Како да се откажете од цигарите?

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ја прочитав првата реченица и го затворив, вели долго време сте размислувале да прекинете со пушењето, автоматски не е за мене :)
Никад не сум помислила да ги откажам. Има ли некој план ваков како да ти појави прво желба да ги откажеш?
 
M

Muranyi

Гостин
За да ги откажеш цигарите,потребен е доживотен план и пред се,психичка подготовка и силна волја.Познато е дека пушачи кои ги оставиле цигарите,постои веројатност повторно да пропушат и после неколку години.Најважно е да не се подлегне на внатрешниот глас,кој те тера да запалиш "само една" цигара.
 
T

Tamora

Гостин
Ја прочитав првата реченица и го затворив, вели долго време сте размислувале да прекинете со пушењето, автоматски не е за мене :)
Никад не сум помислила да ги откажам. Има ли некој план ваков како да ти појави прво желба да ги откажеш?
Хм до сега не си почуствувала тегоби , наутро кашлица , недостаток на енергија , немање кондиција посебно ако се занимаваш со спорт а реално и париња бегат :)
 
Член од
22 јануари 2013
Мислења
481
Поени од реакции
669
и кај мене беше од здравствени причини , претходно пробав да ги оставам ама нон стоп се мачев само таму умот ми работеше , се дури еден ден не отидов случајно да вадам лекарско уверение и ми ја снимаа плуќата .
Реакцијата на докторката беше страшна , почна да прашва па колку години пушиш по колку пакети .Јас и ја кажав вистината една пакета ја терам 2-3 дена .Жената не ми веруваше , ете кај мене цигарите ептен негативно влијаеа на здравјето . Послем препораката да ги намалам јас скроз ги оставив , не ми текна уште еднаш да запалам .
Сакам да ви укажам дека има начини милион доколку сакате да се оттарасите , не ви требаат никакви акупунктури , прирачници или електронски цигари .
Сите си велат абе дедо ми пушеше 50 години со скинат филтер и еве го тера уште , и татко му пуши по 2 пакети 40 години веќе ама кај мене ситуацијата беше поинаква + тогаш имав 25 шо ќе се десеше ако терав така уште 5 години . Така да не се лежете еднаш се живеј или сите пушат , јас ви препорачвам дури е по совреме да ги баталите и да ги замените со здрава навика на тој начин ем нема да бидите нервозни ем нема да се прејадувате во моменти на криза
--- надополнето: 9 јуни 2013 во 17:15 ---


Сите така се лажиме , а кафето без цигара е многу поубо и арома и се ќе осетиш вака ништо само чад и горчина во устата :) Факт е дека на пушачите му се отупени сетилата за благо солено пробај неколку дена па ќе видиш дека е вистина ова шо ти го велам


Потполно се соглaсувaм. Не сaмо што штетaт нa здрaвјето, туку и рaздрaзливa, нервознa те прaвaт. Периодот когa не пушев јaс се чувствувaв релaксирaно, смиренa бев.. некaко по стaбилно делувaв, сегa пaк истaтa песнa.. немaм желбa 23 год имaм, еве сегa дa се одлучaм сaмо со кaфе дa пијaм, би можелa без проблем, но знaм декa во друштво губaм контролa.. не е солуцијa постепено, лекот ми е нaеднaш! Се нaдевaм декa ке се одлучaм зa тaков потег.
--- надополнето: 9 јуни 2013 во 17:25 ---
Ја прочитав првата реченица и го затворив, вели долго време сте размислувале да прекинете со пушењето, автоматски не е за мене :)
Никад не сум помислила да ги откажам. Има ли некој план ваков како да ти појави прво желба да ги откажеш?

Истиот проблем. Немaм желбa.
 
T

Tamora

Гостин
Разбирам и јс го поминав истото , проблемот е како ќе се реагира кога пиете кафе те нудат цигара тек ако се пие алхохол :vozbud:, на почеток избегавај кафе алкохол се зголемва желбата за цигара :)и истрајност друго чаре нема , првите неколку пати е тешко знајш и сама послем е полесно (y)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Хм до сега не си почуствувала тегоби , наутро кашлица , недостаток на енергија , немање кондиција посебно ако се занимаваш со спорт а реално и париња бегат :)
Секако дека кашлам наутро, имам киселини, немам енергија, помислата дека досега наместо цигари ќе си купев стан е тука, али 15 години ни еден ден не сум помислила да ги откажам. Пострашна ми е помислата дека станувам на сабајле и некој ми ги скрил кафето и цигарите, одколку да цркнам од кашлање.
 
K

kalimer0

Гостин
Најјако ми беше кога ги оставив и после 2 дена со другариве јадеме пица и после тоа ми викаат ајде запали еднаш се живее, едниот извадил Малборо другиот Винстон :facepalm:

Нормално тоа кај мене имаше контраефект, кога некој упорно ми нуди нешто големи се шансите да го одбијам.
 

Hiryu

H+
Член од
5 мај 2013
Мислења
674
Поени од реакции
848
Значи несакам да ги откажам, несакам бидејќи не ми сметаат.

Бре 7 ронхил цигари со 0.4 катран и никотин е преголем ќејф.


Доколку имате редовна физичка активност и хигиена (мислам на забите) некои посериозни последици нема да има но нели цигарите мора да ги обвиниме за се за нормално да скриеме дека останатите 90% производи кои ги купуваме даваме пари за нив и излегуваме насмеани(нешто као здраво е млекото уау, виршлите исто уау мрсното боо) и така сите ќе покажат со прст на цигарите.

Инаку ќе ги откажам цигарите ако го вратат млекото со алфа токсин не за друго мора нешто да примам...канцерогено.

Друга работа се е психички, ми имаат кажувано луѓе кои пушеле по 15 години и кажуваат на 3-4 месеци им паѓа тешко ама многу тешко за цигара но ете издржуваат, и мене ми паѓа тешко за цигара, ама не од неа.
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.149
Поени од реакции
5.898
Без државна кампања нема масовно одвикнување имаш милион методи и пак нема ефект.
Зошто е должна државата да троши пари за луѓе што самите решиле да си го уништуваат животот? o_O
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Зошто е должна државата да троши пари за луѓе што самите решиле да си го уништуваат животот? o_O

Како што е во секоја нормална држава во светот државата почнува битка бидејќи наместо кај младата популација да се намалува бројката таа кај нас се зголемува. Прв чекор зголемување на астрономски цени на цигарите, втор забрана за продавање на цигари на малолетници, трет чекор целосно обележување на кутиите со грди слики без името и марката...
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.678
Без државна кампања нема масовно одвикнување имаш милион методи и пак нема ефект.
Зошто би го направила државата тоа кога вади милиони евра годишно од пушачите?:eek:
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Абе какви програми, какви електронски цигари, никотински фластери и други глупости...
Викаш од денес не пушам и готово, а не да чекаш дека демек некоја програма или никотински фластер ќе ти помогне
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.691
Поени од реакции
4.439
Ја прочитав првата реченица и го затворив, вели долго време сте размислувале да прекинете со пушењето, автоматски не е за мене :)
Никад не сум помислила да ги откажам. Има ли некој план ваков како да ти појави прво желба да ги откажеш?
Ова мислам е повеќе прашање на перспектива...
Не можеш на дете што од мало гледа само облаци да му објасниш што значи да те огрее сонце.

Прво нешто како што кажаа веќе се е до психата.
Треба да застанеш и да се запрашаш што е тоа што го губам со пушење на цигари, а што е она што го добивам.

Здраво тело здрав дух

"No man has the right to be an amateur in the matter of physical training. It is a shame for a man to grow old without seeing the beauty and strength of which his body is capable."
И ова е исто како она погоре не е можно да му објасниш на некој што не е физички спремен што значи да се чуствуваш удобно во своето тело, да имаш целосна контрола.Да немаш болки било каде на телото.Да си поотпорен на замор и стрес.

Како ќе му објасниш на пушач дека кога ти ќе земеш длабок здив не е исто со она што тој го прави?

Ризик од рак.
Жолти заби.
Пари кои би можеле да се употребат на други нешта кои би донесле вистинска исполнетост за разлика од лажната среќа од цигарите.

Најверојатно и низа други негативни работи.


Што е позитивно?

Ќе си имаш муабет со други пушачи.
Моментална лажна среќа како резултат на тоа што никотинот му наредува на мозокот да пумпа допамин.


На крај на тебе останува(т.е било кој пушач) да си направи математика што му е приоритет во живот што е она што го прави среќен/на.

Еве пак ќе кажам се е до психата тие приказни 5 чекори до среќата, формула за успех во животот се приказни за мали деца и несигурни тинејџери.

Секој со просечно ниво на интелегенција би требало да препознае вакви аспирациони пораки кои се позитивни, но во глобала се само уште еден начин на манипулација.

:гик:
--- надополнето: 9 јуни 2013 во 19:28 ---
Зошто би го направила државата тоа кога вади милиони евра годишно од пушачите?:eek:
А колку милиони евра губи кога тие пушачи треба да се лекуваат?
Не би рекол дека државата има голема корист од нација на пушачи.
 
Член од
30 август 2009
Мислења
262
Поени од реакции
78
незнам дали постот е на право место ,доколку не е модераторот може да го избрише :confused: значи почетник сум, ного ретко пушам ...до сеа не сум зимал кутија само позајмував :Dама некогаш од нервоза имам потреба од такво нешто ,теблети -NO значи се одличив за првото ...какви би препорачиле ? Davidoff ? какви се , или од тиа женцките (тенките мислам):свиркам:
 
Член од
10 јуни 2013
Мислења
42
Поени од реакции
16
Здраво.
Пред ви посакувам добредојде на сите кои ја читаат темава. Ќе почнам веднаш.
Бев долги години пушач. Некаде од 7мо. Сега имам 27. Нередовно пушев и тоа ме спаси мене и мојот глас. Да појаснам јас сум пејач, цигарите се убиец не само на моето здравје туку и на професијата. Нередовен пушач значи: денес пушиш, 2 недели не, 1 година да, 2 години паузираш и сл. ( пример )
Без разлика какви цигари пушев најдував секојдневно на тешкотии. Омалаксаност, немоќ, немав желба за ништо. Не значи дека секогаш беше вака, но претежно да. Тоа го сватив одкако прекинав со пушење. Јас сум личност со цврст карактер и силна волја. Не беше доволно. И покрај тоа што бев свесен колку многу ми штетат јас бев убеден дека сакам да пушам и мислев дека си скратувам задоволство со тоа што морам да престанам. Оваа теорија ја победив. А и сите други воедно. ПУШЕЊЕТО Е ЗАВИСНОСТ КОЈА ЛЕСНО МОЖЕ ДА СЕ ИЗЛЕЧИ.
Токму и затоа ја пишувам темава. Мене ми помогна, на мојата сопруга, на мојте пријатели.
Можеби сте слушнале за книгата: " Лесен начин да ставите крај на пушењето " од Ален Кар. Да тоа е тоа што ми помогна. Верувајте. Јас бев личност како вас. Велев не ми требаше книга да почнам, па не ми треба да ги прекинам. Но бев разочаран после толку обиди и решив да одвојам 4-5 часови да ја прочитам. Неверојатна е. Ја пишувам темава затоа што сакам да му помогнам на сите оние кои имаат тешкотии со откажувањето од никотинот. Не сум никаков член или продавач или нешто слично. Не правам профит од ова. Задоволство ми е да ви пренесам дека успеав да ставам крај на пушењето 100 пати полесно. Можете да ја најдете книгата ја има низ македонија не е скапа 200ден некаде. Верувајте помага многу. Ако сте непушач подарате му ја на свој близок. Ќе му направите услуга. Мене ми помогна, зошто да не и вас ? Ако мислите дека правам профит од ова или нешто сл. побарајте на интернет: "Easy way to stop smoking by Allen Car". Ќе се уверите. Уствари 200 денари се 4 кутии цигари ( родео кои се пушат најчесто во МКД ). Така да ако сте дали толку многу пари на никотински мастики и сл кои се безвезе, тогаш нема ништо да ви сменат.
Поздрав.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom