Алтернативни горива за загревање

  • Креатор на темата Креатор на темата onak
  • Време на започнување Време на започнување
Ако проектот е евтин, во одредени месеци/денови обезбедува „бесплатна„ енергија, штеди електрична енергија и со тоа го намалува карбонскиот футпринт на домаќинството... тогаш се е ОК. Само треба да е јасно дека не е замена за греење, само дополна на тоа греење.
 
Како алтернативно гориво може да се користи нафта добиена од отпадна пластика (било каква).

Пред 1 година на еден познат енергетски форум најдов тема каде типот што ја отвори, даде јасни инструкции и детален план за конструкција на котел за производство на нафта од отпадна пластика. Печката е едноставна и се базира на фракциона дестилација (исто како казан за печење ракија)

Во гаража дома ја конструирав печката во мала верзија со помош на поголеми експресни тенџериња. Ја наполнив со отпадна пластика и фракцијата ја извршував со помош на плин (ова не е соодветно, потребно е температура од 400 степени која се постигнува со горивник, на добиениот производ од дестилацијата). Но сепак и со помош на плин добив дестилат во течна состојба, кој мирисаше на изгорена пластика но беше високо запаллив и многу лесно се палеше со упаљач.

Со помош на овој вид фракциона дестилација можете во домашни услови да произведувате чиста нафта и бензин. Кои не ги препорачувам за користење во понови возила но еден голф 3ка ќе работи без проблем. Многу луѓе на истиот форум изјавија дека го користат овој тип нафта за нивните возила, без проблем, со години.

Интересно е што единствен трошок за производство на овој тип нафта е собирање стара пластика, шишиња, пластика од коли и сл. А горивникот (стандард горивник за печки на нафта) за постигнување и одржување на температурата користи околу 20% од добиениот продукт од една тура. Така што од секоја тура добивате 80% дестилат спремен за било какво користење.

Овој тип производство на нафта бара дозвола затоа што има издувни гасови кои се штетни за околината но целиот систем монтиран во гаража, со еден филтер на оџакот нема да привлече ничиво внимание.

Еве ја целата тема каде ќе ги пронајдете сите потребни детали, тестирања, истражувања и сл.
http://www.energeticforum.com/renewable-energy/7040-how-turn-plastic-waste-into-diesel-fuel-cheaply.html
Некои од членовите јасно изјаснија дека според лабараториски анализи добиената нафта е со ист квалитет како онаа која се дистрибуира во светски рамки, но дека е потребно плус некој адитив за подобра работа на моторот.
 
http://www.energeticforum.com/renew...n-plastic-waste-into-diesel-fuel-cheaply.html
Некои од членовите јасно изјаснија дека според лабараториски анализи добиената нафта е со ист квалитет како онаа која се дистрибуира во светски рамки, но дека е потребно плус некој адитив за подобра работа на моторот.

Абе нема да привлечеш ничие внимание ама затоа ќе им ебеш матер и на комшии и на домашните дома.
 
Еколошкиот аспект е незанемарлив, ама ајде сепак да видиме и економскиот аспект на целата работа.
Онака без многу анализирање, првично гледам многу негативни аспекти, еве неколку:

1. Колку гас треба за топење на пластиката? Колку пари (во гас) кошта да направиш литар пласто-нафта?
2. Казан за ракија е скапа работа, башка заборави потоа варење на ракија во тој казан.
3. Колку отровни гасови ти и твоите ќе се наголтате? Од економска страна гледано, колку би коштале лечењата (скраја да е)?
4. Па побогу колку кошта времето што ќе го потрошиш собирајќи отпадна пластика по контенери и ѓубришта? (на страна заебанциите од комшиите)
5. Конкуренција ти се легија на Цигани, кои имаат повеќе време, мотивација, пријатели (за тепање конкуренција), дури и повеќе механизација (адаптирани точаци и мотори)... :)

Сепак браво за трудот и иницијативата, се ти е супер само идејата е погрешна (лично мое мислење).
 
Пластичните шишиња, во одпад се, откупуваат па 10 денари за килограм и се користат за повторно правење пластични шишиња.
Зошто, би ги преработувале, би им додавале адитиви и би ги користеле како гориво, при тоа загадувајќи ја околината, кога огревното дрво чини 5 денари за килограм и може да се користи без било какви преработки и подготовки?
 
Сепак темата е алтернативни горива за загревање а не како да го направиме светот позелен и еколошки почист.
Но во врска со пластичните шишиња од кои би добивале нафта која би ја користеле за загревање можам да се сложам дека е едноставно неисплатливо од економска гледна точка. Загадувањето барем тука на оваа тема не е фактор кој е земен во предвид, така да без безпотребни драматизирања како тоа било еколошки штетно и незнам какво. Збораме како да заштедме некој денар, а не како да го спасиме светот.
 
Исплатливо е затоа што за топење на пластиката се употребува околу 20% од истиот тип гориво кое се добива како прозивод.

Може да се балансира еколошки затоа што издувните гасови дополнително се согоруваат. И некој тресна глупост дека ќе им ебам матер на моите дома. Збориме за оџак луѓе кој е високо над нивото на движење, од кој по согорување на екстра издувните гасови ќе останува само јаглерод диоксид, моноксид и плус некои други видови гасови, кои се рамнат со издувните гасови на застава 101.

Пластиката можеш да ја набавиш многу евтино. Пластичните шишиња се алтернативна маса, затоа што за производство на овој тип гориво се преферира тврда пластика како браници од коли и сл. Ваквиот вид пластика кај нас не се рециклира и се гори по отпадите. Со ова можеш да им отвориш нова гранка на циганите и да ти носат стотици килограми пластика дневно. Значи пластика има колку сакаш!

Казанот за фракциона дестилација може да се конструира и по цена помала од 500 евра. Ова е проверено одкако го собрав трошокот за материјалите, работната рака + дигитализација за мерење на температурата.

Адитиви не се потребни доколку горивото се користи за греење или производство на електрична енергија (да, дизел агрегати работат одлично со овој тип гориво). Едноставни и лесно пристапни адитиви се потребни доколку горивото се употребува во понови дизел мотори (истите адитиви за биодизел гориво).

Погрешно е да пристапите на ваква идеа со таква одбивност и критика. Разгледајте ја детално и усовршете ја. На интернет ќе најдете илјадници луѓе кои прозиведуваат гориво на овој начин. Кинезите веќе продаваат машини за ваков тип производство, кои користат како гориво само 10% од добиениот производ. Но истите машини ги продаваат по цени од 80-90 илјади евра.
 
Пошто не ми се интересни климите( сега засега) но колку што сум во тек и колку што читам тука на форумот испаѓа дека секоја клима и онаа најобичната може да загрева се додека надворешната температура е над нулата, а дека и најскапите клими тука на пазарот на - 15 степени веќе им паѓа искористеноста. Сега да не навлегуваме во детали и разни типови на клими и разменувачи на топлина, ке заклучиме дека најбитен фактор од сето ова е температурата на воздухот околу надоврешната единица или испарувачот. Колку е таа поголема толку климата ке има подобра искористеност или подобро би топлела. И сега прашањето од милион долари е зошто наместо да давате по 1000 и кусур евра за некоја фенси клима која ке можи да загрева и на -20 степени, не вложите 1000 денари и не го стоплите воздухот околу климата на некоја пристојна температура. И под топлење не мислам на да се лажи термостатот со греач или таму некој финти туку едноставно да се зголеми температурата околу самата клима. Теоретски не гледам причина зошто не би функционирало. И не немислам да се загрева воздухот со греач туку со најобичен соларен загревач на воздух или како ли се вика. Имам постирано тука начин на изработка но секако на нет ке се најди, не е ништо посебно да се направи. Убавото во сето тоа е што треба температурата да се доведе до некој 7-8 степени ( а не до 24 ). Сега како тоа би се извело, дали топлиот воздух да се дува во самиот разменувач на надворешната единица или надворешната единица да биде ставена како во некое звоно или што знам јас смислете сами. Ако ништо друго вреди да се проба, не е којзнае колкава инвестиција или нешто што неможе да се направи дома.
 
Пошто не ми се интересни климите( сега засега) но колку што сум во тек и колку што читам тука на форумот испаѓа дека секоја клима и онаа најобичната може да загрева се додека надворешната температура е над нулата, а дека и најскапите клими тука на пазарот на - 15 степени веќе им паѓа искористеноста.
Oва не е точно ниту тероретски ниту практично. Јас имам три обични клими сите се различни типови. Во февруари 2012 работеа беспрекорно на минус 22.
Но треба да размислуваме за уште поефтино и подобро затоплување
Гледам огласи кај комшиите во Србијава нудат балирана слама - бали од околу 20 килограми по цена од едно евро. Дури нудат и превоз во таа цена
http://www.goglasi.com/search?q=prodajem slamu
Тоа значи дека цената на еден килограм слама би била
62 денари : 20 килограми = 3,1 денари за килограм.
Еден килограм сува слама содржи околу 4 KWh
Е сега треба да најдем добар и економичен начин да ја искористиме

Дали некој знае колку е цената на сламата кај нас?
 
Брате Смрт, ти ова "Алтернативни" ептен хард кор го сфаќаш! Само напрет!
 
Брате Смрт, ти ова "Алтернативни" ептен хард кор го сфаќаш! Само напрет!

A замисли да се направи градска или општинска Топлификација која ќе работи на слама..... Сите ќе се „ тепаат “ да се приклучат
Но ние живееме во време кога криминалците прават што сакаат
 
A замисли да се направи градска или општинска Топлификација која ќе работи на слама..... Сите ќе се „ тепаат “ да се приклучат
Но ние живееме во време кога криминалците прават што сакаат
Тачно! Цепајмо дрва уместо атома!
 
@NinaMiranda
Применлива технологија, е концепт кој значи паметно одбирање на постоечка технологија и нејзино унапредување, заради заштеда и намалување на штетните влијанија врз околината.
Што значи тоа за нас? Тажната вистина е дека енергија од дрва и фосилни горива се користи наголемо на планетава, и ќе се користи и во догледно време. Зошто тогаш да не се унапреди ефикасноста на согорувањето на овие енергенси (со што автоматски се добива намалување на загадувањето)?

Тоа на страна, ај сега искрено кажи дека во ваква банана држава навистина сакаш производство на нуклеарна енергија?
Како што се применуваат законите и прописите во државава, катастрофа не ни гине. Кога можеше на Јапанците да им се деси, тука 100% би се десило.

Гледам огласи кај комшиите во Србијава нудат балирана слама - бали од околу 20 килограми по цена од едно евро....
Е сега треба да најдем добар и економичен начин да ја искористиме...
Смрт за зони, сламата пошто брзо гори и брзо оддава топлина, за правилно да се искористи енергијата потребна е термална акумулација... поточно печки со доволно голема термална маса. Пишувавме за ова ,мислам и тука и на економично греење темата, решение се „ракетните„ печки или (нешто понеефикасни) „масонски„ печки.

На жалост во станови нема да можете да употребите печка со термална маса, барем не без да ја нарушите конструкциската стабилност. Но можно е да се употребуват без термална маса, ако изводот за издув во поголема должина се протега низ собата и на него некако се намонтираат некакви изменувачи (на пример, алуминиумски профили), во просторијата ќе остане поголемиот дел од топлината, и со тоа ќе добиеш евтино загревање... но тоа ќе бара ложење 24/7.

И мене ми интересира, се продава ли кај нас пресувана слама, и ако да, колку кошта?

Oва не е точно ниту тероретски ниту практично. Јас имам три обични клими сите се различни типови. Во февруари 2012 работеа беспрекорно на минус 22.
Хммм... „беспрекорно работеа„ е многу недефинирано кажано.
Не кажуваш колкав е станот, колку е грејниот волумен во метри кубни, колкава е јачината на 3те клими што ги имаш. Генерално обичните клими на ниски температури (иако искрено сум зачуден дека воопшто работат на -22с) се симнуваат на 1:1 (и поинску) однос потрошена струја наспрема добиена топлина. Ако ти е јачината на климите е доволно предимензионирана, ќе успеат да го загреат станот и на минус температури.

Ни треба потрошувачката на струја, наспроти добиената топлина, за утврдиме колку биле климите ефикасни. Но во секој случај, земајќи во обзир дека кај нас е благи климите и вообичано преку ден ретко е минусна температура... предимензионирани обични клими преку ден успеваат доволно да за заграт за навечер да не падне многу внатрешната температура (а навечер и онака вообичаено се спие).

Ова е секако подобро од панелки или други греалки на струја. Но инвестицијата за инвертор клими е пожелна, зошто секако би се вратила за неколку години. Е сега ако не можеш да си ја дозволиш таа инвестиција, тогаш претпоставувам дека и вака не е лошо.

... И сега прашањето од милион долари е зошто наместо да давате по 1000 и кусур евра за некоја фенси клима која ке можи да загрева и на -20 степени, не вложите 1000 денари и не го стоплите воздухот околу климата на некоја пристојна температура. И под топлење не мислам на да се лажи термостатот со греач или таму некој финти туку едноставно да се зголеми температурата околу самата клима. Теоретски не гледам причина зошто не би функционирало. И не немислам да се загрева воздухот со греач туку со најобичен соларен загревач на воздух или како ли се вика. Имам постирано тука начин на изработка но секако на нет ке се најди, не е ништо посебно да се направи. Убавото во сето тоа е што треба температурата да се доведе до некој 7-8 степени ( а не до 24 ). Сега како тоа би се извело, дали топлиот воздух да се дува во самиот разменувач на надворешната единица или надворешната единица да биде ставена како во некое звоно или што знам јас смислете сами. Ако ништо друго вреди да се проба, не е којзнае колкава инвестиција или нешто што неможе да се направи дома.

Ова не е лош концепт. Кај нас дури и во зима, денски често е сончево. Инаку ваљда најпрактично е надворешната единица да се смести во некој стаклен „аквариум„ низ кој би проаѓал довод и одвод на воздух загреан во некој алуминиумски панел од домашно производство. Такви панели прават и од лименки со одсечен врв и дно, но може и од алуминсиумски листови (како лим). Едноставно сонцето го загрева алуминиумот и со тоа и воздухот внатре. Најверојатно ќе мора активна вентилација, иако ако панелот е пониско од „аквариумот„ (со надворешната единица во него), вентилацијата може да и пасивна (термо-динамиката ќе го движи воздухот).

Секако зафатот нема да биде баш вака едноставен, треба да се земе во обзир колкав волумен на воздух „врти„ надворешната единица, за правилно да се димензионира алиминиумскиот панел (или повеќе панели во серија).
 
@NinaMiranda
Применлива технологија, е концепт кој значи паметно одбирање на постоечка технологија заради заштеда и намалување на штетните влијанија врз околината.
Што значи тоа за нас? Тажната вистина е дека енергија од дрва и фосилни горива се користи наголемо на планетава, и ќе се користи и во догледно време. Зошто тогаш да не се унапреди степенот на користење на овие енергенси (со што автоматски се добива намалување на загадувањето)?

Тоа на страна, ај сега искрено кажи дека во ваква банана држава навистина сакаш производство на нуклеарна енергија?
Како што се применуваат законите и прописите во државава, катастрофа не ни гине. Кога можеше на Јапанците да им се деси, тука 100% би се десило.
Како ќе го унапредиш степенот на користење на горива за топлина? Горивото има извесна енергија/единица маса и при согорување секогаш ќе ја добиеш истата енергија. Не само тоа, туку и ќе го добиеш секогаш истото загадување поради униформноста на состојките и примесите.

Можевме од Татарите да купиме дел од нивната нова нуклеарка и сега ќе немавме гајле. Ама не носи таквата инвестиција вработување за партиски лебари.
 
Тачно! Цепајмо дрва уместо атома!

E... какви сме ние... само за атоми....
Па погледни ќе праеле крст во Аеродром....
За нас и дрво е „ висока технологија “
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom