- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 1.644
- Поени од реакции
- 1.677
Ако Русија не ставеше вето во СБ, тогаш САД дефинитивно ќе ја нападнеа Сирија.
Но не се случи тоа.
Пробаа да ги испровоцираат Сиријците преку Турција во неколку наврати, (како напад врз членка на НАТО) но Сирија изигра паметно и не одговори на провокациите.
Гледам последно време играат на картата дека Сирија користи хемиско оружје, па САД "мораат" да интервенираат за да спречат масакри врз невиното население, но повторно не им оди од рака.
Сега на голема рака влегува одбранбено Руско оружје во Сирија, кое од воен аспект превентира воена интервенција.
Или кажано со други зборови, Русите навистина не дозволуваат странска интервенција врз Сирија.
Најверојатно се додека не се испазарат и да извлечат максимум.
Можеме да вртиме во круг вака со денови.
Ти тврдиш дека Русите ја бранат Сирија на два начина.
Советот за Безбедност во ОН + продажба на оружје.
Јас ти давам пример дека истите тие механизми не го заштитија ни Ирак, ни Србија.
Русија и тогаш се закани со вето во ОН и му продаваше оружје на Садам. И колку тоа му помогна на Садам?