Чудни македонски зборови

  • Креатор на темата Креатор на темата anaveno
  • Време на започнување Време на започнување
оти и и бугариве вела нјама,и србиве има имати па немати и други словенски народи.


Па делумно да.. но и делумно не.. :-))..

Во латинскиот јазик, т.е. старите Римски правници имале една изрека која вели nemo iudex sine actore, односно на денешен литературен македонски јазик тоа би се превело како „Нема судска постапка (парница) без тужба“. Така да значењето на зборот „Нема“ произлегува од таквата употерба на латинското зборче „Nemo“.. Исто и со зборот „Види“ (нели да запази, да согледа, да гледа)...

затоа ти велам.. за вакви работи треба чоек да ја следи етимологијата на зборот.. неговото потекло и начин на употреба... а лесно е да се каже дека овој збор е чисто македонски, чисто бугарски, чисто грчки и чисто српски....итн...
 
Во таа фраза и во латинскиот NEMO значи НИКОJ. Во латинскиот частицата за отрицание е NON, а не НЕ. Освен тоа става прашанье за збор со нострадическо потекло. Вероjатно во сите индоевропејски јаазици ја има частицата за отрицание НЕ/НЕТ/НОН/НО и т.н.
 
Крепост - тврдина. Закрепнување - зацврстување.
крепост - тв'рдина - укрепление
и уште: крепостен зид - подкрепьам -подкрепа - укрепвам/закрепвам - разкрепостен /free minded/ - крепеж - крепежен - крепител - крепко здраве - крепкост.

Предполагам некои или слични ги имате и кај вас.
http://bg.wiktionary.org/wiki/креп'к

А освен зацврстување имате ли цврст?
При нас е чевр'ст - со "ч" како во прасловенскиот јазик.
http://bg.wiktionary.org/wiki/чевр'ст
 
ФЕЛКИ = делови од целина на пр. (фелки на газот, лева и десна / фелки бостан)
--- надополнето: 15 јуни 2013 во 09:52 ---
КРУТОСТ КРУТ КРУТИ = цврстина цврст цврсти
 
Плевна-Штала
дКошара-Штала
Тараба-Ограда
Чекмеџе-Шкафче
Долап-Шкафче во ѕид
Пенџере-Џам-Стакло
Перде-Шпаиз
Налани-Кломпи..............................

Плевна батка не е штала. Плевна е место за чување на сено и слама, не животни.

Кошара е деминутив од кош, т.е. предмет плетен од прачки ама со поинаква немена од кош (на пример улиште за пчели).

Чекмеџе е ковчеже.
Перде е завеса, како некој што кажа.
Е налани и долап ги погоди.

Туку кога сме на темата, знаете ли што е разлика меѓу сено и слама ?
 
Плевна батка не е штала. Плевна е место за чување на сено и слама, не животни.

Кошара е деминутив од кош, т.е. предмет плетен од прачки ама со поинаква немена од кош (на пример улиште за пчели).

Чекмеџе е ковчеже.
Перде е завеса, како некој што кажа.
Е налани и долап ги погоди.

Туку кога сме на темата, знаете ли што е разлика меѓу сено и слама ?
Зависи од кој дел на Македеонија си.
Сено е искосена исушена трева која во текот на зимата се користи како храна за домашните животни,а слама е остаток од жито и јачмен и се сатва во плевната како постела на домашните животни.
 
Зависи од кој дел на Македеонија си.
Сено е искосена исушена трева која во текот на зимата се користи како храна за домашните животни,а слама е остаток од жито и јачмен и се сатва во плевната како постела на домашните животни.

Централен говор, и сосема точно (освен делот за плевната ;) ). Многу помлади не ја знаат разликата помеѓу сено и слама.
 
К'РБЛА =
ПОЈМА НЕМАМ ШТО ЗНАЧАТ ПОМАГАЈТЕ
БУКЛА =
 
крбла
мн. крбли
Вид збор: Именка, женски род
Дрвен сад со чеп, потесен од каца, што обично служи за гмечење грозје.
Англиски: vat
Примери:
Ги затегнуваше обрачите на крблите.
Изведенки
1. крбле ср.
мн. крблиња
дем.
2. крбличе ср.
мн. крбличиња
дем.
 

бугарски збор - прамен кадрицата
(Косата и е на букли.)
k%C4%B1v%C4%B1rc%C4%B1k-sa%C3%A7lar.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom