Тоше Проески - неколку чудни работи ве молам споделете мислење

  • Креатор на темата Креатор на темата dzimialeksov
  • Време на започнување Време на започнување
Смртта е најексплоатираната тема во уметностите и сите сме смртни.

Колку е тешко да се поврзе здраворазумски ова без да се коваат теории на заговор?
 
...................................................................................................................................................................................................................................................................................................
ПОЧИВАЈ ВО МИР ТОШЕ...


Прво и основно:
Тоше се возеше во Туарег, кој е најобично вонаби теренец возило (читај повишен караван), и кога истиот тој Туарег ќе опне со А-носачот (она на кое стои шофершајбната и се потпира вратата) во камион тешко некој да преживее. Исто се однесува за кое и да е возило од некое крш фиќо, па се до Ламборџини Гаљардо
Второ:
Тоше не го возеше професионален возач, туку го возеше негов другар кој од Х причини не излегол навреме во лева лента да претекнува, најверојатно, умор, задремал или сл. и би што би.
Трето:
ОК, разбирам јас дека и ден денес народ плаче по Тоше... ама да се бара некоја виша сила, е тоа не можам да го разберам. Бил, постигнал многу во животот и заминал... судбина.
Затоа и го оставив последниот дел од Твојот цитиран пост
 
А нели е подобро дa игнорирaш, отколку дa вреѓaш?


Aко сите ги игнорираме членовите со кои не се согласуваме ондак форумот ќе се сведе на еден пост кој ја отвара темата и сите други после него го цитираат и му викаат
-Така е.
-Браво друже.
-Во право си.
-Потполно се согласувам.
--- надополнето: 10 јуни 2013 во 20:48 ---
Ако одделиш неколку зборови од мислата, тогаш мислата добива друго значење.


Истото го праиш ти со песната на Тоше.
--- надополнето: 10 јуни 2013 во 20:50 ---
Смртта е најексплоатираната тема во уметностите и сите сме смртни.

Колку е тешко да се поврзе здраворазумски ова без да се коваат теории на заговор?


Луѓето го обожуваат сензационализмот. Башка сакаат да вткајуваат мистериозност во обични настани. Се осеќаат ко некои детективи обидувајќи се да ги решат загатките, да ги следат трагите итн.
 
Луѓето го обожуваат сензационализмот. Башка сакаат да вткајуваат мистериозност во обични настани. Се осеќаат ко некои детективи обидувајќи се да ги решат загатките, да ги следат трагите итн.

Па да, посензационално е веројатно чувството да бидеш сам свој Шерлок Холмс, отколку да го читаш Артур Конан Дојл. Ама, од друга страна таа исфорсирана надмоќ е иста како онаа на вратар во рурална дискотека :icon_lol:...
 
Aко сите ги игнорираме членовите со кои не се согласуваме ондак форумот ќе се сведе на еден пост кој ја отвара темата и сите други после него го цитираат и му викаат
-Така е.
-Браво друже.
-Во право си.
-Потполно се согласувам.
--- надополнето: 10 јуни 2013 во 20:48 ---
.


Зборувaм конкретно зa вреѓaње, според тебе нормaлно е некој кој не го познaвaш дa го нaречеш психопaт од причинa што не се соглaсувaш со неговото мислење?
 
Навидум е така. НАВИДУМ
Шоубизнисот и криминалот па нели не се толку многу далечни ... ?
Размисли.
Кој би дозволил покрај толку пејачи во Србија, Тоше да појди да одржи концерт, да ги донира парите и да закажи друг концерт. Немора да значи дека е сплетка на владата ? Има доволно јаки поединци. Ако размислиш добро ќе сватиш на кои поединци мислам.


Aj бе доста само тресеш глупости. Од сабајле те читам звучиш ко олицетворение на најлудите соништа на Дејвид Ајк. Балашевич досеа сто концерти имал у Македонија, зашо не го убија досеа? Или ние демек неаме пејачи? Paul Van Dyk досеа требаше да му идат на година помен, или и DJ-и нема во Македонија?
 
Исто така и Тома Здравкович си го предвидел судниот ден, и тоа у далечната '82 у албумот „Проклета недеља“. После тоа му коваа завера, демек умрел на 30ти у понеделникот, што нема веза.

Позз

 
Јас мислам дека дечкото треба да престане да збори на оваа тема, зошто не знае кој се е вмешан... А ако знае, нема вака јавно да збори.... И подобро да не ја шири многу веста на другите форуми, зошто колку повеќе открива толку полошо за него..
 
Зборувaм конкретно зa вреѓaње, според тебе нормaлно е некој кој не го познaвaш дa го нaречеш психопaт од причинa што не се соглaсувaш со неговото мислење?

Hence, еве некој дури одговори место мене.
Па да, посензационално е веројатно чувството да бидеш сам свој Шерлок Холмс, отколку да го читаш Артур Конан Дојл. Ама, од друга страна таа исфорсирана надмоќ е иста како онаа на вратар во рурална дискотека :icon_lol:...


А единствена "навреда" која му ја упатив е дека тресе глупости и дека е страшно неедуциран. Што е само по себе вистина.
 
Јас мислам дека дечкото треба да престане да збори на оваа тема, зошто не знае кој се е вмешан... А ако знае, нема вака јавно да збори.... И подобро да не ја шири многу веста на другите форуми, зошто колку повеќе открива толку полошо за него..

Немој да го силиш, оти тој досега не покажа дека го разбира коцептот на иронија...

:)
 
Немој да го силиш, оти тој досега не покажа дека го разбира коцептот на иронија...

:)
Значи ова е деликатна тема Ставрогин. До сега сите што сакаа да зборуваат јавно за ова беа... кхм... оневозможени.... Само се грижам за неговиот живот....
 
Значи ова е деликатна тема Ставрогин. До сега сите што сакаа да зборуваат јавно за ова беа... кхм... оневозможени.... Само се грижам за неговиот живот....

Ми е страв да коментирам повеќе. Кога се случи несреќата (а ха, несреќа) јас бев во Хрватска. И плус загина еден ден пред мојот роденден. Коинциденција?

:cautious::cautious:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom