За утре.
Atletico-MG - Gremio 1 (2.15).
Мислам дека е време за победа на бандата од Роналдињо. Шест натпревари немаат победа, последни се на табела после 3 одиграни кола, а го имаат можеби најдобриот тим во лигата. Причината за тоа ја гледам во настапите во Копа Либертадорес. Секогаш пред да настапат во КП, ги одмораа главните играчи (да се живи и здрави, добри пари фатив играјќи против нив
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
).
Сега, откако се пласираа во полуфиналето, може малку да здивнат и да го консолидираат тимот. Следен натпревар во КП играат дури на 4 Јули.
Минатото коло против Сао Паоло имаа доста шанси и удари на голот, но немаа среќа.
Коефициентот за кец е одличен, Гремио се слаби на гости... би требало да биде 1, барем вреди ризикот, добар е коефициентот.
Исто така, за утре разгледајте ги
Brunei DPMM - Warriors и
Ham-Kam - Strømmen, можно е да има соработка помеѓу екипите, или можеби чиста коинциденција... На вас е да одлучите.