Сакам за настанов да напишам, многу во политика отидовте......
Што била идејата со ќутењето до сега? Што ги спречува овие цивилизирани луѓе да излезат и да создадат еден ваков настан како вчерашниот? Залудно е ајде....знам.....Аго ќе го опне барокот јал-нејал.....ама пак - да сфатиш дека е останат нормален народ во Скопје, народ што сфаќа дека селото го надвјаса, градски луѓе што биле некаква надеж за нормален развој на градов.
Никој не ја бараше канцеларијата на Аго да му тегне завесе или да ја каменува, никој не викаше, не пцуеше........многу, многу поразлично од „верниците“ и нивното дивјаштво пред една недела.....
Се вратив касно ноќеска и како што ми кажа татко ми, по вестиве нешто слабо за протестов - што не се ни очекуваше......не иде уста испоганета и шупак растегнат како некој на Латас или Бурек да кажат некој добар збор за нас, затоа што да не има повеќе во земјава такви хиени како нив ќе бидат истребени, вон употреба.....
И како што кажа владиката Пимен пред некој ден - би сакал да пие кафе со тие за кои самиот сфатил дека не протестирале против црква, туку против градење на каков било објект....истите тие денеска си протестираа во името на одржување почит кон своите архитекти, нивните достигнувања во архитектурата, наследството од генерацијата што го врати во живот срушено Скопје и на крајот на краиштата во име на својата носталгија, нивните настани од детството, младоста.........живо чудо е што не беа донесени сендвич-хантери од провинцијата да ни „објаснат“ каков треба да функционира ГТЦ.....
Па кога можеа да се сетат на 1000 преживеани старци и со фантастично неверојатни 40 000 000 евра да им го вратат Стариот театар, може да се сетат на илјадниците нас кои имаме уште за живеење и да не потрошат ни денар (задолжување) за да остане ГТЦ таков каков што си бил.....или да се реновира и да блесне во сјајот кој го заслужува.....
На вакви гнаси кои Скопје им даде шанса да не останат да пасат овци би им порачал - Гоу фак јорселф у Кичево!
http://a1on.mk/wordpress/archives/165040
Сите други што бевте на протестот, ви честитам за тоа какви цивилизирани и паметни луѓе сте, што во ова време е достигнување!