Браво Жерновски! Браво!
Ајде *LION*; речи браво сега за одлукава.
Зошто да речам браво зошто ќе настане сообраќаен и урбанистички хаос?
Сега некој што живее во центар кога ќе има работа на другиот дел во центар на 500м-1000м од кај што живее место да прошета ќе ја запали колата и ќе му земе место не некој што не е од центар а има работа во центар. А истата привилегија ќе биде и за неговите членови од семејството во превод други коли кој ќе зафаќаат простор во центар место да се прошетаат до таа точка. Од оваа мерка помалку од 10% од жителите на Скопје ќе имаат корист(Само жителите на центар) 90% од жителите на Скопје и цела Македонија ќе си имаат мака од оваа мерка. Сега кога некој од друга општина од Скопје ќе сака да паркира во Центар и без разлика што треба паркинг да си плати потешко ќе си најде паркинг место и повеќе време ќе изгуби барајки паркинг место за кој притоа плаќа ,зошто некој од Центар го мрзело да се прошета 10-15 мин па решил кола да запали. Недостатокот на паркинг места ќе ја покачи цената за паркирање на 90% од Скопјани и 100% на жителите од Македонија. Многу нормлано чим има помалку слободни места а се потребни ќе се покачи цената за 1 час паркирање. Друго освен што од 63 година после земјотресот сејлачана од Скопје и од Македонија купува станови во центар сега овој тренд ќе биде уште поголем зошто ти како сопственик на стан во Центар ќе можеш твојот авотомобил или на твоето семејство втор или трет автомобил кај сакаш да ги паркираш бесплатно на било која точка од центар. И така сообраќајниот хаос место да се намали во центарот на градот ќе се зголеми. А најсмешни ми се тие што не живеат во Центар а ја поздравуваат оваа одлука за бесплатно зонско паркирање во општина Центар
. Инаку во Менхетен да направеја бесплатно зонско паркирање на жителите од Менхетен градоначалникот ќе го пратеа во лудница а кај нас прима поздрави и честитки. Затоа во Менхетен е поефтино два саати такси да вози низ менхетен отколку два саати да паркираш таму. А ако сакаш да имаш свој паркинг ќе си купиш паркинг место што чини колку просечна куќа во Америка! За разлика од урбаните центарци кој после 63 година се доселија и подземните гражи го претворија во шупи за зимница, и ги качија колите на тротоари и бараат неограничено зонско паркирање. Инаку Партијата на Жерновски од Либерална може да се прекрсти во Социјалистичка партија , оваа одлука е чиста социјалистича одлука и нема врска во неолиберална економија која неговата партија треба да биде главен поборник а неолиберална економија е примерот со паркирањето во Менхетен.Немам намера да одговорам на темава што имав кажав. Ајде продолжете со пофалби и честитки .

