Dzish
unlike any other...
- Член од
- 15 февруари 2007
- Мислења
- 13.994
- Поени од реакции
- 2.689
Зависи како имаш слободно време. Мислам дека од понеделник до сабота има обука, недела е неработен ден за сите.Планирам што е можно поскоро да земам часови за возачка па и да полагам, гледам дека воопшто не е ефтно, но морам да научам да возам кола.
Сега прашањето ми е, колку денови трае обуката, дали е од пон до петок, или и за викенди..??
Седи бе мирен, правилник барал. Со обуката од 2 недели никој не е спремен да вози возило. Реално и објективно гледано, то е то. Ко ќе го додајш на сето тоа градскиот метеж и гужва... и искусен возач можи да падни. Доста е една полна линија да преминиш, да одиш во лева лента, за да те паднат. Ете ти го правилникот. И сега?Мене едно ме интересира, дали комисијата што треба да оцени дали кандидатот ги совладол вештините за управување на били кое моторно возило, дали имаат правилник според кој треба да работат и ако има таков дали може некаде да се најде. Јас би предпоставил дека не постои такво нешто, бидејќи секој пријател или познаник што сум го прашал како поминал ми одговарале на ист начин: првиот пат ги собориле, за безсмислени причини како и на некој постови што прочитав наназад.
Значи во таа комисија треба да има правила и прописи, каде јасно треба да биде наведено зошто и од кој причини може да те утне во тек на една финална испитна сесија, а не да цедат пари од луѓето затоа што некој сакал да си купи нов костум или долен веш на жена му.