сум против убивање и насилство према животните ама сепак овој проблем со преголемиот број кучиња и мачки мора да се среди некако. Навистина премногу ги има.
--- надополнето: 17 јуни 2013 во 12:25 ---
И јас исто. Ама не би фрлил куче од зграда. Ти?
Кога ке се потсетам на моето детство тешко ми паѓа што и јас учествував во таа група на деца која фрлаше мачки и кучиња од 17-катниците. Се прашувам како сум можел да го правам тоа. Ах детски глуп памет.......:(
 
Член од
4 април 2006
Мислења
9.179
Поени од реакции
3.072
И јас исто. Ама не би фрлил куче од зграда. Ти?

А од кај сте толку сигурни дека кога се вратил дома не го нашол кучето пикнато в стан и лом му има напраено ? не е начин низ ппозор да го фрлиш ама во нервоза чоек чуда прави
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
И јас исто. Ама не би фрлил куче од зграда. Ти?
Незнам зависи од моментот, ако непадне,нанесе штета, направи некоја голема беља.Има моменти ми се иде и човек да џитнам од зграда не па куче се зависи од моменталната ситуација,ете јас можам да се исконтролирам човеков не можел и толку ти е. Од кај знаеш зошто и како е направено ова, нели како што куче не напаѓа не испровоцирано и без причина истото би требало да важи и за човеков.Значи морало да има нешто зашто го сторил тоа.
Каде е логикава? ако отепаш човек, у затвор те праќаат а ако отепаш животно, ништо..
Еве мене пример ми сметаат ваквите луѓе шо немаат муда да го направат воа на некој поголем од нив...
Он имал нагон да го убие животинчево ради некоја (за него) добра причина.. јас од ова имам нагон да го направам мелено месо него.. ама мене ќе ме осудат и ќе ме наречат монструм и убиец и што уште не... а он утре ќе биде како и секој друг човек, слободен, неосуден....:mad:
Не трескај глупости, секојдневно се убиваат животни : телиња,прасиња,пилиња да не набројувам не може животно да поистоветуваш со човек и тоа е крај.
Ти можеш само да си лечиш фрустрации и да имаш изливи на бес и насилство али нишо повеќе од тоа твоето мислење се множи со 0.
Ете јас те поканувам на ловечка хајка на почетокот од ловната сезона, дојди и на сите ловџии објасни им дека тоа што го прават е убиство одземи им ги пушките и стрелај ги на лице место.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Аман бре, можел да го отруе ко секој нормален чоек, неморало да го фрла од тараса.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom