Не си ти со таа моќ
И не се однесува тоа скапаница на тебе...., прво од поштовање не би ти препишал таква особина
А околу езотеријата.....кој може да збори?
Тој што знае нешто, нели?
--- надополнето: 10 јуни 2013 во 12:54 ---
Me чуди една работа...тој Кроули сакал ми се чини некои тајни да ги извади на виделина, како тоа следбениците негови сакаат да биде обратното.
Кроули нема следбеници. Како прво. O.H.O. на Редот има Браќа и Сестри во Редот. Ништо друго. Ако не ти е јасно, не знам како да ти објаснам подобро.
Воопшто не сакам да е обратно од намерата на Кроули секој човек да се види од што е направен. Во времето на Кроули немаше нет и секакви будали да пишуваат сешто, а простиот човекулец да се фаќа на јадици без да проба да научи нешто од тоа што било откриено, а претходно со векови било зад кулисите на Тајните Мајстори
И на Кроули му е кажано: половина од ритуалите ќе се знајни, половина не! То е тоа. Со тоа што е знајно доволно е за човекот да дојде до Светилиштето и да бара пристап. Не секој пристапува... разни луѓе, разни патеки.
Ние веруваме дека и слеп човек е способен за астрал - што е и докажано. Само треба РАБОТА! Како до астрал ако не се практикува јога? Зборувам јога во нејзина вистинска смисла не зборување - ами молчење, мирување, концентрација...? Вежбаш Раџа јога? Да? Додади и хата јога или бакти јога...
Имаш магиска пракса? Додај енохијанска магика, еврејска кабала...
Не си стигнат до таму? Што тогаш разговараме јас и ти кога основите ги нема?
На што ќе ти стои пирамидата? На изрази како „Имам одбивност“? Ок имај...
Денес ако не си забележал сите бараат некакви скратени патеки - најбрзо до целта. Еми целта е Смрт на Земјата! Одете, кршете глава штом толку не разбирате и си градите цитадели од одбивност кон ова или она од писанијата по нет! Ме иритира инертноста на масата луѓе иако се им е дадено - тие чекаат - инфузија за да тие продолжат на раат да си гледаат телевизија или нет - дрогата на денешното време!
Затоа сега велиме - не збори, пробај!
Тешко е, конзумира време, психичка енергија одзема - но видете од што сте направени сами - за да знаете за кај сте.
Да не испадне нетот и разните есеи, видеа и цитати извадени од контекст се криви за вашето неразбирање и погрешни одлуки.
П.С. Ништо не е скриено, работата е што праксите се расфрлани (од секогаш биле) насекаде - малку се тие што работат - причина, види горниот пасус. Да работи човекот, сами ќе му се покажат некои патокази и врски. Секој што работел вистински и навистина се интересирал за скриените тајни, доаѓал до порта на која мора да се тропне за да се влезе. Малкумина биле, но сепак не секој е во можност да се носи со сето тоа.
А такви што имаат одбивност или мрчат против Тајни Редови, тајни мистерии и иницјации - имало, има и ќе има. Светот се врти сепак. Тие умираат, Редот никогаш. Тајна.