Украден идентитет и последици, ве молам за помош!

  • Креатор на темата Креатор на темата templar55
  • Време на започнување Време на започнување
T

templar55

Гостин
Здраво.Неодамна ми се украдени лични податоци, лична карта и банкарска сметка. Ве молам кој е по упатен да ми каже што би можело да бидат последиците од украдена лична карта, но лицето моментално е во USA.
За банкарската сметка не мора да ми кажувате, знам што би можело да се случи и затоа ја замрзнав но што е со останатите податоци ???
Што би можело лице од Америка да направи со моја лична карта во неговата земја ?
 
Ги пријави дека се изгубени/украдени?
Само личната карта ми е украдена... банкарската сметка веќе ја замрзнав така да со тоа ке немам проблем. Е сега работава е може со личната карта да направи нешто во УСА или ке ми го забричи
( извинете на речник ).
И ако ја пријавам личната карта нели пак ке ми го има матичниот број... со тоа нели сум уште изложен на опасност ?
 
Утре пријави ја дека е украдена затоа што ако не ја пријавиш не можеш да докажеш дека ти не си правел одредени работи кои може да се случат во иднина.

Пред некое време имаше судење за слично дело. На човекот му е украдена личната карта и му се злоупотребени податоците, меѓутоа доцна ја пријавил. Во меѓувреме тие што му ја користеле направиле еден куп работи и не може да докаже дека не ги правел тој.
 
Благодарам мн... и извинете што гњавам ама морав да се заштитам.
 
твое е да ја пријавиш полиција совреме со што ќе се заштитиш од проблеми шо ги има направено виновникот со твоите лични податоци. од ко ќе пријавиш џабе му е шо и да прај.
 
Само личната карта ми е украдена... банкарската сметка веќе ја замрзнав така да со тоа ке немам проблем. Е сега работава е може со личната карта да направи нешто во УСА или ке ми го забричи
( извинете на речник ).
И ако ја пријавам личната карта нели пак ке ми го има матичниот број... со тоа нели сум уште изложен на опасност ?

Кога ке ја пријавиш личната карта за изгубена, бројот што е нејзин автоматски се поништува, а со тоа се ,,замрзнува" и целата лична карта од понатамошна злоупотреба како лична карта, е сега ако навлегуваме малце поише зависи колку е ,,стручен" и за што би можел да ги искористи твоите лични податоци, тоа е релативна работа... Опасност секогаш постои да се преставува во твое име, да направи дела во твое име итн итн :) Уште утре да си ја пријавиш, што побргу тоа подобро :)
 
Кога ке ја пријавиш личната карта за изгубена, бројот што е нејзин автоматски се поништува, а со тоа се ,,замрзнува" и целата лична карта од понатамошна злоупотреба како лична карта, е сега ако навлегуваме малце поише зависи колку е ,,стручен" и за што би можел да ги искористи твоите лични податоци тоа е релативна работа... Опасност секогаш постои да се преставува во твое име, да направи дела во твое име итн итн :)
Значи се работи за стручњаци, изгледа со години го прават тоа а никогаш не биле фатени. Е сега во USA што може да направи со моја лична карта којзнае. Мада за секој случај ке ја пријавам. Фала мн за советите.
 
како падна твојата лична карта во нивни раце? то одма требаше да го пријавиш, незнам шо си чекал толку време за личен документ, шо да е одма се пријавува.
 
Значи се работи за стручњаци, изгледа со години го прават тоа а никогаш не биле фатени. Е сега во USA што може да направи со моја лична карта којзнае. Мада за секој случај ке ја пријавам. Фала мн за советите.

Ако се толкави стручњаци, прво што праат е копија со сменета слика и тераат понатаму со работата, ти ако имаш некоја индиција, или се сомневаш во некого покрај тоа што ке ја пријавиш личната карта за изгубена иди пријави и во станица
 
E da DéJà Vu но доцнам 2-3 дена, се надевам не е прекасно.
PsychoalieN како да ги пријавам ? Може некако онлајн да пријавам во полиција во Атланта ?
 
Ти во уса си или во мк? Ако си во уса ке пријавиш во најблиската полициска станица да пратат писмо до македонскиот конзулат или амбасада дека ти е изгубен личен документ, ако си во мк ке пријавиш во службен весник а потоа и во станица дека имаш основани индиции кој би можел да биде тоа и они по службен пат ке си пратат барање до Аталанта или каде и да било и ке чекаш одговор. Но во секој случај мора да ти биде пријавена за изгубена.
 
Во мк сум, благодарам мн, ова ми изгледа како најдобро решение
 
Нема проблем :) Уште утре иди во станица и во службен весник, ако си по интернетот еве ти и онлајн http://euslugi.slvesnik.com.mk/Announcements.aspx да ја пријавиш. и тоа би било тоа.. Се надевам дека ништо никој не ти направил бидејки искрено нашиве лични карти се далеку од биометриска лична карта каква што треба да биде со сите нишани и заштити :)
 
Фала многу за советите, цепам на спиење ( барем ке пробам ) и извинете што ве испозамарав. Се надевам се ке биде ок. Поздрав до сите, се читаме.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom