па нема да се седне на клупа ќе ротира со Левандовски и оваа сезона знаеш колку утакмици само не изигра Манџукич играа Пизаро и Гомез па што. Башка да не праиме муабет оваа сезона имаме супер куп,тоа светско клупско првенство... и да дојде Левандовски ќе има доволно утакмици и за 2цата али да очекувам ако дојде Лева он да игра во побитните утакмици во ЛШ али пак зависи и од противникот
Колку ќе го ротира жити се, ќе го ротира како што го ротираше Гомез така? Тури му пепел на Гомез не е технички добро поткован, а Пизаро? Ќе го ротира за петнаесет минути игра? Или пак за пола саат?И тоа кога ќе го ротира, секој ден? Да бидеме реални, активноста на Манџукиќ ќе опадне драстично откако ќе дојде некој класа напаѓач, дали бил Левандовски или не знам кој, ма да ајде, еве, ќе напишеме дека не се знае какви му се плановите зошто можеби и така ќе прави, можеби и нема да прави така, ќе се види тоа во иднина уште не е седнат на клупата Гвардиола.
И, што ако имаме оваа сезона тројна круна, мислиш дека и идната сезона ова е остварливо, покрај ракетите на Дортмунд, подмладениот тим на Шалке и компанија?? Не сакам да бидам скептик, напишав и ќе напишам, врв ќе биде за мене ако ја освоиме Лигата на шампионите повторно, мислам дека имаме шанси за тоа, ама ќе видиме, но трите круни повторно да ги освоиме тешко, многу тешко, али ајде, еве ја наредната сезона не е далеку.