Имаше 50% поддршка пред протестите, ќе изброи после протестите колкава му е поддршката.
Од после може кој сака да се приклучи. Опозицијата во Турција е налик нашава, колку што нашава има капацитет да поведе протест толку и нивната. Али секако е во нивна корист да се приклучи, но во никој случај тоа неможе да биде организирано од опозиција. За таква лавина на млади луѓе, тешко за 2 саати да може некој да организира.
И најинтересно во вакви ситуации ми е што увек се бара кривец во странски агенти, тие зачарани кругови тоа насочување на прстот кон некого, теории на заговор (во кој никогаш не сум верувала), наместо да седне и да размисли со прст на чело. Чекај бе јас на тв не им дозволувам да видат што се случува на улица, им го изгаснив интернетот за да спречам проток на информации и дадов дозвола на полицијата буквално да разнесува демонстранти, кои црни странски агенти ги барам за овој гнев?