Крвав петок во Турција

P

PewDiePie

Гостин
Турциве нашле па зашле ебате. Имаат се што им треба и како држава и како општество,економијата им цвета.Ердоган ги направи држава а не класична муслиманска циганарија. Али ај,лето иде па мора негде да се издува народот.

Колку глупи постови на темава,зошто ние не сме протестирале хахахаха па излезете протестирајте бе,кој ви брани,чудо како само ес де ес ориентирани глумат револуционери. ;) Во Турција демек протестираат за парк да не биде направен во трговски,ама таму има 1001 трговски,а кај нас што има,штала комунизам и брутализам. Ние еден МекДоналдс не можеме да задржиме во државава уште за протести сме,уште да уназадиме,малце сме уназадени со 500 години турско и 50 години комунизам.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Еве некои интересни податоци кои не се на одмет да се знаат.

Турција пред Ергоган и сега:


Долг према MMF 25,6 милјарди USD (2001), 0 $ (сега)
Инфлација: 68% (2001), 6,5%(сега)
Извоз: 25 милјарди (2001), 151,8 милјарди (сега)
Бруто општествен производ: 230 милјарди (2001), 770 милјарди(сега)
Реален економски раст: -9,4%(2001), 8,9% (сега)
Приход по глава на жител: 3.000$(2001), 10.600(сега)
Издвојувања за здравство: 2,9 милјарди $(2001), 16,8 милјарди (сега)
Издвојувања за школство: 6,5 милјарди (2001), 47,4 милјарди (сега)

Се поставува прашањето .... зошто немири“???
Се поставува прашањето о чему економски податоци?

Па сега, можеби и ти си во право, бидејќи теории на заговор има колку сакаш. Јас сепак би останал на она моето дека опозицијата стои зад овие протести .
Велиш таква маса за 1 саат да излезе на улици може опозиција да ја предизвика? Искрено ве утепала нашата домашна политика, ама у буквална смисла ве унаказала.
Народот масовно испадна од кога виде полициска бруталност, дотогаш дали само сто души седеа во паркот кој треба да се руши. Тоа е спонтан собир, неможеш ти некој да натераш оти е опозиција да ти јаде солзавец и димни бомби во цел во која не верува, сфаќаш?
 

Castor

Ќесеџија
Член од
2 мај 2012
Мислења
481
Поени од реакции
960
По пет века,бар да имаше десетина од турчин во нас и ние ќе бевме земја.А не се собираме на протест 500 души,другите дури и те пљукаат.Епа чорба Македонче,кога вас ќе ве боли јас ќе глеам телевизија и ќе пљукам.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
По пет века,бар да имаше десетина од турчин во нас и ние ќе бевме земја.А не се собираме на протест 500 души,другите дури и те пљукаат.Епа чорба Македонче,кога вас ќе ве боли јас ќе глеам телевизија и ќе пљукам.
Не го можеш тоа колку и да сакаш да бидеш таков нешто ќе те копка да испаднеш :)
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
„Турското лето“ може да почне

Anonymous застанаа на страната на протестантите во Турција

Текст: М.Т.
Свет | 04 јуни 2013
Протестите во Турција од ден на ден стануваат сè пожестоки, а светските медиуми денеска објавија дека загинало уште едно момче на 22 години кои протестирало против владата на Реџеп Таир Ердоган. Турците кои повикуваат јавноста да почне да ја шири нивната приказна преку социјалните медиуми, затоа што нивните медиуми се под контрола на власта, добија сојузник во хакерската група Anonymous која застана на нивна страна.

Членовите на Anonymous објавија видео преку кое на јавноста и порачаа дека ќе се приклучат кон протестот и дека имаат намера да ги хакираат сите комуникациски алатки на турската влада. Тие исто така најавија дека „турското лето“ може да започне.
Веднаш по објавата на видеото, Anonymous нападнаа неколку клучни сајтови како што се сајтот на полицијата и неколку владини сајтови, како и сајтот на партијата на Ердоган.


http://kajgana.com/anonymous-zastanaa-na-stranata-na-protestantite-vo-turcija
 
Член од
24 јуни 2011
Мислења
522
Поени од реакции
462
Да имав финансиска можност би отишол во Турција барем да стапнам на улицата на која народот се крена за своите права, а не како нас македонците.
 
Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452
Се поставува прашањето о чему економски податоци?



Велиш таква маса за 1 саат да излезе на улици може опозиција да ја предизвика? Искрено ве утепала нашата домашна политика, ама у буквална смисла ве унаказала.
Народот масовно испадна од кога виде полициска бруталност, дотогаш дали само сто души седеа во паркот кој треба да се руши. Тоа е спонтан собир, неможеш ти некој да натераш оти е опозиција да ти јаде солзавец и димни бомби во цел во која не верува, сфаќаш?

Економските податоци беа само потсетување дека протестите се за нешто друго, во кое што влегува и твоето согледување секако.
 
Член од
8 ноември 2007
Мислења
574
Поени од реакции
296
Да имав финансиска можност би отишол во Турција барем да стапнам на улицата на која народот се крена за своите права, а не како нас македонците.
Да ти беше нормална државата во која живееш ти ќе имаше финансиска можност, ама не е. Прво побуни се за твоите права а потоа гледај во туѓ двор. Никој не може да поднесе дека Турција станува светска сила. Во нормална држава за напад над полиција се добива минимум 5 години затвор. Види какви реакции има полицијата во Англија, Франција, Америка кога е загрозена безбедноста нивна. Ова е дело на надворешни сили со цел да се оцрни Турција на светска сцена.
Турското МВР соопшти дека се идентификувани најмалце 20 агенти од странски земји. Се преземаат соодветните мерки за идентификација и на други. Се проценува дека најмалку 250 агенти се присутни во немирите, односно тие се иницијатори.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
1.082
Турскиот вицепремиер Булент Аранч им се извини на демонстрантите: Првите протести во Истанбул беа праведни и легитимни


http://a1on.mk/wordpress/archives/159849
--- надополнето: 4 јуни 2013 во 14:00 ---
Да ти беше нормална државата во која живееш ти ќе имаше финансиска можност, ама не е. Прво побуни се за твоите права а потоа гледај во туѓ двор. Никој не може да поднесе дека Турција станува светска сила. Во нормална држава за напад над полиција се добива минимум 5 години затвор. Види какви реакции има полицијата во Англија, Франција, Америка кога е загрозена безбедноста нивна. Ова е дело на надворешни сили со цел да се оцрни Турција на светска сцена.
Турското МВР соопшти дека се идентификувани најмалце 20 агенти од странски земји. Се преземаат соодветните мерки за идентификација и на други. Се проценува дека најмалку 250 агенти се присутни во немирите, односно тие се иницијатори.

А во Грција кога се руши владата со насилни протести,И таму имаше агенти? во Бугарија исто така кога имаше насилни протести и кога се промени владата имаше агенти од надвор? Во Шпанија кога имаше насилни протести против владата исто така имаше странски агенти од надвор? Ај доста се филмовате...:tapp:
 
Член од
13 декември 2011
Мислења
504
Поени од реакции
816
Да ти беше нормална државата во која живееш ти ќе имаше финансиска можност, ама не е. Прво побуни се за твоите права а потоа гледај во туѓ двор. Никој не може да поднесе дека Турција станува светска сила. Во нормална држава за напад над полиција се добива минимум 5 години затвор. Види какви реакции има полицијата во Англија, Франција, Америка кога е загрозена безбедноста нивна. Ова е дело на надворешни сили со цел да се оцрни Турција на светска сцена.
Турското МВР соопшти дека се идентификувани најмалце 20 агенти од странски земји. Се преземаат соодветните мерки за идентификација и на други. Се проценува дека најмалку 250 агенти се присутни во немирите, односно тие се иницијатори.

Да бе да. Не е до Ердоган, до Твитер и странците е.
Типичен одговор на сите неспособни балкански лидери.
Не е до нас, од надвор ете така ни прават сопки.
Веќе смешен и патетичен стана тој изговор.
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.630
Мојот крик во Истанбул!

Слаѓана Вујошевиќ
Актерка



Ме изреволтира само еден пост: „Ајде, да ја поддржиме Турција!“. Не, драги мои! Турците докажаа дека можат и сами. Ајде, да се кренеме ние: сите ние имаме свои дрвосечачи!

Триесет и први мај, шетам по Истиклал, главната улица во Таксим, централната населба на Истанбул, еден од „главните“ градови на светот. Гледам како полека се собира народ, сите извикуваат пароли „Таксим е наш!“. Знаев за што се работи, веќе се имав потпишано на петицијата да не се руши градскиот парк во Таксим за да се градат трговски центри. Се потпишавме заедно со моите родители, коишто беа дојдени да ме посетат, да ме проверат како ми одат постдипломските во оваа светска метропола.

Овој мирен марш многу ме потсети на протестите кај нас, само што тука се работи за дрвја и мене ми беше некако нормално што сите беа мирни и само мавтаа со пароли, додека кај нас исти вакви реакции имаше и кога загина Мартин, кога ни поскапеа струја, кога ни забранија абортус… итн. Си реков ова ќе појде како што дојде. Не многу возбудена, иако по природа сум бунтовник, си влегов во една од продавниците да се дообновам од заштедата. По пет минути кога сакав да излезам видов дека вратата е затворена, а решетката спуштена, пред неа трпеливо чекаат продавачите и двајца-тројца збунети туристи. „Не се вознемирувајте, пуштија гасни бомби, затворивме за да не се угушиме, ќе помине, ќе излезете.“

А? Не ми е јасно ама баш ништо!

Гасни бомби? Зошто? Од каде? За мирен протест против сечење дрвја? Нетрпеливо чекам да се тргне решетката и да излезам на улица, едноставно во мене клокоти љубопитност. Излегов, но околу мене не е истата состојба што ја оставив пред малку, се шири некаков чуден мирис наоколу, има многу повеќе луге, има многу повеќе бес на нивните лица, има марами околу устите, гас маски за подготвените, еден куп мобилни телефони во вис и ете го змејот во сино, се доближува кон нас, а од устата наместо оган испушта млаз вода.

Зошто? Како? Нема зошто! Нема како! „Ќе си молчиш народе“, пораката ми стана јасна.

И нормално очекувам толпата луѓе да се стрча назад и избезумено да бега пред овој монструм! За прв пат почувствував среќа поради неостварните очекувања. Храбар женски глас излезе од една ситна девојка. „Не се плашете, трчајте напред! Не ни можат ништо! Заедно сме посилни!“ Стојам назад, се чувствувам како странец што и сум, ѝ спуштам на повиците на другарката која ме чека подолу од уличката. Сакам да сум овде, сакам да го искажам мојот бес кон дрвосечачите, кон барокните архитекти, кон одземачите на парче леб од гладните, кон оние кои се дрзнаа да ми влезат во утробата и да решат за мене да затруднам, кон оние кои ми поскапеа струја, вода, бензин… И ете го и мојот глас. „ФАШИСТИИИ! ФАШИСТИИ!“ А ете го и млазот вода, бутка храбри луѓе пред себе, ги турка во сокачињата. Другарката ме повлече за рамо и ме замоли да заминеме, носеше контактни леќи, во спротивно…

Се вратив во студентскиот дом. Се чувствувам моќно и тажно истовремено. Извикав „Фашисти!“ во туѓа земја на мои политичари. Се почувствував притоа поддржано од целата маса луѓе околу мене, некако и заштитено од оние кои летаа пред млазот вода, оние кои плачеа од гасните бомби! Се почувствував вредно јас и мојот глас, некој таму се исплаши од мојот глас и сакаше да го замолчи!

И наеднаш на веб порталите излегуваат информации од денешниот настан кој јас мислев дека заврши, а тој само што започнал. На истата улица Истиклал не само што дневната бројка демонстранти се зголемила, туку во нив се зголемиле и разочараноста, бесот, болката и желбата за право на демократија. И немајќи доволно место на Истиклал за да го собере целиот овој разбеснет народ, протестот се проширил и во околните населби, Нишанташ, Кабаташ, Бешикташ, Каракој, Атакој… Па не само што е освоен тој регион, туку сите револтирани излегуваат низ цел Истанбул, па од тука доаѓа и поддршката во Анкара, Измир, Ескишехир, Коња… Бесот се прошири низ цела Турција. „Благодарение“ на замолчените медиуми врзани за владата, народот уште толку повеќе се мотивира и стана креативен што по социјалните мрежи го разбуди цел свет. Стигнаа фотографии за собир на солидарност во Франција, Германија, Холандија, Шпанија…

Во Истанбул познатите Султан Сулејман и Шехерезад донираат пари за лекови за повредените. Во Таксим, поради тоа што интернетот е исклучен, сите ги исклучуваат шифрите на безжичните мрежи за да има постојан проток на информации од местата на настаните. Во Измир се делат бесплатни ѓевреци за луѓето што протестираат. Оние кои не излегуваат надвор поради оправдани причини даваат поддршка со вклучување и исклучување на светлата во своите домови. Трите најголеми тимови Бешикташ, Галата Сарај и Фенер Бахче сега се еден тим со една цел!

Нема молк во Истанбул! Нема страв во Турција!

Помина 12 часот по полноќ, веќе е 1 јуни. Прва ноќ во Истанбул како наместо песна на галебите и заплискување на морето слушам сирени, извикувања, звуци на хелихоптери. Прва немирна ноќ во Истанбул, која ми донесе мир во душата затоа што знам дека таму надвор се води борба за достоинство, демократија и слобода!

Немам дозвола да излезам од домот и се чувствувам крајно немоќно крај лаптопот. Ѝ љубоморам на храбрата девојка со млаз вода во лицето, му љубоморам на момчето со раскрварено колено, им љубоморам на мајките со деца, на дедовците со бастуми. Тие сите се надвор, а јас не можам никако да ги поддржам. Креативноста на демонстрантите искажана на паролите на интернет ми го подигнуваат секое влакненце на телово, ми ги полнат очиве со бес, тага, но и некоја гордост што сум овде, земјата во која се случува револуција! „Сега сфативте ли зошто ние Турците и Курдите се држиме одвоено? Затоа што кога се спојуваме правиме револуција! Ништо не ни можете, заедно сме посилни!“

Како што ги прегледувам сите видеа, сите колумни, сите слики, пароли, сфаќам колкава е сличноста. Ме изреволтира само еден пост: „Ајде да ја поддржиме Турција!“ Не, драги мои, Турците докажаа дека можат и сами, ајде да се кренеме ние, сите ние си имаме наши дрвосечачи! Ова што се случува во Турција треба да биде последната капка, да ни биде само едно охрабрување, едно потсетување за моќта на народот! Моќта на нашиот глас! За тоа дека ако за’ржиме не ни можат ништо, може ќе полаат и тие малку, но кога-тогаш ќе ги свиткаат опашките. Доста ги пиевме своите кафиња и се восхитувавме на туѓата храброст, потиснувајки ја својата во талогот!


Превземено од порталот www.izlez.mk
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.205
Поени од реакции
25.939
Никој не може да поднесе дека Турција станува светска сила.

Турското МВР соопшти дека се идентификувани најмалце 20 агенти од странски земји. Се преземаат соодветните мерки за идентификација и на други. Се проценува дека најмалку 250 агенти се присутни во немирите, односно тие се иницијатори.
Големите сили не идентификуваат агенти и спремаат соодветен одговор како што најави Ердоган, туку апсат.
http://www.cbsnews.com/8301-202_162-57584330/russia-spy-agency-claims-cia-agent-arrested-for-trying-to-recruit-russian-agent-in-moscow/
http://www.cbsnews.com/2100-202_162-6627393.html

Турција почна да станува регионална сила и дали ќе стане тоа многу зависи од тоа како турската влада ќе го реши овој проблем. Со извинувања сигурно нема да станат тоа. Од голема се светлосни години далеку.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Градоначалникот на Измир вчера се приклучил на протестантите.
Да ти беше нормална државата во која живееш ти ќе имаше финансиска можност, ама не е. Прво побуни се за твоите права а потоа гледај во туѓ двор. Никој не може да поднесе дека Турција станува светска сила. Во нормална држава за напад над полиција се добива минимум 5 години затвор. Види какви реакции има полицијата во Англија, Франција, Америка кога е загрозена безбедноста нивна. Ова е дело на надворешни сили со цел да се оцрни Турција на светска сцена.
Турското МВР соопшти дека се идентификувани најмалце 20 агенти од странски земји. Се преземаат соодветните мерки за идентификација и на други. Се проценува дека најмалку 250 агенти се присутни во немирите, односно тие се иницијатори.
Каде имаше напад врз полиција, во Турција?
Мислам дека многу ја потценувате моќта на народот и нивното расудување.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
1.082
Големите сили не идентификуваат агенти и спремаат соодветен одговор како што најави Ердоган, туку апсат.
http://www.cbsnews.com/8301-202_162-57584330/russia-spy-agency-claims-cia-agent-arrested-for-trying-to-recruit-russian-agent-in-moscow/
http://www.cbsnews.com/2100-202_162-6627393.html

Турција почна да станува регионална сила и дали ќе стане тоа многу зависи од тоа како турската влада ќе го реши овој проблем. Со извинувања сигурно нема да станат тоа.

Турција моментално е регионална сила,но дали ќе бидат уште по силни тоа ќе зависи следниве денови со протестите..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom