Да.
За да бидеш верник потребно е да извршиш атентат на умот. Сите верници, па и најинтелигентните меѓу нив, му подлегнуваат на својата потреба за вечен живот, на својот страв од смрта, и вршат газење на умот.
Ооо па честитам! Ти имаш појше ум и попаметен си од скоро 5 милијарди луѓе во светов. Тоа е за почит, не?
Елита си.
Ако некој постави прашање: "колку е часот" а добие одговор: "Трактор", нормално е да реагира на одговорот.
Јас лично сум поставувал прашање од типот: "Зошто Бог воопшто допуштил ситуации и особини за кој подоцна ќе казнува" за да добијам одговор: "магарето не одговара за тоа што не е во неговата природа", со други зборови - Трактор.
Велиш дека мора да се помириш со неговиот одговор. Но што со фактот дека тој врз основа на тој одговор носи суд за мојот начин на живот, размислување и дејствување? И спремен е тој "одговор" да го наметне глобално?
Ај со твоиве парафрази и карикирања да продолжам..
Кога прашуваш колку е часот, прашуваш за да дознаеш колку е часот(претходно не си знаел). Ако ти уствари знаеш колку е часот и добиеш одговор Трактор зошто би го дискутирал одговорот?
Ај да пренесам сеа конкретно.
За вистините и смислата на животот, конкретно ти како телемит имаш свое сфаќање (знаеш колку е часот). Од муслиман добиваш одговор Трактор. Ама ти и покрај тоа што уствари имаш свое сфаќање го дискутираш неговото затоа што не се согласува со твоето.
Се согласувам, тој носи суд за твојот начин на живот, ама поентата ми беше обратна.
Дали ТИ врз основа на неговиот одговор кој си го добил носиш суд за неговиот живот, размислување, дејствување? Дали Ставрогин погоре донесе суд? Дали ти со тоа што си спремен секој верник да го убедуваш дека тоа во што верува е глупост која може да се собори во дискусија, не си тој кој глобално го наметнува тоа свое убедување?
Ако одговорот Трактор за него има смисла и значење, а е предмет за кој според неговата конфесија не се дискутира, не можеш да влезеш во мисија да го собориш, затоа што тогаш своите сфаќања ќе ги судриш со неговите, а тоа ќе те направи ист “верник“ во своето као него.