- Член од
- 10 јуни 2013
- Мислења
- 42
- Поени од реакции
- 16
Значи вака луѓе. Коментарите како: остај те го на мира, помири се, не треси глупости и сл. не се добредојдени така да неморате воопшто да трошите време за коментирање на истите. Темава ја отворив за луѓе кои имаат малку време за размислување и согледување на неколку неразјаснети работи. Да почнам вака: по занимање сум музичар, пејач и баш пред некој ден додека вежбав ми дојде ненадејна песна, цреша од нашиот Тоше. Пееќи ја забележав неколку чудни морничави работи кои дури сега кога ги пишувам буквално се наежив.. Наоколу се ширеа гласини дека Тоше е убиен дека Тоше ја предвиде смртта и сл. Ајде малку да подискутираме, не смее загубата на еден таков човек да остане неразјаснета. Додека власта троши пари на негови споменици наместо да вложи во истрага народот останува со збунета глава. Секако тој ( ние ) ќе зборуваме цел живот, секој со свое мислење, но ова е нешто кое е неразјаснето и е страмота некој да не прави будала. Се уште не е откриена ниту причината ( Причината беше пребрзо возење на возачот кој возеше нова кола со јака технологија и не успеа да забележи влечак НА АВТОПАТ ?! ) Ве молам луѓе доста е. Тоше се возеше во Туорег а не во фиќо. Каде е логиката ? Едноставно не постои не е можно... Како и да е да се фокусирам на темата.
Погледнете го следното:
кога мора да одам им реков
се што имам и куќа и нива
нека земе што му треба секој
но црешата да ја најдам жива
Да појаснам. Тоше беше добро познат по неговата хуманост па логички е зошто го копирав овој дел. Но што е морничаво тука ? " КОГА МОРАМ ДА ОДАМ ИМ РЕКОВ. " - Каде ?
се што имам и куќа и нива
нека земе што му треба секој
но црешата да ја најдам жива
Сите ние сме познати по својата лакомост, па вели нека земе што му треба секој но црешата да ја најдам жива. На што е симбол црешата ? Се вратив во 2ро одд. кога цртавме дрва на училиште ( така наречена грозд техника ако добро се сеќавам ) и на секоја гранка пишувавме член од фамилијата. Можеби црешата е само симбол на фамилијата ? Но зошто тоше би сакал ова да го каже на прикриен начин ?
Што е тоа во луѓето тажно
што живеат во животи туѓи
кој во моето минато плови
сосем мирно и без да се срами
Токму на овој дел се мрднав. Колку пати сум ја пеел и никогаш не сум обрнал доволно внимание. Сите ние добро знаеме дека Тоше не е со нас. Сите ние добро знаеме дека се уште е мистерија како го загуби животот. Прочитајте го делот:
"кој во моето минато плови
сосем мирно и без да се срами" и анализирајте.
Дали навистина неговиот живот е продаден, од луѓето кои добро ги знаеме, кои немаат совест и чест. РАЗМИСЛЕТЕ. КОЈ ПЛОВИ ВО НЕГОВИОТ ЖИВОТ СОСЕМ МИРНО И БЕЗ СРАМ ?
Само ветерот гласот го слуша
ко ехо се врати пак в душа
Дали Тоше пробуваќи да ни проговори преку песна се разочарал бидејќи не успеал ? Дали никој не го слушна она што сакал да го каже, па сето тоа останало кај него без да биде чуено ?
убава песна не сака баш секој
и на славеј камен фрла некој
Има ли потреба да разјаснам ? Ја растури естрадата на балканот србите и хрватите коси корнеа по неговиот глас. Морничаво. Колку коментари сум прочитал и сте прочитале каде луѓето велат не требаше да се родиш на балканот. Зошто ? Заради тоа што можеби токму тука владее најголемата мафија ? Зошто вели убава песна не сака баш секој ? И на славеј камен фрла некој ?
Но кој...
Не е небо ова што ви нудат
не е сонце ко злато што свети
ако можат би го продале Бога
а на нив само еден ќе им суди
Доколу прочитавте до овде се тогаш би ви било едноставно според мое мислење да го сватите ова и да се огорчите од луѓето, односно од НЕ-ЛУЃЕТО. Дали овој стих се конкретизира на неговото "убиство" ? Дали им се обраќа на луѓето кои му ја скроија судбината ? Дали им вели дека парите не се небо и сонце ? Болно... Ако можат би го продале Бога - Токму така, таквите луѓе .... немам зборови јасно е.
Но да НИВ ЕДЕН ЌЕ ИМ СУДИ.
И уште едно нешто.
Знам дека ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ е песната која го наежи секој кој ја слушна зато што е од последниот албум и морам да признаам дека е најдепресивната песна што некогаш ја имам слушнато. Знам дека за оваа песна се дискутирало многу но, ако прочитавте се нагоре ова уште толку ќе го разгори пламенот.
Да можам бар да се разбудам
во свет на љубовта без стари долгови
Долгови ?
и тие сеништа
во чекор што ме демнеат
Сеништата се само симбол на луѓето кои го демнеа доволно долго за да го спроведат својот план ?
Ако го погледнете неговиот последен албум многу од песните се депресивни и чудни за разлика од претходните. Зошто ? Тоше беше цар за балади да но секогаш имаше неколку песни кои го топлат срцето. Скоро и да нема такви во последниот албум...
Погледнете ги песните. Има Илјадници луѓе кои сеуште трагаат по одговорот на оваа мистерија чест ми е да бидам еден од нив. Чест ми е да се борам против неправдата, па така го поздравувам секој кој што стигна до овде со читање. Споделете мислење и борете се против неправдата во оваа држава затоа што е вгнездена од корени...
ПОЧИВАЈ ВО МИР ТОШЕ...