Слободната воља и религиите!

Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Аха, значи ти си атеист и си живо суштество кое е попаметно од секој кој е верник на светов така? :)
Да.

За да бидеш верник потребно е да извршиш атентат на умот. Сите верници, па и најинтелигентните меѓу нив, му подлегнуваат на својата потреба за вечен живот, на својот страв од смрта, и вршат газење на умот.

Не заборавај, за да бидеш рисјанин на пример, треба да ја прифатиш монументалната глупост наречена свето тројство, за да бидеш муслуман треба да веруваш дека месечината може да скрши па да се залепи, и слични на тоа бисери.

Јад, беда и мизерија.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Религиите имаат одговори. Ако немаат ќе најдат. Меѓутоа проблемот за кој сум дискутирал и другпат на форумов е друг.
Ме запрепастува кога ќе видам некој кој оди на тема “Прашања за ... (Ислам/Христијанство), поставува прашање, добива одговор од верник (значи најчесто добива одговор на ВЕРНИК) и коа ќе го слушне/прочита одговорот, излегува од такт, се нервира и влага во мисија, соборување на истиот. Значи не можам да сфатам. Кога одиш по одговор на верник мораш да се помириш дека за него тој одговор не подлегнува на дискусија. Ти одговара верникот однатре, не рациото.

Едноставно, религиозниот ќе ти одговори: “Зошто?! Затоа што така верувам дека е!“ И чао. Нема што ти да му укажуваш на контрадикторности зошто тој верува дека неговото е исправно. Ќе го уверуваш дека не е во право? Па тоа нема да те направи ништо поразличен од него во смисла на убедување што е тоа “точно и исправно“.

Е тоа проблемот на форумов Религија. Сите осеќаат желба да шетаат по теми и своето убедување да го претставуваат како единствено исправно. Па дури и атеистите. Можда тие и највише, а тоа ги прави исто толку “залудени“ како секој верник.
Ако некој постави прашање: "колку е часот" а добие одговор: "Трактор", нормално е да реагира на одговорот.
Јас лично сум поставувал прашање од типот: "Зошто Бог воопшто допуштил ситуации и особини за кој подоцна ќе казнува" за да добијам одговор: "магарето не одговара за тоа што не е во неговата природа", со други зборови - Трактор.

Велиш дека мора да се помириш со неговиот одговор. Но што со фактот дека тој врз основа на тој одговор носи суд за мојот начин на живот, размислување и дејствување? И спремен е тој "одговор" да го наметне глобално?
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Меѓутоа... Таа слободна воља е твое поимање. Неможеш таа матрица да ја земеш и да одиш да ја инсталираш во Исламот, да видиш дека не одговара со него и да извлечеш заклучок - муслиманите се неслободни, тие се робови, затоа што не се слободни во онаа смисла во која сум јас слободен. Тие добиваат казна и нивната воља е детерминирана од казна/награда принципот, мојата не е, значи јас сум максимално слободен, а тие се робови кои слепо прифаќаат наредби.
Тоа ми е муабетот.
.
:cuc:
Зарем не можеш да приметиш дека зборуваш со поголем догамтичар од еден верник. Само што неговите го излажале дека не се секта.
Сака по секоја цена да ја натрпа овде неговото неразбирање на слободната воља кај религиите.
И е спремен да пука ако не е по негово.Слободно нормално.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
:cuc:
Зарем не можеш да приметиш дека зборуваш со поголем догамтичар од еден верник. Само што неговите го излажале дека не се секта.
Сака по секоја цена да ја натрпа овде неговото неразбирање на слободната воља кај религиите.
И е спремен да пука ако не е по негово.Слободно нормално.
Гурџи, стварно напнуваш. Ниту те праша некој нешто, ниту те повика. Неверојатно е колку си полн со фрустрации. Ти кажав еднаш што има речено Ниче, дека растот на мудроста кај еден човек се мери со опаѓањето на горчината кај него. Ако ова е точно, ти и мудроста сте опасно скарани.
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Е сеа проблемот е што обично тие кои сакаат да ги напаѓаат религијските учења, обично атеистите и припадниците на други конфесии, поставуваат прашање за религија, а уствари априори знаат дека нема да го прифатат и ќе го нападнат одговорот.
.
:cuc:
А пробај да ги нападнеш нивните верувања.
Со пушки пукаат....:pos:
--- надополнето: 9 јуни 2013 во 21:17 ---
Гурџи, стварно напнуваш. Ниту те праша некој нешто, ниту те повика. Неверојатно е колку си полн со фрустрации. Ти кажав еднаш што има речено Ниче, дека растот на мудроста кај еден човек се мери со опаѓањето на горчината кај него. Ако ова е точно, ти и мудроста сте опасно скарани.
Ставрос, не ми глуми филозов и не ми тепај празна слама.
Ниту те цитирав ниту пак од тебе очекувам некој развој на тема религија.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ставрос, не ми глуми филозов и не ми тепај празна слама.
Ниту те цитирав ниту пак од тебе очекувам некој развој на тема религија.
Напорен си бе човек, разбери. Гледаш дека почнаа да те избегнуваат како да имаш лепра. Олабави се малку, излези, се стопли времето. Аман, само верглаш секти, Тесла, рендање...
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Напорен си бе човек, разбери. Гледаш дека почнаа да те избегнуваат како да имаш лепра. Олабави се малку, излези, се стопли времето. Аман, само верглаш секти, Тесла, рендање...
Тоа и сакам, секташи и атеисти да бегаат од мене како да сум леброзен. Исто како вие што сакате да ги масирате религиозните и сите побегнаа од вас на подфорумов. Останавте само секташи и атеисти да се правите мудри, а не сте свесни дека само не разбирате.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Тоа и сакам, секташи и атеисти да бегаат од мене како да сум леброзен. Исто како вие што сакате да ги масирате религиозните и сите побегнаа од вас на подфорумов. Останавте само секташи и атеисти да се правите мудри, а не сте свесни дека само не разбирате.
Абе Гурџи, едно е од тебе да бегаат затоа што имаш аргументи, друго е што те избегнуваат затоа што си досаден.

;)

Уживај сега, продолжи да рендаш.
 

Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264
Абе Гурџи, едно е од тебе да бегаат затоа што имаш аргументи, друго е што те избегнуваат затоа што си досаден.

;)

Уживај сега, продолжи да рендаш.
Само ја употребувам вашата тактика.
Кажи бе брат, кои аргументи ти ги имаш за религија.
Дека Дедо Мраз е Бог?
 
Член од
14 октомври 2007
Мислења
2.674
Поени од реакции
2.731
Да.

За да бидеш верник потребно е да извршиш атентат на умот. Сите верници, па и најинтелигентните меѓу нив, му подлегнуваат на својата потреба за вечен живот, на својот страв од смрта, и вршат газење на умот.
Ооо па честитам! Ти имаш појше ум и попаметен си од скоро 5 милијарди луѓе во светов. Тоа е за почит, не? :) Елита си.


Ако некој постави прашање: "колку е часот" а добие одговор: "Трактор", нормално е да реагира на одговорот.
Јас лично сум поставувал прашање од типот: "Зошто Бог воопшто допуштил ситуации и особини за кој подоцна ќе казнува" за да добијам одговор: "магарето не одговара за тоа што не е во неговата природа", со други зборови - Трактор.

Велиш дека мора да се помириш со неговиот одговор. Но што со фактот дека тој врз основа на тој одговор носи суд за мојот начин на живот, размислување и дејствување? И спремен е тој "одговор" да го наметне глобално?
Ај со твоиве парафрази и карикирања да продолжам..
Кога прашуваш колку е часот, прашуваш за да дознаеш колку е часот(претходно не си знаел). Ако ти уствари знаеш колку е часот и добиеш одговор Трактор зошто би го дискутирал одговорот?

Ај да пренесам сеа конкретно.

За вистините и смислата на животот, конкретно ти како телемит имаш свое сфаќање (знаеш колку е часот). Од муслиман добиваш одговор Трактор. Ама ти и покрај тоа што уствари имаш свое сфаќање го дискутираш неговото затоа што не се согласува со твоето.

Се согласувам, тој носи суд за твојот начин на живот, ама поентата ми беше обратна.

Дали ТИ врз основа на неговиот одговор кој си го добил носиш суд за неговиот живот, размислување, дејствување? Дали Ставрогин погоре донесе суд? Дали ти со тоа што си спремен секој верник да го убедуваш дека тоа во што верува е глупост која може да се собори во дискусија, не си тој кој глобално го наметнува тоа свое убедување?

Ако одговорот Трактор за него има смисла и значење, а е предмет за кој според неговата конфесија не се дискутира, не можеш да влезеш во мисија да го собориш, затоа што тогаш своите сфаќања ќе ги судриш со неговите, а тоа ќе те направи ист “верник“ во своето као него.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ооо па честитам! Ти имаш појше ум и попаметен си од скоро 5 милијарди луѓе во светов. Тоа е за почит, не? :) Елита си.
Останува уште една милијарда, не е тоа доволно елитно за мојата суета.

;)

Чисто процедурално, ти верник си?
 
Член од
14 октомври 2007
Мислења
2.674
Поени од реакции
2.731
Останува уште една милијарда, не е тоа доволно елитно за мојата суета.

;)

Чисто процедурално, ти верник си?
Небитно и не сакам да ти одговорам. :)

Ако ти помогне, само ќе ти кажам дека јас воопшто не мислам дека некој муслиман/христијанин/хиндус/будист е поглуп и поназаден од мене.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Небитно и не сакам да ти одговорам. :)

Ако ти помогне, само ќе ти кажам дека јас воопшто не мислам дека некој муслиман/христијанин/хиндус/будист е поглуп и поназаден од мене.
Битно е, но твое право е да не ми одговориш. Поназаден е непрецизен термин, верниците се виновни за злосторство против умот, против единственото нешто што им помогнало во животот.

 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Небитно и не сакам да ти одговорам. :)

Ако ти помогне, само ќе ти кажам дека јас воопшто не мислам дека некој муслиман/христијанин/хиндус/будист е поглуп и поназаден од мене.

:facepalm:

Тогаш проблемот е кај тебе, не кај верниците.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom