Научни чуда во Ку`ран

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
sto imate da mi kazete za ova naucno otkritie, koe vredese okolu 2 miliardi dollari? a vsusnost vo Kuranot go ima uste pred 1400 god.?
Ништо од тоа нема во куранот. Ајде посочи која сура и ајет тоа го пишува, бар нешто во врска со неа. Поголеми “научни откритија“ има во Пепелашка отколку во Куранот. Ајде конкеретно цитирај од Куранот, може и ти ќе научиш нешто.
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
„Небесата кои вие ги гледате Аллах без столбови ги крена, и тогаш над Аршот се возвиши, и Сонцето и Месечината ги потчини, секој се движи до рокот одреден; Тој управува со сe и детално ги изнесува доказите, за да се уверите дека пред Господарот свој ќе застанете.“ (Ер Рад, 13.2)
Аллах е Тој кој ги подигна небесата, како што гледате, без столбови. Потоа се утврди на Аршот. И ги потчини и Сонцето и Месечината. Сè тече до определен рок. Тој управува со наредбата и Тој потенко ги објаснува ајетите за да се уверите во средбата со Господарот ваш.
Што го држи небото?
Денеска научниците говорат за гравитационите сили кои ги држат небеските тела на одредени растојанија и спречуваат да дојде до меѓусебни судири. Како можеле да дојдат до вакви сознанија првите читатели на Куранот? Бог ни вели во Куранот дека Тој е Оној кој го подигнал Небото (55:7). И дека тој го држи да не падне на Земјата (22:65), но како тоа Бог го прави? Кога човекот би бил автор на Куранот, нему би му било многу лесно да го копира одговорот на ова прашање од Библијата. Меѓутоа, денеска никој на таков одговор не би му дал внимание, ниту би му верувал. Во новата американска Библија е нацртана слика, како авторите на Библијата го замислуваат светот. На таа слика небото потсетува на превртена чинија, која е потпрена со потпирачи. Земјата на таа слика е рамна и потпрена со потпори. Потоа, после подолг опис на таа слика уредниците на Библијата заклучуваат дека таа идеја е „преднаучен концепт на универзумот“. Во време кога Куранот е објавен секој лесно би можел да поверува во тој опис кој што можел да се најде во Библијата, но тоа во модерното време луѓето го знаат малку повеќе. Бог во Куранот вели дека Тој го создаде небото: (31:10). Повторно Бог вели во Куранот: (13:2). Овие 2 ајети го побиваат верувањето дека небото се држи на столбови кои го спречуваат да не падне на Земјата. Гравитацијата е универзална привлечна сила која делува помеѓу материите. Таа е најслаба позната сила во природата и затоа не игра никаква улога на внатрешните карактеристики на материјата. Но заради нејзината далекосежност и универзалност, таа сепак ја вообличува структурата и еволуцијата на ѕвездите, галаксиите и целата вселена. Траекториите на телата во Сончевиот систем се одредени со законот за гравитација, додека на Земјата сите тела имаат сила на гравитација пропорционална на нивната маса, која Земјината маса ја црпи на нив. Гравитацијата се мери со забрзувањето, кое го дава слободното тело кое што паѓа. На Земјината површина гравитационото забрзување е 9/8 м/с, така што за секоја секунда објектот кој што паѓа зголемувањето на неговата брзина изнесува 9/8 метри во секунда.

„Зошто не го погледнат небото над себе? – како го создадовме и го украсивме и како во него нема неред!“ (Каф, 50:6)

„Гледате како Тој ги создаде небесата без столбови…”(Лукман, 31:10)

„Аллах е Оној кој ги крена небесата, како што гледате, без столбови. Потоа се утврди на Аршот. И ги потчини и Сонцето и Месечината…”(Ер Рад, 13:2)
Овие два последни цитати го отфрлаат верувањето според кое небескиот свод не паѓа на Земјата само поради потпорните столбови.
“И Тој небото го крена… “(Рахман, 55:7)
– Поглавје 22, цитат 65:
“…И Тој го држи небото да не падне на земјата, освен, секако, со одобрението Негово… “(Хаџ, 22:65)
Се знае дека оддалеченоста на небеските маси на големи растојанија, пропорционални на големините на самите маси, претставува основа за нивната рамнотежа. Колку што се масите пооддалечени, толку се силите на привлечноста помеѓу нив послаби. Колку што се поблиски, толку повеќе дејствуваат една на друга: таков е случајот со Месечината, која е блиску до Земјата (астрономски гледано) според законот на привлечноста влијае врз морската вода, а оттаму доаѓа и феноменот на плимата. Ако две небески тела се приближат премногу, судирот е неизбежен. Гравитацијата или Земјината тежа е природниот феномен кој им дава тежина на предметите. Уште една дефиниција за гравитацијата е дека тоа е привлечна сила помеѓу две тела. Во секојдневниот живот, привлекувањето поради гравитацијата е резултат на постоењето на релативно големи тела, како што се Земјата и Месечината. Гравитацијата не само што предизвикува привлекување кон релативно големите тела, туку влијае и на површината на небесните објекти, предизвикувајќи плими, земјотреси, па дури и вулкански ерупции, како што е примерот со Ио – најблискиот сателит на Јупитер. Гравитацијата е единствената сила способна да предизвика формирање на планети, ѕвезди и галаксии. Таа е и причината поради која небесните тела се движат по предвидливи патеки.

Историјат
Поимите за гравитацијата за прв пат во науката ги вовел италијанскиот астроном Галилео Галилеј во 16-17 век. Со познатиот експеримент со фрлање на топчиња со различни тежини од Кулата во Пиза, докажал дека гравитацијата подеднакво ги забрзува предметите. Галилео докажал дека веројатно отпорот на воздухот, а не гравитационата сила како што претходно сметал Аристотел, е причината што полесните објекти побавно паѓаат.

Во 1687 година Исак Њутн заклучил дека гравитационата сила е правопропорционална со масите на телата, а обратно со квадратот од растојанието помеѓу центрите на телата, и тоа го потврдил со експеримент. Теоријата на Њутн доживеала голем успех кога преку неа било предвидено постоењето на Нептун врз основа на движењата на Уран, кои не можеле да се припишат на влијанието на другите тогаш познати небески тела.
Во 1915 година Ајнштајн во Општата теорија на релативноста ги припишал ефектите на гравитацијата на закривувањето време-простор, наместо на механичката сила. Според Општата теорија, слободното паѓање на едно тело е всушност инерцијално движење на објектот, во однос на статичниот набљудувач на земјата. Во Њутновата физика, вакво забрзување не може да настане, освен под дејство на механичка сила.
Ајнштајн предложил дека време-просторот е закривен од самата материја, и дека предметите при слободно паѓање всушност се движат по локално прави патеки во закривеното време-простор. Ајнштајн ги открил и равенките за полето на општата релативност, кои го поврзуваат присуството на материјата со закривеноста на време-простор. Равенките за поле на Ајнштајн се систем од 10 нелинеарни диференцијални равенки. Нивното решение се компонентите на геометријата на време-простор, и патеките на движење на инерцијалните објекти се пресметуваат од тука. Ајнштајновата теорија, иако попрецизна, е многу комплицирана; поради тоа во пракса сè уште многу почесто се користат Њутновите закони.
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.761
Поени од реакции
7.593
Allah e onoj koj nebesata gi podigna so stolbovi koi nemozete da gi vidite..(Rrad 2)
„Небесата кои вие ги гледате Аллах без столбови ги крена, и тогаш над Аршот се возвиши, и Сонцето и Месечината ги потчини, секој се движи до рокот одреден; Тој управува со сe и детално ги изнесува доказите, за да се уверите дека пред Господарот свој ќе застанете.“ (Ер Рад, 13.2)
Ова истиот Ер Рад е? Некој од вас треба да си купи нова копија од Куранот.
И дали може да биде споделено со нас обичните смртници кој е носителот на гравитацијата, се разбира како што е запишано во Куранот.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
„Гледате како Тој ги создаде небесата без столбови…”(Лукман, 31:10)

„Аллах е Оној кој ги крена небесата, како што гледате, без столбови. Потоа се утврди на Аршот. И ги потчини и Сонцето и Месечината…”(Ер Рад, 13:2)
Овие два последни цитати го отфрлаат верувањето според кое небескиот свод не паѓа на Земјата само поради потпорните столбови.
Wow какво откритие, Небото стои без столбови :D
Абе Бисеру, у времето кога е пишуван Куранот, нашироко бил познат Птоломеевиот геоцентричен модел на вселената - според кој Земјата е центар, а Сонцето, Месечината и другите ѕвезди се вртат околу неа. Птоломеј го промовирал овој модел 4 века пред да се роди Мухамед и тој бил нашироко познат.

Според геоцентричниот модел на Птоломеј постоеле седум сфери над Земјата низ кои се движеле Месечината, Меркур, Венера, Сонцето, Марс, Јупитер и Сатурн.

Нешто слично (ако не и исто) гледаме и во Куранот, со таа разлика што во Куранот седумте сфери се наречени „седум неба“.

"Не гледаш ли како Аллах создаде седум небеса едни над други? Меѓу нив тој Месечината ја одреди да биде светлина, а Сонцето светилка" (Сура 71:15-16, Кyран)

1. Гледаме дека и според геоцентричниот (погрешен) модел сферите се седум, и според Куранот небата се седум на број.

2. Гледаме дека и според геоцентричниот (погрешен) модел седумте сфери се едни над други, и сопред Куранскиот модел седумте небеса се едни над други.

3. Гледаме дека според геоцентричниот (погрешен) модел Сонцето и Месечината се наоѓаат меѓу тие седум сфери, а исто така и според Куранскиот модел Сонцето и Месечината се наоѓаат меѓу тие седум неба.

Ова го потврдува и следниов исламски хадис:

„Пророкот (Мухамед) одговорил: Али, има пет ѕвезди: Јупитер (al-birjis), Сатурн (zuhal), Меркyр (utarid), Марс (Bahram) и Венера (al-zuhrah). Овие пет ѕвезди изгреваат и се движат како сонцето и месечината, и се движат заедно со нив. Сите останати ѕвезди се обесени на небото како што светилките се обесени во џамијата.“
(al-Tabari vol.1 p.235-236)

Сепак има една разлика во Птоломеевиот геоцентричен модел и Куранскиот модел. А тоа е дека според Птоломеј, другите (безбројни) ѕвезди се наоѓале над тие седум сфери, додека според Куранскиот модел, ѕвездите се наоѓаат на најблиското небо т.е. тие се поблиску до нас и од Сонцето и Месечината.

„Ние, навистина, го разубавивме до вас најблиското небо со ѕвезден накит“ (Сура 37:6-8, Кyран)
 
Член од
28 август 2008
Мислења
2.321
Поени од реакции
538
Wow какво откритие, Небото стои без столбови :D
Абе Бисеру, у времето кога е пишуван Куранот, нашироко бил познат Птоломеевиот геоцентричен модел на вселената - според кој Земјата е центар, а Сонцето, Месечината и другите ѕвезди се вртат околу неа. Птоломеј го промовирал овој модел 4 века пред да се роди Мухамед и тој бил нашироко познат.
Zosto ova ne vazelo za Hristijanite i zaradi istava izjava naucnicite nareceni se za Eretici ?

Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
- „И Сонцето и месечината по утврдени патеки пловат,(Сонцето и Месечината по пресметка пловат.“ (Ер Рахман, 55:5)
Се чини дека Земјата после своето формирање добила многу прецизни упаства потребни за развој и за одржување живот на неа.
1. Кога Земјата би била малку помала од тоа што е сега, гравитацијата на неа би била многу послаба. Со тоа Земјата не би можела да ја задржи својата атмосфера, нити водената пареа, со што животот на неа би бил невозможен. Од друга страна кога животот на неа би бил поголем, на пример со големина на Сатурн или Јупитер, гравитацијата би била пресилна. Ова би предизвикало атмосферата на мала височина да биде погуста, што би резултирало со голем притисок. Ова исто така би го уништило животот на Земјата.
2. Кога Сонцето би било поблиску до Земјата (сега е околу 150 милиони километри) температурата на Земјата би била повисока, што би предизвикало испарување на морињата и на океаните и потполно уништување на животот. Кога Сонцето би било подалеку отколку што е од Земјата, таа би се замрзнала.
„И небото го воздигнал и поставил мерило.“ (Ер Рахман, 55/7)

„Ниту Сонцето може Месечината да стигне ниту ноќта денот да го престигне, сите тие во вселената пловат.“ (Јасин, 36:40)

Она што уште се наоѓа во Куранот во врска со ова прашање, се однесува особено на Сончевиот систем, но исто така има алузии и на феномените што го надминуваат самиот Сончев систем и кои се откриени во модерното време.
Два, мошне важни цитати се однесуваат на орбитите на Сонцето и на Месечината. Тоа се:
– Поглавје 21, ајет 33:
“И Тој ги создаде ноќта и денот, Сонцето и Месечината. И секое (од нив) се поместува по една патека на своето сопствено движење”.(Ел Енбија, 21:33)
– Поглавје 36, ајет 40:
“Ни Сонцето не треба да ја стигне Месечината, а ниту ноќта да дојде пред денот. И секое (од нив) се поместува по една патека на своето сопствено движење”.(Јасин, 36:40)
Така, јасно е назначен битен факт: постоење на орбита на Месечината и на Сонцето, а направена е алузија за поместување на овие тела во просторот со сопствено движење како што објаснивме претходно. Дури и повеќе, при читањето на овие ајети, се јавува еден факт од негативен вид: означено е дека Сонцето се поместува по една патека без какво и да е прецизирање за тоа каква е таа патека во однос на Земјата. Во времето на Објавата на Куранот се верувало дека Сонцето се движи, додека Земјата е цврста точка. Тоа бил геоцентричен систем, кој уживал углед од Птоломеј, и кој ќе биде уважуван сè до времето на Коперник во средниот век. Оваа концепција која, сепак, била прифатена во времето на Мухамед, саллаллаху алејхи ве селем, не се јавува никаде во Куранот, ниту овде, ниту, пак, на друго место.

- „Во создавањето на небесата и Земјата и во промената на денот и ноќта се, навистина, знаци за оние со разум обдарени;“ (Али Имран, 3:190)

Никола Коперник во далечниот XVI век ја пишувал “De revolutionibus orbium coelestium”. Во првата глава истакнал дека планетите рамномерно се движат по совршени кружници околу сончевата светилка. Насоката на движење на сите планети е спротивна од движењето на стрелките на часовникот. Но, совршените кружници биле само обична желба, како што покажало времето. Со новиот систем во кој Сонцето е центар, Коперник објаснил зошто надворешните планети (Марс, Јупитер, Сатурн, а од тоа време до денес познати и Уран, Нептун и Плутон) се чини дека се движат наназад кога брзата Земја ќе помине помеѓу нив. Така, на пример, додека Јупитер направи една полна заобиколка околу Сонцето, Земјата прави околу 12 полни кругови. И секогаш кога Земјата го претркува Јупитер, тој ни се чини како да се забавува во своето движење, па престанува да се движи по небескиот свод за да потоа и оди наназад, ретроградно, па потоа пак да се запре и пак да почне да се движи во насоката спротивна на движењето на стрелките на часовникот. Коперник бил предвесник на современата наука, кршејќи ги традицијата и догмата со силата на разумот и набљудувањата. Најважно од сè е дека Земјата се врти околу Сонцето како и другите планети.

Како што ја гледаме Венера од поспората Земја, линијата на погледот (т.е. таму на небото, во однос на ѕвездите, каде ја гледаме Венера) го свртува правецот на движењето: првин ротира обратно од стрелките на часовникот, а потоа (во четвртата и петата позиција) почнува дa се движи во нaсока на стрелките нa чaсовникот. Ова соодветствува на првото свртување во привидното движење. Подоцна (околу деветтата позиција) повторно почнува да се врти обратно од насоката на стрелките на часовникот, што е второ свртување. Истото објаснување важи и за надворешните планети, само што Земјата го зема местото на Венера, а надворешната планета местото на Земјата. Јохан Кеплер, германски астроном, познат ни е по неговите истражувања на законите за движењето на планетите. Првиот закон ни кажува за обликот на патеките или орбитите на планетите. Коперниковите кружници се заменети со елипси, издолжени или сплескани кружници. Сонцето, пак, не е во средина на елипсата, туку малку поместено кон едниот дел од елипсата. Точката во која се наоѓа Сонцето е еден од двата фокуса на елипсата. Движењето на планетите по овие геометриски фигури слични на кружниците, според Кеплер, не било рамномерно. Планетите се движеле побргу кога се поблизу до Сонцето, а побавно кога се пооддалечени од него. Тоа е малку поинаку пренесен вториот Кеплеров закон. Изведувањето на трите Кеплерови закони било резултат на тешките и макотрпни пресметки на самиот Кеплер, но најмногу на претходните долги опсервации на скептичниот Данец Тихо Брахе.
Земјата, на која ние живееме, се движи по таква затворена крива линија. Таа на ден 4-ти (или 5-ти) јули секоја година (кога кај нас во Македонија температурите знаат да бидат над 30 степени Целзиусови) е најдалеку од Сонцето, 152 087 572 км. На 4ти (или 5-ти) јануари (во најдлабоката зима на овие простори) Земјата е многу поблизу, на 147 097 496 км. Првата положба астрономите ја нарекуваат афел, а за втората, кога Земјата или друго тело се наоѓа најблизу до Сонцето, перихел. Разликата помеѓу оддалеченостите на овие две положби од нашето Сонце е огромна, приближно 5 милиони километри. Но, сепак, таа не е толку голема за ние со голо око да можеме да се увериме дека сончевиот диск на 4-ти јануари е поголем од оној на 4-ти јули. Радиусот на сончевиот диск зиме треба да ни изгледа 3% поголем отколку лете. Патем со голо око и не би требало да ја гледаме нашата најблиска ѕвезда. Секако дека кога Земјата е на помало растојание од Сонцето, таа прима и поголема количина светлина, но од друга страна Земјата многу побрзо ќе помине низ овој дел од нејзината елиптична патека (околу најблиската точка до Сонцето-перихел), па затоа нема некој значаен ефект по Земјината клима. Но, да ја разгледаме ситуацијата со најблиската планета до Сонцето, Меркур. Доколку оттаму го набљудуваме Сончевиот диск, тој би бил за еден и пол пат поголем кога Меркур ќе се најде во перихел, отколку во моментот на најголемата оддалеченост од нашата ѕвезда. Климата, односно промената на годишните времиња, е директна последица од наведнатоста на оската на ротација на Земјината топка во однос на рамнината во која се движи Земјата околу Сонцето (еклиптичка рамнина). Аголот на наклон е 23степени и 30 секунди. Ако се совпаѓаа оската на ротација и нормалата на еклиптиката (орбиталната рамнина), немаше да постојат различни годишни времиња. Таков е случајот со планетата Венера (аголот е 3 степени, т.е. речиси 0 степени) на која практично нема годишни времиња. Значи, иако сме најблизу до Сонцето, токму тогаш на северната полутопка е зима. Треба да се спомене и тоа дека зимата на северната полутопка започнува на 22-ри (или понекогаш на 21-ви) декември. На тој ден на Зимска рамноденица денот е најкраток, а ноќта најдолга, барем тука во Скопје. За оние во Сиднеј во овој ден Сонцето свети најдолго.
Во Куранот читаме:
- „И Тој ги создаде ноќта и денот, Сонцето и Месечината. И сè во вселената плови.“ (Ел-Енбија, 21:33)

Арапскиот збор користен во Куранот за (плови) е „језбехун“ што значи нешто што ротира, се движи, ротирачко тело околу својата замислена оска. Поимот на пловење се однесува на нешто што се движи заради генерираната сила во таа материја. Со тоа и движењето на пливачот, (материја) која плови, е правилно и елегантно. Самото Сонце се движи со неверојатна брзина од 720 000 км на час во орбитата наречена Солар(Сончев) Апекс , која е насочена кон ѕвездата Вега. Истата патека во еден ден која е долга околу 17 милиони км , заедно со Сонцето ја поминуваат и сите негов сателити и планети кои се наоѓаат во Сончевиот систем, меѓу кои и Земјата. Истото се случува со сите останати ѕвезди.
Овој цитат дава објаснување дека сè што е во вселената плови, дури и Сонцето. Фала му на Создателот, во науката во тоа време постоеле теории, а денес се работи за факти, со тоа што Куранот го изјавил пред 14 векови доаѓаме до заклучок дека научните вистини се во склад со Куранот, односно Куранот не противречи на научните факти и погледи на создавањето на вселената.
Забележете го последниот дел кој вели дека „сè“, а не само „двете“, што покажува дека освртот за Сонцето и Месечината е само симболика и дека за сите останати небесни тела важат истите правила на движење. Од ова е јасно дека Куранот изнесувал некои непознати работи за тоа време, додека истиве денеска се сосема разбирливи и јасни. Ова е она што се потврдува како вест кажана на Неговиот Пратеник:
- „Ете, тоа се дел од кажувањата за Невидливото кои, токму, Ние ти ги вдахнавме. Не ги знаевте ни ти ни народот твој, од порано. Па, стрпи се, зашто, навистина, наградата е конечна за богобојазливите!“ (Худ, 11:49)
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
доста спамаш аман ... кажи 2 реченици со твои зборови ... за копи паст пропаганда секој го бива ...
ќе почнам да ви ги бришам спамовиве да знаеш
 
Член од
21 мај 2012
Мислења
296
Поени од реакции
59
Cакам да ви напоменам дека Куранот не е научна енциклопедија, Куранот е книга на ЗНАЦИ, на ајети! Постојат преку шест илјади знаци, односно ајети, од кои преку илјада од нив зборуваат за науката. Има луѓе на кои им е доволен еден ајет. На некои луѓе потребни им се десет ајети за да ја прифатат вистината. На некои можеби им треба стотина, а има некои луѓе...
Во продолжението на текстот ќе зборуваме само за оние научни факти кои се научно потврдени, а нема да зборуваме за теории кои се засновани на предпоставки кои се преправаат и менуваат, ако запрашате некој астроном - како е формиран космосот, како настанал, тој ќе ви зборува за Теоријата на Големиот Бенг, дека космосот во почеток бил една целина па во делчиња од секунда се распарчил а тоа довело до формирање на галаксии, во рамките на кои настанале системи како што е нашиот Сончев систем и Земјата на која живееме.
Овој говор го започнав со цитирање на зборови од чесниот Куран, од сурата Ел Енбија, 30 ајет:
„Зарем не знаат неверниците дека небесата и Земјата беа една целина, па Ние ги распарчивме, и дека Ние од вода сe живо создаваме? Па зарем нема да веруваат?“
Вака Куранот со малку зборови кажува за теоријата на Биг Бенг. Замислите го споменал тоа уште пред 1400 години!
Во чесниот Куран, во сурата Фуссилет, поглавје 41. во 11 ајет се вели:
„Потоа кон небеските висини се насочи додека небото сe уште беше маглина, па нему и на Земјата им рече: „Појавете се, милум или силум!“ – „Се појавуваме со задоволство!“ – одговорија.“
Арапскиот збор кој овде се употребува е ДУХАН, ШТО ЗНАЧИ – дим, дека космосот пред да го добие овој облик бил посебен вид гас. Арапскиот звор духан што значи дим, е од научна гледна точка поисправен од зборот прашина.
Стивен Хокинс, многу познат научник, рекол: Најголемо откритие на столетието и фрла светлина на почетокот на создавањето на космосот и на теоријата на БИГ БЕНГ...
Порано луѓето верувале дека светот е рамен, па се плашеле да патуваат далеку, за да не паднат од Земјата.
Во сурата Лукман, поглавје 31, 29-ти ајет, Возвишениот вели:
„Зарем не гледаш дека Аллах ја воведува ноќта во денот и го воведува денот во ноќта!“
ВОВЕДУВАЊЕ е бавен и постепен процес, ноќта полека и постепено се менува во ден, а денот полека и постепено се менува во ноќ...
Овој феномен е можен само ако е Земјата округла, а не би бил можен ако Земјата е рамна... Да е рамна, овие промени би биле нагли.
Во сурата Ез Зумер, во 5. aјет, Возвишениот вели:
„Небесата и Земјата мудро и со цел ги создаде; Тој со ноќта го завиткува денот и со денот ја завиткува ноќта...“
Арапскиот збор кој е овде употребен е КЕВВЕРЕ. Како ќе обвиткате турбан околу главата? Ова обвиткување и завиткување на денот во ноќ и ноќта во ден единствено е можно ако Земјата е округла.
Понатаму во Куранот во сурата Ен Назиат поглавје 79. во 30.ajeт, Возвишениот вели:
„Потоа Земјата ја распростре!“
Арапскиот збор ДЕХАХА изворно доаѓа од зборот кој значи јајце, и тоа не било какво, туку неговото значење специјално се однесува на НОЕВО ЈАЈЦЕ! Денес ни е јасно дека Земјата не е потполно округла како топка, туку има елипсовиден облик – благо сплескана на половите и издолжена на екваторот. Ако го погледнете ноево јајце тоа има тому таков изглед одозгора благо сплескано а издолжено од страните. Значи, Куранот ни дава прецизен опис на елипсовидна Земја уште пред 1400 години!
До скоро верувавме дека Месечината има своја светлост. Дури неодамна е откриено дека Месечевата светлост всушност е рефлексија на светлоста на сонцето.
Во сурата Фуркан, во 61. ajeт Возвишениот вели:
„.Благословен нека е Тој што на небото големи ѕвезди создаде и на него Светилка даде и Месечина осветлена.“
Исто така, во сурата Јунус, во 5. ajeт, Возвишениот кажува:
„Тој Сонцето извор на светлината го направи, а Месечината сјајна!“
Сличен текст наоѓаме во сурата Нух, 15-16 ајет: „Зарем не гледате како Аллах седумте небеса, едно над друго, ги создаде, и на нив осветлена Месечина даде, а Сонцето светилка го направи?“
Арапскиот збор за Сонце е ШЕМС. Освен тоа, тоа во Куранот се опишува со зборовите СИРАЏ –ламба, ВЕХАЏ - се запламтил, сјаен или ДИЈА’- светлост, сјај... Mесечината на арапски се вика КАМЕР. Освен тоа во Куранот се опишува и со зборовите МУНИР – осветлен или НУР – рефлексија од светло... Никаде во Куранот Месечината не е опишана со зборовите сираџ, вехаџ или дија’ туку секогаш како мунир или нур т.е. оној кој рефлектира светло.
Во сурата Ет Тарик, во 3. ajeт, Возвишениот вели :
„Ѕвезда блескава...“Арапскиот збор неџм – значи ѕвезда, а нејзината светлост е опишана со зборот САКИБ, што значи – која се појавува па исчезнува. Некогаш Европејците верувале дека Земјата се наоѓа во центарот на космосот, а сите планети па и Сонцето се вртат околу Земјата. Тоа била таканаречената –теорија на ГЕОЦЕНТРИЗАМ. Таа теорија настанала 2 века пред новата ера и се сметала за точна цели 16 векови, се додека Коперник не рекол дека Земјата и останатите планети се вртат околу Сонцето. Подоцна, 1608 година Јоханес Каплар напишал во својата книга НОВА АСТРОНОМИЈА, дека не само што Земјата и останатите планети се вртат околу сонцето, туку дека се вртат и околу својата оска. Кога јас одев на училиште, учев за тоа дека планетите се вртат околу својата оска, но исто така учев дека Сонцето е неподвижно, дека не се врти околу својата оска.
Но, во сурата Ел Енбија, во 33. ajeт Возвишениот вели:
„И Тој е Тој што ги создаде ноќта и денот, и Сонцето и Месечината, и сите тие во вселената пловат.“
Арапскиот збор ЈЕСБЕХУН изведен е од зборот СЕБЕХ, кој означува тело во движење. Ако кажам дека некој човек е СЕБЕХА на земјата, не мислам дека тој човек се тркала, туку тоа значи дека тој оди или трча. Ако кажам дека некој човек СЕБЕХА во вода, тоа не значи дека тој се нурнал во вода туку дека тој плива.
Исто така, ако Возвишениот кажува ЈЕСБЕХУН за некое небеско тело, тоа не значи дека тоа тело лета туку значи дека се врти околу својата оска. Денес, како што е познато, можете да имате слика на сонцето на работната маса. Можеме да видиме дека на Сонцето има црни дамки. Потребни се 25 дена тие црни дамнки да ја комплетираат ротацијата. Тоа упатува на заклучокот дека на Сонцето му е потребно околу 25 дена да се сврти околу својата оска. Можете ли да замислите дека Куранот кажува за ротација на Сонцето и неговото движење уште пред 1400 години, а науката тоа дури денес го открива!
Во сурата Јасин, во 40 ајет Возвишениот вели:
„Ниту Сонцето може Месечината да ја стигне, ниту ноќта денот да го престигне, сите тие во вселената пловат.“
Што се мисли под Куранските зборови :„Сонцето неможе да ја стигне Месечината...“?
Некогаш се верувало дека орбитите на Сонцето и Месецот се еднакви. Но Куранот вели – НЕ! Орбитите на Сонцето и Месецот се различни. Нема ни збор за престигнување на едното на другото! А и Сонцето и Месечината, не само што ротираат, туку и пловат по космосот.
Во сурата Јасин, поглавје 36, ајет 38, Возвишениот вели:
„И Сонцето се движи до својата одредена граница...“
Денес научниците дошле до откритие дека Сонцето, заедно со планетите, се движи во космосот по специфична патека, а тој феномен е наречен - Соларен ефект. Се движи со брзина од околу 20 километри во секунда.
Слични пораки ни се упатени во сурата Ер Рад, поглавје 13, ајет 2: „...секој се движи до рокот одреден...“; во сурата Ел Фатир, поглавје 35, ајет 13: „...секој се движи до рокот одреден...“;во сурата Лукман, поглавје 31, ајет 29: „... секој се движи до одреден рок...“; како и во сурата Ез Зумер, поглавје 39, ајет 5 каде Возвишениот вели: „…Тој Сонцето и Месечината ги потчини, секој се движи до рокот одреден...“
Во сурата Ез Заријат, поглавје 51, ajет 47, Возвишениот вели:
„Ние небото со моќта Своја го создадовме, и Ние навистина го прошируваме.“
Арапскиот збор МУСИУН, значи ширење на просторот... еден познат научник дошол до едно откритие и вели дека космосот се шири, дека галаксиите се оддалечуваат едни од други. Тоа е она што Куранот го споменува уште пред 1400 години! Некои луѓе ќе речат “Ништо посебно тоа што Куранот зборува за астрономија, бидејќи Арапите ионака биле многу упатени во астрономија“.
Сакам само да напоменам дека поминале цели столетија по објавата на Куранот па дури потоа Арапите станале добри познавачи на астрономијата, бидејќи од Куранот го црпеле знаењето за астрономијата...
--- надополнето: 16 јуни 2013 во 14:01 ---
Cакам да ви напоменам дека Куранот не е научна енциклопедија, Куранот е книга на ЗНАЦИ, на ајети! Постојат преку шест илјади знаци, односно ајети, од кои преку илјада од нив зборуваат за науката. Има луѓе на кои им е доволен еден ајет. На некои луѓе потребни им се десет ајети за да ја прифатат вистината. На некои можеби им треба стотина, а има некои луѓе...
Во продолжението на текстот ќе зборуваме само за оние научни факти кои се научно потврдени, а нема да зборуваме за теории кои се засновани на предпоставки кои се преправаат и менуваат, ако запрашате некој астроном - како е формиран космосот, како настанал, тој ќе ви зборува за Теоријата на Големиот Бенг, дека космосот во почеток бил една целина па во делчиња од секунда се распарчил а тоа довело до формирање на галаксии, во рамките на кои настанале системи како што е нашиот Сончев систем и Земјата на која живееме.
Овој говор го започнав со цитирање на зборови од чесниот Куран, од сурата Ел Енбија, 30 ајет:
„Зарем не знаат неверниците дека небесата и Земјата беа една целина, па Ние ги распарчивме, и дека Ние од вода сe живо создаваме? Па зарем нема да веруваат?“
Вака Куранот со малку зборови кажува за теоријата на Биг Бенг. Замислите го споменал тоа уште пред 1400 години!
Во чесниот Куран, во сурата Фуссилет, поглавје 41. во 11 ајет се вели:
„Потоа кон небеските висини се насочи додека небото сe уште беше маглина, па нему и на Земјата им рече: „Појавете се, милум или силум!“ – „Се појавуваме со задоволство!“ – одговорија.“
Арапскиот збор кој овде се употребува е ДУХАН, ШТО ЗНАЧИ – дим, дека космосот пред да го добие овој облик бил посебен вид гас. Арапскиот звор духан што значи дим, е од научна гледна точка поисправен од зборот прашина.
Стивен Хокинс, многу познат научник, рекол: Најголемо откритие на столетието и фрла светлина на почетокот на создавањето на космосот и на теоријата на БИГ БЕНГ...
Порано луѓето верувале дека светот е рамен, па се плашеле да патуваат далеку, за да не паднат од Земјата.
Во сурата Лукман, поглавје 31, 29-ти ајет, Возвишениот вели:
„Зарем не гледаш дека Аллах ја воведува ноќта во денот и го воведува денот во ноќта!“
ВОВЕДУВАЊЕ е бавен и постепен процес, ноќта полека и постепено се менува во ден, а денот полека и постепено се менува во ноќ...
Овој феномен е можен само ако е Земјата округла, а не би бил можен ако Земјата е рамна... Да е рамна, овие промени би биле нагли.
Во сурата Ез Зумер, во 5. aјет, Возвишениот вели:
„Небесата и Земјата мудро и со цел ги создаде; Тој со ноќта го завиткува денот и со денот ја завиткува ноќта...“
Арапскиот збор кој е овде употребен е КЕВВЕРЕ. Како ќе обвиткате турбан околу главата? Ова обвиткување и завиткување на денот во ноќ и ноќта во ден единствено е можно ако Земјата е округла.
Понатаму во Куранот во сурата Ен Назиат поглавје 79. во 30.ajeт, Возвишениот вели:
„Потоа Земјата ја распростре!“
Арапскиот збор ДЕХАХА изворно доаѓа од зборот кој значи јајце, и тоа не било какво, туку неговото значење специјално се однесува на НОЕВО ЈАЈЦЕ! Денес ни е јасно дека Земјата не е потполно округла како топка, туку има елипсовиден облик – благо сплескана на половите и издолжена на екваторот. Ако го погледнете ноево јајце тоа има тому таков изглед одозгора благо сплескано а издолжено од страните. Значи, Куранот ни дава прецизен опис на елипсовидна Земја уште пред 1400 години!
Во сурата Ез Заријат, поглавје 51, ajет 47, Возвишениот вели:
„Ние небото со моќта Своја го создадовме, и Ние навистина го прошируваме.“
Арапскиот збор МУСИУН, значи ширење на просторот... еден познат научник дошол до едно откритие и вели дека космосот се шири, дека галаксиите се оддалечуваат едни од други. Тоа е она што Куранот го споменува уште пред 1400 години! Некои луѓе ќе речат “Ништо посебно тоа што Куранот зборува за астрономија, бидејќи Арапите ионака биле многу упатени во астрономија“.
Сакам само да напоменам дека поминале цели столетија по објавата на Куранот па дури потоа Арапите станале добри познавачи на астрономијата, бидејќи од Куранот го црпеле знаењето за астрономијата...
 
M

Muranyi

Гостин
До мене ли е,или навистина не постои никакво научно чудо во горе пишаниот текст?Не е споменато дека и ѕвездите се поблиску поставени до Земјата од Месечината,нели:)
Feelingly сето ова што си го пишал е дебанкирано стотина пати на форумов,прочитај ја темава од почеток.
 
Член од
1 јуни 2012
Мислења
277
Поени од реакции
31

Ај ако е можно копирајми го тоа каде во Куранот се спомнува дека ѕвездите се поблиску поставени до Земјата од Месечината?
 
M

Muranyi

Гостин
Ај ако е можно копирајми го тоа каде во Куранот се спомнува дека ѕвездите се поблиску поставени до Земјата од Месечината?
67:5,37:6.
Ете,научно чудо,според ајетите 37:6-37:8,е дека ѕвездите ги гонат и гаѓаат шејтаните,кога паѓаат.Само што денешната наука и тоа го нема откриено,дека ѕвездите паѓаат.Јас пак од навика,вака неписмен,желба си помислувам кога ќе видам ѕвезда кога паѓа.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ај ако е можно копирајми го тоа каде во Куранот се спомнува дека ѕвездите се поблиску поставени до Земјата од Месечината?
Сура 71:
15. Zar ne vidite kako je Allah sedam nebesa, jedno iznad drugog, stvorio,
16. i na njima Mjesec svjetlim dao, a Sunce svjetiljkom učinio?
Сура 37:
6. Mi smo nebo najbliže vama sjajnim zvijezdama okitili

Ако месечината, сонцето и ѕвездите се распоредени на седум "неба" тогаш дали тврдењето дека ѕвездите се на најблиското небо не е погрешна?
 
SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.862
Поени од реакции
4.811
Citajki gi prikaznive od brakata Grim pocinjam da gi svakam nekoi od clenovite i nivnite postovi.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom