Cакам да ви напоменам дека Куранот не е научна енциклопедија, Куранот е книга на ЗНАЦИ, на ајети! Постојат преку шест илјади знаци, односно ајети, од кои преку илјада од нив зборуваат за науката. Има луѓе на кои им е доволен еден ајет. На некои луѓе потребни им се десет ајети за да ја прифатат вистината. На некои можеби им треба стотина, а има некои луѓе...
Во продолжението на текстот ќе зборуваме само за оние научни факти кои се научно потврдени, а нема да зборуваме за теории кои се засновани на предпоставки кои се преправаат и менуваат, ако запрашате некој астроном - како е формиран космосот, како настанал, тој ќе ви зборува за Теоријата на Големиот Бенг, дека космосот во почеток бил една целина па во делчиња од секунда се распарчил а тоа довело до формирање на галаксии, во рамките на кои настанале системи како што е нашиот Сончев систем и Земјата на која живееме.
Овој говор го започнав со цитирање на зборови од чесниот Куран, од сурата Ел Енбија, 30 ајет:
„Зарем не знаат неверниците дека небесата и Земјата беа една целина, па Ние ги распарчивме, и дека Ние од вода сe живо создаваме? Па зарем нема да веруваат?“
Вака Куранот со малку зборови кажува за теоријата на Биг Бенг. Замислите го споменал тоа уште пред 1400 години!
Во чесниот Куран, во сурата Фуссилет, поглавје 41. во 11 ајет се вели:
„Потоа кон небеските висини се насочи додека небото сe уште беше маглина, па нему и на Земјата им рече: „Појавете се, милум или силум!“ – „Се појавуваме со задоволство!“ – одговорија.“
Арапскиот збор кој овде се употребува е ДУХАН, ШТО ЗНАЧИ – дим, дека космосот пред да го добие овој облик бил посебен вид гас. Арапскиот звор духан што значи дим, е од научна гледна точка поисправен од зборот прашина.
Стивен Хокинс, многу познат научник, рекол: Најголемо откритие на столетието и фрла светлина на почетокот на создавањето на космосот и на теоријата на БИГ БЕНГ...
Порано луѓето верувале дека светот е рамен, па се плашеле да патуваат далеку, за да не паднат од Земјата.
Во сурата Лукман, поглавје 31, 29-ти ајет, Возвишениот вели:
„Зарем не гледаш дека Аллах ја воведува ноќта во денот и го воведува денот во ноќта!“
ВОВЕДУВАЊЕ е бавен и постепен процес, ноќта полека и постепено се менува во ден, а денот полека и постепено се менува во ноќ...
Овој феномен е можен само ако е Земјата округла, а не би бил можен ако Земјата е рамна... Да е рамна, овие промени би биле нагли.
Во сурата Ез Зумер, во 5. aјет, Возвишениот вели:
„Небесата и Земјата мудро и со цел ги создаде; Тој со ноќта го завиткува денот и со денот ја завиткува ноќта...“
Арапскиот збор кој е овде употребен е КЕВВЕРЕ. Како ќе обвиткате турбан околу главата? Ова обвиткување и завиткување на денот во ноќ и ноќта во ден единствено е можно ако Земјата е округла.
Понатаму во Куранот во сурата Ен Назиат поглавје 79. во 30.ajeт, Возвишениот вели:
„Потоа Земјата ја распростре!“
Арапскиот збор ДЕХАХА изворно доаѓа од зборот кој значи јајце, и тоа не било какво, туку неговото значење специјално се однесува на НОЕВО ЈАЈЦЕ! Денес ни е јасно дека Земјата не е потполно округла како топка, туку има елипсовиден облик – благо сплескана на половите и издолжена на екваторот. Ако го погледнете ноево јајце тоа има тому таков изглед одозгора благо сплескано а издолжено од страните. Значи, Куранот ни дава прецизен опис на елипсовидна Земја уште пред 1400 години!
До скоро верувавме дека Месечината има своја светлост. Дури неодамна е откриено дека Месечевата светлост всушност е рефлексија на светлоста на сонцето.
Во сурата Фуркан, во 61. ajeт Возвишениот вели:
„.Благословен нека е Тој што на небото големи ѕвезди создаде и на него Светилка даде и Месечина осветлена.“
Исто така, во сурата Јунус, во 5. ajeт, Возвишениот кажува:
„Тој Сонцето извор на светлината го направи, а Месечината сјајна!“
Сличен текст наоѓаме во сурата Нух, 15-16 ајет: „Зарем не гледате како Аллах седумте небеса, едно над друго, ги создаде, и на нив осветлена Месечина даде, а Сонцето светилка го направи?“
Арапскиот збор за Сонце е ШЕМС. Освен тоа, тоа во Куранот се опишува со зборовите СИРАЏ –ламба, ВЕХАЏ - се запламтил, сјаен или ДИЈА’- светлост, сјај... Mесечината на арапски се вика КАМЕР. Освен тоа во Куранот се опишува и со зборовите МУНИР – осветлен или НУР – рефлексија од светло... Никаде во Куранот Месечината не е опишана со зборовите сираџ, вехаџ или дија’ туку секогаш како мунир или нур т.е. оној кој рефлектира светло.
Во сурата Ет Тарик, во 3. ajeт, Возвишениот вели :
„Ѕвезда блескава...“Арапскиот збор неџм – значи ѕвезда, а нејзината светлост е опишана со зборот САКИБ, што значи – која се појавува па исчезнува. Некогаш Европејците верувале дека Земјата се наоѓа во центарот на космосот, а сите планети па и Сонцето се вртат околу Земјата. Тоа била таканаречената –теорија на ГЕОЦЕНТРИЗАМ. Таа теорија настанала 2 века пред новата ера и се сметала за точна цели 16 векови, се додека Коперник не рекол дека Земјата и останатите планети се вртат околу Сонцето. Подоцна, 1608 година Јоханес Каплар напишал во својата книга НОВА АСТРОНОМИЈА, дека не само што Земјата и останатите планети се вртат околу сонцето, туку дека се вртат и околу својата оска. Кога јас одев на училиште, учев за тоа дека планетите се вртат околу својата оска, но исто така учев дека Сонцето е неподвижно, дека не се врти околу својата оска.
Но, во сурата Ел Енбија, во 33. ajeт Возвишениот вели:
„И Тој е Тој што ги создаде ноќта и денот, и Сонцето и Месечината, и сите тие во вселената пловат.“
Арапскиот збор ЈЕСБЕХУН изведен е од зборот СЕБЕХ, кој означува тело во движење. Ако кажам дека некој човек е СЕБЕХА на земјата, не мислам дека тој човек се тркала, туку тоа значи дека тој оди или трча. Ако кажам дека некој човек СЕБЕХА во вода, тоа не значи дека тој се нурнал во вода туку дека тој плива.
Исто така, ако Возвишениот кажува ЈЕСБЕХУН за некое небеско тело, тоа не значи дека тоа тело лета туку значи дека се врти околу својата оска. Денес, како што е познато, можете да имате слика на сонцето на работната маса. Можеме да видиме дека на Сонцето има црни дамки. Потребни се 25 дена тие црни дамнки да ја комплетираат ротацијата. Тоа упатува на заклучокот дека на Сонцето му е потребно околу 25 дена да се сврти околу својата оска. Можете ли да замислите дека Куранот кажува за ротација на Сонцето и неговото движење уште пред 1400 години, а науката тоа дури денес го открива!
Во сурата Јасин, во 40 ајет Возвишениот вели:
„Ниту Сонцето може Месечината да ја стигне, ниту ноќта денот да го престигне, сите тие во вселената пловат.“
Што се мисли под Куранските зборови :„Сонцето неможе да ја стигне Месечината...“?
Некогаш се верувало дека орбитите на Сонцето и Месецот се еднакви. Но Куранот вели – НЕ! Орбитите на Сонцето и Месецот се различни. Нема ни збор за престигнување на едното на другото! А и Сонцето и Месечината, не само што ротираат, туку и пловат по космосот.
Во сурата Јасин, поглавје 36, ајет 38, Возвишениот вели:
„И Сонцето се движи до својата одредена граница...“
Денес научниците дошле до откритие дека Сонцето, заедно со планетите, се движи во космосот по специфична патека, а тој феномен е наречен - Соларен ефект. Се движи со брзина од околу 20 километри во секунда.
Слични пораки ни се упатени во сурата Ер Рад, поглавје 13, ајет 2: „...секој се движи до рокот одреден...“; во сурата Ел Фатир, поглавје 35, ајет 13: „...секој се движи до рокот одреден...“;во сурата Лукман, поглавје 31, ајет 29: „... секој се движи до одреден рок...“; како и во сурата Ез Зумер, поглавје 39, ајет 5 каде Возвишениот вели: „…Тој Сонцето и Месечината ги потчини, секој се движи до рокот одреден...“
Во сурата Ез Заријат, поглавје 51, ajет 47, Возвишениот вели:
„Ние небото со моќта Своја го создадовме, и Ние навистина го прошируваме.“
Арапскиот збор МУСИУН, значи ширење на просторот... еден познат научник дошол до едно откритие и вели дека космосот се шири, дека галаксиите се оддалечуваат едни од други. Тоа е она што Куранот го споменува уште пред 1400 години! Некои луѓе ќе речат “Ништо посебно тоа што Куранот зборува за астрономија, бидејќи Арапите ионака биле многу упатени во астрономија“.
Сакам само да напоменам дека поминале цели столетија по објавата на Куранот па дури потоа Арапите станале добри познавачи на астрономијата, бидејќи од Куранот го црпеле знаењето за астрономијата...
--- надополнето: 16 јуни 2013 во 14:01 ---