Езотерија, Окултизам - А. Кроули, П. Дунов, Д. Фортуне ...

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Па ако погледнеме дека мнозинството НЕ Е иницирано ниту го интересираат било какви езотериски пракси, а светот гледаме каков е, ти си најди нзс на тоа кој го силува светот во своето незнаење, а има преголема желба за дејствување како мнозинство! Но полека но сигурно се менува тоа, ветувам ;)
Иницирано е како не е....
Секоја религија е дел од истата пракса, вас само ве лажат дека ќе дознаете(ќе биднете) нешто повеќе. Како и да вртиш секој сегмент од човековото постоење е контролиран.....а нормално без согласност(иницијација) нема "ебење", тоа е некој универзален закон по се изгледа.
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Иницирано е како не е....
Секоја религија е дел од истата пракса, вас само ве лажат дека ќе дознаете(ќе биднете) нешто повеќе. Како и да вртиш секој сегмент од човековото постоење е контролиран.....а нормално без согласност(иницијација) нема "ебење", тоа е некој универзален закон по се изгледа.
Ebenje bez dozvola se narekuva siluvanje............soglasno zakonot, onoj coveckiot.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Иницирано е како не е....
Секоја религија е дел од истата пракса, вас само ве лажат дека ќе дознаете(ќе биднете) нешто повеќе. Како и да вртиш секој сегмент од човековото постоење е контролиран.....а нормално без согласност(иницијација) нема "ебење", тоа е некој универзален закон по се изгледа.
Не е точно. Иницијацијата не е тоа што мислиш, ако сам не дознаеш што си, неможе други да ти кажуваат. Не се пренесува со зборови тоа што е суштинско во иницирањето, зборовите се само алатка и нивната тајност е само тест за карактерот на иницијантот.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Не е точно. Иницијацијата не е тоа што мислиш, ако сам не дознаеш што си, неможе други да ти кажуваат. Не се пренесува со зборови тоа што е суштинско во иницирањето, зборовите се само алатка за распознавање и нивната тајност е само тест за карактерот на иницијантот.
Абе не се ни пробува да се пренесе :)
Бегам јас од такви заебанции, што не биле за сите.....демек.
Која глупост, тест за карактерот!:facepalm:
Ќе ти кажам нешто за карактерот, не си ти карактерот....така да тури му пепел. Ме чуди како успеваат во толкав процент да ја одржат тајноста....се граничи со лудило.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.278
Поени од реакции
12.273
Да де, не е тоа што е, не си ти тоа што си... итн итн ...
Ајде доста заморување на темава... Бегај од вакви заебанции и уживај ;)
Да оставиме да видиме кој не бега од вакви „заебанции“ :D

P.S. Иницирање во езотериски тајни Редови никогаш не било исто со припаѓање на една религија и нема ниту да биде - која е поентата ако е исто? Јас и на темата за Телема зборувам, не секој има оган што ќе го привлече кон езотерија и иницирање. Не знам што ме заморуваш со тоа што ти бегаш од не знам што. Бегај, не реков да не бегаш. Но не ги обвинувај тие што не избегале и имале храброст за било што. Не е светот ваков каков што е заради нив. Она што не го знаеш и оние што не можат да ти одговорат заради завет на молчење, најлесно е да се обвинат, но не знам што ќе добиеш од тоа... Ти си знаеш ;)
P.P.S. Како може да знаеш било што во врска со езотеријата кога е тајна пракса и секако бегаш од неа и не си запознаен со истата? Како може ти да судиш дали мене некој ме лаже или не кога читаш сешто само не бараш езотерија? Или така ти е ок да мислиш, како и за светот дека е пропаднат токму од такви како мене? :D Абе ајде, премногу ти е детско размислувањето...
Што, демек те контролирам доволно добро и на работ за да си жив, да имаш потреба да работиш, да правиш пари а тие пари и енергија да ги користам јaс преку „езотериски“ тајни пракси за да уживам на Земјата? Е Ајк е забегана работа ако го слушаш и ако дозволиш да мисли за тебе! :D
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Абе не се ни пробува да се пренесе :)
Бегам јас од такви заебанции, што не биле за сите.....демек.
Која глупост, тест за карактерот!:facepalm:
Ќе ти кажам нешто за карактерот, не си ти карактерот....така да тури му пепел. Ме чуди како успеваат во толкав процент да ја одржат тајноста....се граничи со лудило.
Можеби за тебе е глупост, но ете со милениуми се докажал, најголем доказ е успехот така велеше и законот нели?;)
Да донесеш заклучок дека одредена работа за која веруваш дека не е дел од тебе е невредна за било што е врв на сите ограничувања - стагнација.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Можеби за тебе е глупост, но ете со милениуми се докажал, најголем доказ е успехот така велеше и законот нели?;)
Да донесеш заклучок дека одредена работа за која веруваш дека не е дел од тебе е невредна за било што е врв на сите ограничувања - стагнација.
Проблемот кој сакам да го посочам е тајноста.

Самиот факт што не е за сите ме иритира, ми ствара некоја одбивност спрема истото. Во животот се учи по некоја работа, нели.....една од тие што секој треба да ја научи е дека не постојат посебни луѓе.
И друга работа, што секогаш пробувате да ја девалвирате е инволвираноста на редовите во системот, кој па не можам ни да го смислам никако. И ај сега кажи ми зошто стагнација?
--- надополнето: 10 јуни 2013 во 11:40 ---
Да де, не е тоа што е, не си ти тоа што си... итн итн ...
Ајде доста заморување на темава... Бегај од вакви заебанции и уживај ;)
Да оставиме да видиме кој не бега од вакви „заебанции“ :D

P.S. Иницирање во езотериски тајни Редови никогаш не било исто со припаѓање на една религија и нема ниту да биде - која е поентата ако е исто? Јас и на темата за Телема зборувам, не секој има оган што ќе го привлече кон езотерија и иницирање. Не знам што ме заморуваш со тоа што ти бегаш од не знам што. Бегај, не реков да не бегаш. Но не ги обвинувај тие што не избегале и имале храброст за било што. Не е светот ваков каков што е заради нив. Она што не го знаеш и оние што не можат да ти одговорат заради завет на молчење, најлесно е да се обвинат, но не знам што ќе добиеш од тоа... Ти си знаеш ;)
P.P.S. Како може да знаеш било што во врска со езотеријата кога е тајна пракса и секако бегаш од неа и не си запознаен со истата? Како може ти да судиш дали мене некој ме лаже или не кога читаш сешто само не бараш езотерија? Или така ти е ок да мислиш, како и за светот дека е пропаднат токму од такви како мене? :D Абе ајде, премногу ти е детско размислувањето...
Што, демек те контролирам доволно добро и на работ за да си жив, да имаш потреба да работиш, да правиш пари а тие пари и енергија да ги користам јaс преку „езотериски“ тајни пракси за да уживам на Земјата? Е Ајк е забегана работа ако го слушаш и ако дозволиш да мисли за тебе! :D
Да не се преповторувам, последните два поста како одговор на Ipsissimus важат и во твојов случај.
Значи, тајноста е проблемот и тоа е точка од која не може понатака. :)
Тука е нормално и системот, и целата идеја дека има нешто благородно во таа езотерија паѓа во вода.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Проблемот кој сакам да го посочам е тајноста.

Самиот факт што не е за сите ме иритира, ми ствара некоја одбивност спрема истото. Во животот се учи по некоја работа, нели.....една од тие што секој треба да ја научи е дека не постојат посебни луѓе.
И друга работа, што секогаш пробувате да ја девалвирате е инволвираноста на редовите во системот, кој па не можам ни да го смислам никако. И ај сега кажи ми зошто стагнација?
Тајноста во езотеријата нема иста тежина или значење како тајноста во секојдневието. Таа постои со причина, ако иницијантот не достигне потребно ниво на осознавање, информацијата може повеќе да му наштети и да го однесе во погрешен правец одколку да му помогне. Значи таа не е за да издвои некоја група како привилегирана.
Види ја ситуацијава тука на форумов, имаш луѓе кој неможат да сватат дека поимот Бог нема само едно значење и поради тоа имаш конфликти и расправии.
Инаку ти реков дека твојот случај е стагнација, затоа што ти си дошол до одредено сознание засновано на твоето лично искуство и си заклучил дека тоа е тоа, дека се останато е излишно, непотребно итн.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.278
Поени од реакции
12.273
Ете Ipsissimus ти одговори... ако ти е проблем тајноста нека ти биде, но што има тоа со реалноста и вистината на твоите тврдења за оние кои немале проблем со тоа и биле, се и ќе бидат дел од тие мистерии стари со еони? Заради таа тајност ти да обвинуваш во своето незнаење - не бидува и не држи вода.
Ти си систем, светот е систем, универзумот е систем и уште нешто е систем.
Извини така, што се е систем :)

На темата малку:
Кај се видело „директно кон Богот“ да постои патека? Дали некаде сте виделе? Од Исток до Запад? НИКАДЕ!
Сите тие етапи кои се дадени како степени во езотеријата, дали алхемија, дали кабала, има дури и во астрологијата одредени навестувања - покажуваат на систем кој што треба човекот полека а не насилно да го водат „нагоре“, „навнатре“ - како сакате. Се е овде на Земјата ЗА човекот!
Ако некому му смета сето тоа - треба да си реши многу работи пред да почне да ги разгледува и проучува навидум разните системи од Исток до Запад, да ја студира философијата која е „фрлена“ надвор од тие кругови.

П.С. Секогаш ќе останат некои работи тајни - барем минимум 2 човечки века. Чуки таков е адетот :)
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Тајноста во езотеријата нема иста тежина или значење како тајноста во секојдневието. Таа постои со причина, ако иницијантот не достигне потребно ниво на осознавање, информацијата може повеќе да му наштети и да го однесе во погрешен правец одколку да му помогне. Значи таа не е за да издвои некоја група како привилегирана.
Види ја ситуацијава тука на форумов, имаш луѓе кој неможат да сватат дека поимот Бог нема само едно значење и поради тоа имаш конфликти и расправии.
Инаку ти реков дека твојот случај е стагнација, затоа што ти си дошол до одредено сознание засновано на твоето лично искуство и си заклучил дека тоа е тоа, дека се останато е излишно, непотребно итн.
А кој ги довел луѓево до ова не знаење?
Истите што после ќе речат, види ги овие се неспособни. Тие финти не прошле кај мене, човечката раса се манипулира и се прави глупа и инфантилна на секој можен начин.
Околу мојата стагнација...не е точно тоа дека со неприфаќањето на одредени езотериски пракси, учења и доктрини се стагнирало. Мене стимул ми е мајката природа, не некакви учења позади кои стојат скапаници.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.278
Поени од реакции
12.273
Кој те тебе донесе до состојба да имаш одбивност кон тајност, тајни Редови, иницијации и слично? :)
Сигурно не сум јас, да се разбериме.
Или ќе ми препишеш толку голема моќ на мене?

П.С. И не сум скапаница :D Фала многу за убавите зборови :) И одиме офтопик, ако може дај да збориме за езотерија и да научиме нешто, ако не, секој со своето - едни со тајни, други против - милина ;)
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Кој те тебе донесе до состојба да имаш одбивност кон тајност, тајни Редови, иницијации и слично? :)
Сигурно не сум јас, да се разбериме.
Или ќе ми препишеш толку голема моќ на мене?

П.С. И не сум скапаница :D Фала многу за убавите зборови :) И одиме офтопик, ако може дај да збориме за езотерија и да научиме нешто, ако не, секој со своето - едни со тајни, други против - милина ;)
Не си ти со таа моќ :)

И не се однесува тоа скапаница на тебе...., прво од поштовање не би ти препишал таква особина :)

А околу езотеријата.....кој може да збори?
Тој што знае нешто, нели?
--- надополнето: 10 јуни 2013 во 12:54 ---
Me чуди една работа...тој Кроули сакал ми се чини некои тајни да ги извади на виделина, како тоа следбениците негови сакаат да биде обратното.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.278
Поени од реакции
12.273
Не си ти со таа моќ :)

И не се однесува тоа скапаница на тебе...., прво од поштовање не би ти препишал таква особина :)

А околу езотеријата.....кој може да збори?
Тој што знае нешто, нели?
--- надополнето: 10 јуни 2013 во 12:54 ---
Me чуди една работа...тој Кроули сакал ми се чини некои тајни да ги извади на виделина, како тоа следбениците негови сакаат да биде обратното.
Кроули нема следбеници. Како прво. O.H.O. на Редот има Браќа и Сестри во Редот. Ништо друго. Ако не ти е јасно, не знам како да ти објаснам подобро.


Воопшто не сакам да е обратно од намерата на Кроули секој човек да се види од што е направен. Во времето на Кроули немаше нет и секакви будали да пишуваат сешто, а простиот човекулец да се фаќа на јадици без да проба да научи нешто од тоа што било откриено, а претходно со векови било зад кулисите на Тајните Мајстори ;) И на Кроули му е кажано: половина од ритуалите ќе се знајни, половина не! То е тоа. Со тоа што е знајно доволно е за човекот да дојде до Светилиштето и да бара пристап. Не секој пристапува... разни луѓе, разни патеки.

Ние веруваме дека и слеп човек е способен за астрал - што е и докажано. Само треба РАБОТА! Како до астрал ако не се практикува јога? Зборувам јога во нејзина вистинска смисла не зборување - ами молчење, мирување, концентрација...? Вежбаш Раџа јога? Да? Додади и хата јога или бакти јога...
Имаш магиска пракса? Додај енохијанска магика, еврејска кабала... :) Не си стигнат до таму? Што тогаш разговараме јас и ти кога основите ги нема?
На што ќе ти стои пирамидата? На изрази како „Имам одбивност“? Ок имај...

Денес ако не си забележал сите бараат некакви скратени патеки - најбрзо до целта. Еми целта е Смрт на Земјата! Одете, кршете глава штом толку не разбирате и си градите цитадели од одбивност кон ова или она од писанијата по нет! Ме иритира инертноста на масата луѓе иако се им е дадено - тие чекаат - инфузија за да тие продолжат на раат да си гледаат телевизија или нет - дрогата на денешното време!

Затоа сега велиме - не збори, пробај! :) Тешко е, конзумира време, психичка енергија одзема - но видете од што сте направени сами - за да знаете за кај сте. :)
Да не испадне нетот и разните есеи, видеа и цитати извадени од контекст се криви за вашето неразбирање и погрешни одлуки.

П.С. Ништо не е скриено, работата е што праксите се расфрлани (од секогаш биле) насекаде - малку се тие што работат - причина, види горниот пасус. Да работи човекот, сами ќе му се покажат некои патокази и врски. Секој што работел вистински и навистина се интересирал за скриените тајни, доаѓал до порта на која мора да се тропне за да се влезе. Малкумина биле, но сепак не секој е во можност да се носи со сето тоа. :)
А такви што имаат одбивност или мрчат против Тајни Редови, тајни мистерии и иницјации - имало, има и ќе има. Светот се врти сепак. Тие умираат, Редот никогаш. Тајна. ;)
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
А кој ги довел луѓево до ова не знаење?
Истите што после ќе речат, види ги овие се неспособни. Тие финти не прошле кај мене, човечката раса се манипулира и се прави глупа и инфантилна на секој можен начин.
Околу мојата стагнација...не е точно тоа дека со неприфаќањето на одредени езотериски пракси, учења и доктрини се стагнирало. Мене стимул ми е мајката природа, не некакви учења позади кои стојат скапаници.
Луѓето никој не ги довел до незнаење, секој сам го бира својот пат. Погледни ја историјата и ќе видиш дека редовите кој ги обвинуваш биле оние кои биле напаѓани, а не обратно. Темпларите беа јавна организација, но дали небеа профаните оние во своето незнаење кој се обидеа да ги уништат?

И не мислев за неприфаќање на езотериски пракси во врска со твојата стагнација, туку општо твојот став дека си дознал се што требало да се дознае. Таквиот став само ќе те зацементира во место, ништо повеќе.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.352
Поени од реакции
84.573
Тајноста на редовите и окултните друштва е очекувана карактеристика, која има практична функција.
Не доведувајќи ги во прашање ефективноста на окултните методи и резултатите на окултната пракса, сакам да потенцирам на дел од опасностите кои може неочекувано да го пресретнат новиот ученик (пристапник во ложата)*. Неокултни опасности.
Тајноста за жал многу често може да служи како параван за разни, прилично световни, неокултни, злоупотреби од членовите на ложата, особено акцентот е на врхушката, секако. На таквите опасности мислев.
Не постои некаква верифицирана литература која ќе ви посочи на знаците, кои би ви укажале дека станува збор за баш такво труло братство, но никој не ве спречува да се информирате колку што може повеќе, за тоа каде пристапувате или да прашате некој кој веќе бил таму. За жал сите информации за ова, би требало да ги земате со прилична доза на резерва. Филтрирањето на поголем број на информации сепак ќе ви укаже на пример, отприлика за што станува збор. На пример, сите знаеме неброени примери за изнудувачкиот концепт на Саентологијата. Неброени бивши членови, прилично јасно се имаат изјаснето за оваа дупка за пари. Или па и врапците на гранка више знаат дека Телемитите ја користат сексуалната енергија, во ритуалите.
Но една карактеристика која е заедничка за речиси сите редови, тајни друштва и сл. е карактеристика која новите членови речиси никогаш на почетокот ја немаат на ум. Тоа е фактот, дека тие тајни друштва, редови и сл. се стопати пољубоморни коа ќе ги оставиш, од најљубоморната девојка на светот. Често истапувањето од редот се гледа како предавство, што е и помалку очекувано, од некои кои имаат заеднички тајни, кои ви ги предале вам.
...


У бестрага, сакав пола пост да напишам и како што пишував, гледам дека треба уште да се дообјасни и уште да се каже. И стварно е така. На овие теми. чувствувам дека ако сакам да кажам нешто, ми треба пола страна објаснување, а не сум ни почнал....
Затоа и ќе го оставам недовршено и прекинато одеднаш.








* се трудам колку можам да не користам, условно кажано, езотеријски речник
 

Kajgana Shop

На врв Bottom