Верноста, некогаш - би издржале ли сега

N

Nessa Alcarin

Гостин
Има една разлика само во постот на Анчо и сегашната ситуација. Кога генерацијата на Анчо заминувала во војска, девојката со сигурност знаела дека кога (ако) ќе се вратат ќе има свадба. Знаеле и родителите, знаеле и пријателите, сите знаеле какви им се плановите, зошто тогаш таква била ситуацијата за повеќето млади парови. Завршуваш средно, одиш војска, девојка ти те чека, се враќаш, правиш свадба, па дете. Сега сите тие што заминуваат, најчесто по работа, не се знае дали ќе се вратат и дали кога ќе се вратат ќе сакаат пак да бидат со својата избраничка која ја избрале пред да заминат. Плус во војска немаш многу шанси за маневрирање и запознавање девојки, со тоа се создава некаква лажна сигурност дека дечкото нема да има можност да ја изневери оставената девојка, па пак ќе кажам се дава надеж дека кога ќе се врати ќе има свадба. Затоа девојките од тоа време се држеле за таа лажна надеж. (Мада дедо ми кога бил војска, партизан ако не беше, ми кажуваше за една мед. сестра од Битола која му остана жарче се додека не почина. :) )
Во денешно време се знае, замине ли од државата, не се враќа. Или ќе те земе и тебе после 1-2 години или ќе ти раскине преку скајп (ќе си најде странќиња, софистицирана, отмена) а ти веќе две години постара и со сите филмови и планови во неповрат. Денешните жени одат на сигурно. Ако жената познае дека нешто не е како што треба во овие две години, нај нормално ќе си бара друг партнер за остварување на крајната цел. Такви не направи животот, никој не е крив. Ако во минатото (блиско минато еве на моите родители) се знаело дека првата женска што ќе ја фатиш ќе ти биде и жена во 90% од случаите, ова правило денес не важи.
 
Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Темава ме потсетува на песнава.
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
неса, па мора да се испита теренот, ако не пробаш и пепси, нема да знаеш дека кока колата е подобра (субјективномислење) :P
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.784
Nessa, јас пак не гледам ништо погрешно во ова ,поновово,.
Во времето на моите и твоите родители, дури и да се свесни оти не им е место да формираат семејство, сепак го правеле тоа заради ,,срам,, , ,,чест,, и останати измислени стеги.
Подобро е и двајцата да живеат среќен живот, отколку да се чекаат заради некакви си ,,ветувања,,.
На крај краева, не мораат да бидат неверни за да сфатат дека не се еден за друг.
--- надополнето: 8 јуни 2013 во 02:51 ---
неса, па мора да се испита теренот, ако не пробаш и пепси, нема да знаеш дека кока колата е подобра (субјективномислење) :P
Да, да, ама субјективно на девојка ти само Кока Кола и даваш чинам... :D :D
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Nessa, јас пак не гледам ништо погрешно во ова ,поновово,.
Во времето на моите и твоите родители, дури и да се свесни оти не им е место да формираат семејство, сепак го правеле тоа заради ,,срам,, , ,,чест,, и останати измислени стеги.
Подобро е и двајцата да живеат среќен живот, отколку да се чекаат заради некакви си ,,ветувања,,.
На крај краева, не мораат да бидат неверни за да сфатат дека не се еден за друг.
--- надополнето: 8 јуни 2013 во 02:51 ---

Да, да, ама субјективно на девојка ти само Кока Кола и даваш чинам... :D :D
па не сакам да бидам од оние “радуј се куре на пијано пиче“ :pos:
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Добро бе, не мора да пие, понуди и да бира меѓу Сникерс, Милка, Кит Кат... ехеее, избор колку сакаш ;)
хахахахха, се гледа кој е по благото :)
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Да Пумич, но сепак мислам дека сигурноста во врската не тера да бидеме верни. Ако се знае дека таа врска ќе заврши со нешто повеќе (се разбира брак), тогаш вреди да се чека. Но ако и после две години не се ни направило муабет за брак или еве за враќање дома, тогаш мислам дека не би било фер ни кон девојката/дечкото да очекуваш да те чекаат. Се може да се случи кога сте разделени. Прво што ќе ти дојде на памет е муабет од стилот - Е од кај да знам дека тој ми е верен мене, кога секоја вечер е опкружен со Германки (пр.) Прво доаѓа сомнеж, па и нај мала ситница може да ти „докаже“ дека сомнежот е вистина, па после следува процес во кој сакаш со сигурност дечкото да ти потврди дека тебе ќе те земе за жена и тебе ќе те сака и ако не го добиеш тоа имаш зелено светло да си ги пробаш шансите на друго место, а во ист момент да си чуваш златна резерва, велејќи си „Можеби ќе му се промени мислењето“
Јас не велам дека не постојат и такви девојки кои би чекале и до гроба за некој. Но во тие случаи повеќе боли кога ќе те заебат и се мислиш на сите добри шанси кои си ги пропуштила. :)
 
A

AnFem

Затоа сега постојат скајпови и остали програми кои овозможуваат бесплатна 24/7 комуникација. Има да дреме по цел ден на камера, да не смее да мрдне никаде!
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Затоа сега постојат скајпови и остали програми кои овозможуваат бесплатна 24/7 комуникација. Има да дреме по цел ден на камера, да не смее да претне некаде!
Абе Стојне, ќе дреме првиот, вториот, третиот месец... па не е убаво да му забраниш да се дружи во слободно време. :) Плус ако има предиспозиции да изневерува, може тоа да го направи кога сака и со кој сака, а пак да има 24/7 комуникација. :)
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Абе Стојне, ќе дреме првиот, вториот, третиот месец... па не е убаво да му забраниш да се дружи во слободно време. :) Плус ако има предиспозиции да изневерува, може тоа да го направи кога сака и со кој сака, а пак да има 24/7 комуникација. :)
баш така, скајпот и сл може да послужи само за ублажување на “носталгијата“
 
W

Werther

Гостин
Абе Стојне, ќе дреме првиот, вториот, третиот месец... па не е убаво да му забраниш да се дружи во слободно време. :) Плус ако има предиспозиции да изневерува, може тоа да го направи кога сака и со кој сака, а пак да има 24/7 комуникација. :)
Купи му Google Glasses. Ем ќе шета, ем ќе знаеш кај е и шо праи.

:D
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Купи му Google Glasses. Ем ќе шета, ем ќе знаеш кај е и шо праи.

:D
Абе пред компјутер ќе го гледаш од половината нагоре, а од кај знаеш која му е пикната под биро? :) Добро можеш да му кажуваш да станува од столче на секој 5 мин. за да се увериш дека не прави ништо, но тогаш ќе личиш на тотално растроена личност.
Или пак, како што слушнав тука на форум, Ај уклучи правосмукалка, да видам дали си дома. :facepalm:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom