@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.117
Биволите со право се нарекуваат вистински еколошки животни, коментираат жителите на Дебреште.
Тие сакаат многу вода и кал, се валкаат во калта со часови, а потоа сакаат да се искапат во река, трошат малку храна и исклучиво природна, имуни се на речиси сите болести кои ја напаѓаат другата стока, не фаќаат мастит, за нив не се лепат крлежи и красти, нивното месо и млеко се без холестерол. Живеат во просек по 17 години.
Особено е карактеристично нивното многу специфично и здраво млеко, чија масленост е 9,2 проценти. Кравјото млеко има максимум масленост од 4,2 проценти. Според тоа, и откупната цена е речиси двојно повисока.
млекото може да се пие само ако е помешано со вода. Такво мора и да се вари, во спротивно загорува тенџерето.
Според постарите луѓе, млекото од биволица е добро за јакнење на имунитетот, против анемија, за болните од туберколоза, за дијабетичарите..., а од маста на млекото се прави маст против изгореници и други кожни болести. Затоа, не е чудно што во Дебреште често доаѓаат луѓе од секаде од Македонија за да купат такво млеко.
Една биволица во текот на денот дава од 12 до 14 литри млеко, така што, доколку се зголеми бројот на биволиците, а оттаму и количествата на млеко, едно семејство може солидно да живее од неговата продажба. И можеби во иднина и да инвестира во некаков бизнис или изградба на млекарница.
проблем е и тоа што во Дебреште нема лактофризер во кој подолго време може да се чува млекото на одредена температура без да се расипе.
Во секој случај, Дебреште има солидна база да прерасне во центар за производство на биволско млеко во поголеми количества.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=3D56BAEB3B92FC4EA4AC78E6C70EC5F2

А забораив многу време посветуваш на теретаната па верувам не би нашол време да ја напасеш и напоиш 100ката.