Не, али жално е тоа што се прави со вакви луѓе, пишува за рококо стил и барок стил, а не знае ни самиот што значи тоа, а тоа е нешто што Македонија никогаш не го имала и нема ни да го има, сега едино ако го сметаме наденувањето на кол на Карпош (Карпуз) на Камени Мост за рококо стил, тогаш ок, сме имале една жива биста пред умирање во рококо стил, која била после фрлена во Вардар и со стрели уште толку застрелувана од Татарите на Селим Гирај.И тоа да ти било префинета работа.
Битушанец многу добро ги разбира архитектонските стилови. Очигледно некои работи не ти се познати тебе.
Во Македонија, од крајот на 18 и почетокот на 19 век, кога македонскиот еснаф зајакнал, побогатите фамилии граделе куќи и други објекти во неокласичен стил, кој бил во тренд тој период. Кај нас неокласичните архитектонски елементи се применуваа и до 1941 г. како некој вид на староградска архитектура. Строгиот центар на старо Скопје, стариот дел на Дебар Маало и Еврејско Маало биле во неокласичен стил. Истото е и со центарот на Битола.
И најновите градби од Скопје2014 се воглавном неокласика, не гледам никаде барокни архитектонски елементи на ниши, вдлабнатини, конкавни и конвексни пластики на зградите и таа карактеристична заобленост на барокот.
За жал Скопје2014 го исполитизира опозицијата и сега некои нивни гласни приврзаници станаа „експерти“ кои дискутираат за “баркониот кич“ (ова не го мислам за тебе и не се однесува на тебе).
Навистина човек нема соговорник со кого би дискутирал на соодветно ниво и во недостаток на аргументи да ми реплицираат, почнаа да ме навредуваат за да го прикријат своето незнаење и исполитизираност. Ако повеќе ми се допаѓа новото Скопје 2014, отколку Скопјето до 2006 г. кога на местото на новите градби беше едно големо валкано јавно отворено ВЦ со изникнати треви и плевел (кој никој не го косеше), некои руинирани гнасни бараки, не значи дека сум ВМРОвец.