НАДОПОЛНУВАЊЕ НА ВЧЕРАШНИОТ ПОСТ........AKO MOЖАТ МОДЕРАТОРИТЕ НЕКА ГИ СПОЈАТ ДВАТА ПОСТА ВО ЕДЕН
Или да се отвори тема ПАТОПИСИ ?
Од местата кој секој би требало да се посети се
Blue Cave каде велат имало делфини и кога се влегува со бродот, капетанот испушта звуци за да ги повика (ние не видовме ДЕЛФИН, а претходниот ден што запознавме луѓе на плажа виделе)
Еве ја пештерата
При шетањето низ островот имавме среќа и видовме желка од видот Careta-careta и тоа на реон 500 метри од плажата Аргаси (на истокот од островот каде што обично во овој период не одат желките)
Ова се Keri caves
Плажата Банана бич гледано од брод....
Ова е
најубавата плажа бр.1 во Грција и се брои во најдобрите 10 во плажи во Европа, плажата Navagio или Shipwreck
Секој што доаѓа обавезно да ја посети плажата е лудило.....не можам да опишам каква атмосфера владее на плажата, па и потонат пиратски брод од педесетите години. Ова мора да се доживее
Ова е плажата која ја нарекуваа Havana заради истоимениот кафич а се наоѓа во продолжение или на крајот од плажата Лаганас (најлево)
Ова местенце беше најубаво во Лаганас и често го посетувавме зашто од сместувањата во Лаганас е оддалечено 1-1.5 км, знам дека 2 лежалки со чадор беа 6 евра а со тоа имаше користење на билјард, пинг понг а и плажата на овој дел беше средена без пикавци, ѓубре што не беше случај за останатиот дел од плажата во Лаганас.
Ова е гледано од плажата Лаганас, поточно на најдесната страна на плажата Лаганас се наоѓа мало островче кое го викаа Cameo island koe е споено со плажата со дрвен мост (околу 100м), овој остров-кафич-плажа е од затворен тип и за влез во него се плаќаше по 6 евра од човек преку ден, додека навечер доаѓаа познати диџеи и се правеа журки.
Јас мислам дека беше доволно и се надевам ќе помогне на многумина да се одлучат за летување во Закинтос, напомена повеќето слики што ги поставив се мои и се што е прикажано е реално.
Се обидов да илустрирам парче од летувањето во Закинтос, доколку ви требаат било какви информации за островот пишете