Дали вреди да се биде добар?

Според мене треба човек да е добар, но во мера. Биди добар кон сите и прави добро но притоа и биди храбар за да се сносиш со последиците.. Да не те уништи злобата во луѓето со нивното искористување.
Биди добар и доколку видиш дека некој не те цени, бриши го од животот.
Но и премногу добро не чини. Некогаш кога некој постојано по ќејфот ти оди, ќе почнеш ненамерно да го искористуваш. Тоа е природата на човекот.
 
Добар треба да си кон луѓе кои можат да ти бидат од корист или да ти помогнат некогаш, дал со пари дал со врски и приатели, не се исплаќа да си добар со сиромаштијата и пролетерската беда.
 
Добар треба да си кон луѓе кои можат да ти бидат од корист или да ти помогнат некогаш, дал со пари дал со врски и приатели, не се исплаќа да си добар со сиромаштијата и пролетерската беда.
Ти во која категорија си. Пролетаријат или владетели?
 
Искрено од ден на ден се помалку верувам во тоа дека вреди да се биде добар.
ВРЕДИ затоа што тоа е една огромна доблест, нешто што треба да потекнува од срцето и нешто што би требало вистински да сакаме да го правиме, а не да се „биде“ добар од корист,но за жал луѓето тоа не го ценат. Напротив, го користат и тогаш те сакаат највеќе, кога им требаш ќе најдат секаков начин да дојдат до тебе, а кога тебе ти треба помош ти го вртат грбот и „ништо не знаат“, „не се во можност да помогнат затоа што на чукун баба им и паднало цевче на земај и тие мора да помогнат“ (ова е иронично,кој сфаќа).
А искрено, за себе е многу поубаво (барем за мене зборувам) да помагаш. кога помагам некому се чувствувам многу исполнето и не барам против услуга никогаш, само се разочарувам што луѓето се толку неблагодарни. Јбг, самите се уништуваме и сами си правиме „крај на свет“. :)
 
599582_466179466784867_1186111109_n.jpg
 
Дали вреди да се биде добар ?

Не./
 
ке го јадеш немиен ако бидеш добар затоа НЕ ВРЕДИ ..
 
секој како ке си заслужи :) не вервам дека има општа дефиниција за ова прашање :)
 
Сите шо се добри би добиле една прегратка од мене.:place: Души
 
Сите шо се добри би добиле една прегратка од мене.:place: Души

И тие што се лоши ќе се подобрат читајќи те :pos:

он топик
Вреди, за лична сатисфакција :) Може нема да добиеш секогаш нешто материјално или помош или емотивно од некој друг, но ќе имаш сопствен мир што според мене е најважно.
 
Универзумов е контролриан од ѓавол, дали правиш добро или лошо на крајот секогаш си во "минус"
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom