- Член од
- 19 март 2011
- Мислења
- 18.984
- Поени од реакции
- 40.198
Знам што е темата само сакам да му дадам насоки ако сака да размисли подлабоко.
Во конзервативните средини, некој максимум што може да го постигне хомо заедницата е да го оствари правото на брак, или некоја врста на цивилна унија. Да не се лажеме, правото на посвојување на деца од страна на хомосексулаците е во доменот на научната фантастика.
--- надополнето: 15 јуни 2013 во 11:25 ---
Како треба човек да биде засегнат? Дали треба нешто да ми се случува во дневната соба па да бидам засегнат и да имам став за тоа? Лично не не засегаат многу работи ама нормално е да за истите имаме став и мислење. Лично мене а верувам и повекето, воопшто не ме засега што се случува во Сирија, Авганистан, Турција, Сомалија....... ама човечки е да имам мислење за тие случувања. Лично не ме засега и бесењето и убивањето на мачки од кретени но зарем не треба да имам став и мислење за таа работа...... Лично не ме засегаат и сите сексуални девиации и настраности ама имам право на став... Лично не ме засега и кој ке биде на власт ама имам право на мислење и глас! Лично не не засегаат многу работи ама имаме право на став.
Инаку, чисто процедурално, во име на логиката сакам да ти кажам дека примерите и аналогиите ти се крш.

За случувањата во Сирија, Авганистан, Турција, Сомалија, колку и да имаш став, не си повикан ништо да кажеш и не можеш апсолутно ништо да направиш.
За политиката, како мислиш не ти влијае на животот? Кога ќе ти ја кренат цената на струјата, тоа не ти влијае на животот?
Тие два примери ти се невалидни, и не се применливи на проблемот со хомо браковите. Во едниот не можеш ништо да направиш, во другиот ти влијае на животот.

Кај законот за брак на хомосексуалци, ем не ти влијае на животот, ем можеш нешто да направиш, на пример да не си против него.
Да живее логиката...


