Крвав петок во Турција

  • Креатор на темата Креатор на темата .Sky.
  • Време на започнување Време на започнување
Во живо... колони автомобили и приврзаници на Ердоган се упатуваат кон Аеродромот да го пречекаат!

http://www.videotikla.net/2013/06/basbakan-erdogan-karslama-toreni-izle.html
--- надополнето: 7 јуни 2013 во 00:06 ---
Море човече што ја мешаш Ергенекон со оваа работа дај да ти кажам поубаво што е работата во Турција.
Пред некој период владата на Ердоган забрани да се конзумира алкохол од 22 до 06 сатот на утро и тоа предизвика револт кај народот потоа од опозициските партии имаше силни критики кон ова. Е да ти кажам ова беше почеток па потоа се појави во јавноста вестта дека во Таксим Гези паркот што е центар на Истанбул ќе се гради трговски центар и поради тоа младите преку социјалните мрежи почнаја да се договараат за протести и како и секогаш полицијата употреби солзавец и камион што прска вода со висок притисок што во турција ги нарекуваат тома а тоа солзавецот во турција е секој дневие што за нашиве граѓани тоа е нешто многу екстремно затоа што нашиве луѓе кои што протестираат од кога ќе ја видат полицијата пред нив и почнуваат да бегаат а тоа во Турција не иди во предвид.
Потоа со помош на соицијалните мрежи и со идејата опозоцојата ова да го искористи обичниот протест кој беше во значителна мера бранење на дрвјата во паркот порасна во голем протест против владата на ердоган кој што со години ја исламизира Турција.
Е бато таа е работата во Турција нема никаква врска со Ергенекон а ниту со пролетта од Египет или пак од Либија.Таму младите се борат за своите права до својата последна капка крв да ти кажам и уште нешто тие таму што протестираат спијат навечер во шатори во паркот и имаат направено штандови каде што народот му носи храна вода за пиење и други производи за младите кои што се делат бесплатно за да можат младите а и сите познати славни личности да можат рајат да протестираат

Точно е све то. Ама големи се индициите дека Ергенекон стојат зад ова, како за многу вакви случки кога паѓале влади во Турција, сепак времето ќе покажи, кој е во право... јас или ти ;)
 
Турција моментално има раст поради некоја добра економска политика, инвестиции од турската дијаспора како и големи инвестиции од странски капитал последната деценија и интерес на Европа и Америка Турција да е денес таква каква што е, но Турција неможе да биде регионален играч во иднина, а камоли светски играч од една проста причина-Курди !

Еве зошто:

Фертилитетот на Курдистанките во Турција е многу поголем од тој на Турчинките, па затоа и Ердоган предупредува на тоа. Ако демографски продолжат во оваа темпо Курдите ќе се дуплираат за 30 години со што значително ќе се и зголеми нивниот апетит за своја држава со што ќе има многу крвопролевање во Турција.

И, не се само Курдите, туку има и други малцинства коишто и не се баш така многу лојални спрема Турција.
 
20402860.jpg
 
Познато е дека САД се залагаат и го помагаат формирањето на исламска оска преку Босна,Косово,Албанија,Македонија,северо-западна Грција.Турците им се директни извршители кои ги помагаат овие исламизирачко-сепаратистички процеси.Така да ова што се дешава у Турција е во корист на Балканот.
 
Турскиот народ, вчера јасно покажа и докажа на светот дека за нив постои само еден лидер. За 3-4 сати спонтано се собраа преку 100.000 подржувачи на политиката на Ердоган да го пречекаат на аеродромот Ататурк во Истанбул. Од вчера вечер Турција веќе не е таа, каква што ја познавате!

969802_666017506748489_438946278_n.jpg


6510_665957643421142_1312682075_n.jpg


923273_665781406772099_78906666_n.jpg


601017_548939658501680_1976879503_n.jpg


431890_548697201859259_1042073231_n.jpg


969064_548700315192281_1373027514_n.jpg


945665_548979435164369_214178061_n.png


946701_382353601881422_1914629457_n.jpg


419157_548916718503974_2123812070_n.jpg


943273_548927085169604_1206746605_n.jpg


994310_382541198529329_1319652265_n.jpg


944344_382342728549176_426172557_n.jpg


936525_382346875215428_2016120780_n.jpg
 
За плоштадот протестираа граѓани на Истанбул.Ова се провинцијалци донесени со автобуси од села и затуцани делови на Турција,нешто налик ко што собираат Бранко и Грујо на нивните митинзи и протести.Спонтано жими ..
 
Ердоган планира да го демолира паркот и покрај протестите. Изгледа ептен личн ја сфатил оваа работа, како и секогаш.

Видео и известување овде.

"Има еден проблем наречен Twitter, и таму можете да најдете секакви лаги. Онаа работа наречена социјална медиа и најголемиот проблем за општеството денес" - Ердоган.
 
Ердоган побара поддршка и од братското Скопје

На плоштадот Taксим ќе никне и џиновска барокна опера, соопшти попладнево турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, зголемувајќи го револтот на демонстрантите.

http://www.kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=9307
 

Повеќе од смешна е тезата,дека,Ердоган само затоа што е сунит,е во добри односи со Башар.
Турција едноставно не сака да си го валка името во муслиманскиот свет,оттаму доаѓа воздржаноста во однос на ситуацијата во Сирија.
Од друга страна пак,бунтовниците(јас би кажал терористите) во Сирија се исклучително сунити,за разлика од Башар,кој припаѓа на алевиите кои претставуваат малцинство во земјата.
Се надевам дека Ергодан е против движењата на Блискиот исток,иницирани од вахабизмот и салафизмот кои на големо се инсталираат по наводната "арапска пролет".Турција веројатно,е клучот на сето тоа што ќе се случува во иднина и од кое зависат многу работи кои ќе ги дефинираат односите во светската геополитика во иднина.
 
Колку ли само ми е позната ситуацијава со "контра-протести" (термин кој постои само во македонија и турција) само никако не можам да се сетам од каде... :confused:
 
За плоштадот протестираа граѓани на Истанбул.Ова се провинцијалци донесени со автобуси од села и затуцани делови на Турција,нешто налик ко што собираат Бранко и Грујо на нивните митинзи и протести.Спонтано жими ..

2011_Turkish_general_election_english.svg


Ниту Истанбул, ниту Измир, ниту Анкара, ниту Адана не се затуцани делови на Турција! Едноставно, мора да го прифатиме фактот дека луѓето во Турција го сакаат Ердоган и тоа мора да го почитуваме.

Дали ваквата подршка ќе биде погубна за Турција ќе покажи времето. Моја забелешка е, дека малце повеќе од колку што треба е нападен во говорите, па на пример вчера вака изјави:

„Драги граѓани на Истанбул! Ниту една сила освен Алах, не може да го сопре развојот и просперитетот на Турција!...“

Неговата партија (AK partisi) се вика - Партија на развојот и правдата. Дали со ова сакаше индиректно да кажи дека, нема жива сила која би ја спречила власта на неговата партија?!?
 
Одлична колумна од 2006 на поранешниот амбасадор Трајан Петровски во која доста прецизно објаснува како Ердоган стига до власт и ги прескокнува инструментите што би требало да спречат таква партија да се издигне.

http://star.utrinski.com.mk/?pBroj=1015&stID=6286&pR=4
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom