Фан Клуб : Баерн Минхен

  • Креатор на темата 'Никола'
  • Време на започнување
Член од
22 август 2009
Мислења
2.387
Поени од реакции
1.036
И види стварно Геце намерно глумел повреден за да не игра во финалето :confused:.

Иначе Геце беше на третман во Минхен али не кај докторот на Баерн тоа беше одма после повредата знам 2 недели пред финалето.Müller-Wohlfahrt ќе го превземе сеа не за џабе Балак од Челзи доаѓаше во Баерн на прогноза исто и Усеин Болт и многу други.

Како и да е се надевам нема да има проблеми со Геце до сеа имаше 3,4 повреди а има само 20 години.
 
Член од
10 јули 2009
Мислења
1.543
Поени од реакции
197
Геце е нежен играч но за негови 20год да играш такви натпревари значајни и такво темпо како што играше Дортмунд мозе да се повреди многу лесно но мислам дека нашиве му дале малу време до одмори и да се врати 100% фит,рака на срце лекарите наши се класа такада се ке биде ОК,незнам некој од вас дали ја прочитал изјавата на Хицфелд кога Гоце потпиша за Баерн демек Гоце бил играч класа но за да биде уште подобар требе се подобри на фисички план ,значи излагаа зборовите на Хицфелд
 
Член од
14 март 2013
Мислења
2.875
Поени од реакции
8.678
Нешто официјално претставување, сликање со дрес ова она ќе има?
 
M

Mario Gómez

Гостин
Gotze se povreduva od napor, od 17 godini e standarden prvotimec vo toj ekstremen sistem na Klopp koj e fizicki zahteven, a nema koj da go zameni i izrotira. Kako OZIL OZIL OZIL stana fizicki podobar, ke stane i Gotze.
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Оваа сезона подолгорочно повредени беа Гомез, Робен, Кроос, Бади... Геце е исто релативно подложен на повреди.

Така да во една долга сезона која ќе крца со натпревари како наредната секој ќе си го најде местото и ќе си ги добие своите 5 минути. Да не се повредеше Кроос којзнае дали Робен ќе влезеше во ваква форма...

Работа на Пеп ќе е да ги држи сите среќни и мотивирани и да го ротира кадарот.
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
14.400
Поени од реакции
26.390


Тргнал Лева по автопатот А7 накај Минхен. Се очекува да пристигне во Минхен за околу 6 часа.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Tоа се бара, успешна комбинација да направи. Еволуција на тимот а не револуција. Со неколку подобрувања може да станеме страв и трепет од историски размери. А топла вода нема потреба Пеп да измислува.

А ова за тоа „кој ни донел која круна“, заеби тој муабет. Во афект кога гледаме натпревари сите знаеме да опцуеме кога некој ќе утне зицер или да му аплаудираме на тој што дал гол, ама на крајот фудбалот е тимски спорт. А Баерн функционира подобро со Манџо отколку со Гомез и мислам дека никој не може тоа да го спори. Јбг од лани ни фалеа тие 5-6% за титулите, а Данте, Хави и Манџо ги донесоа тие последни проценти...
Не ми се расправа за ова Гомез-Манџо, зошто веќе сум сит, ама читам тука некои карактери последно време за тоа како Гомез промашил некои работи, како Гомез ова, Гомез она, а забораваат сите кога Гомез во 2010/2011 донесе вкупно 39 гола за Баерн Минхен, рекорд што до ден денес не е скршен, а и седнат на клупа е подобар од Манџукиќ, Манџукиќ со активна игра му бега четири гола.
Заеби, искрено го почитувам твоето мислење, за Мартинез би се согласил дека е клучниот играч, и тоа најклучниот, оној кој навеќе придонесе за тие два три проценти.А дека не сме освојувале титули со Гомез сите се грешка, и со него сме освојувале титули и со него и стигнавме до финалињата против Интер и Челзи, и во сите финалиња и Робен и Швајнштајгер па и Гомез промашија многу, па пак првите двајца не ги обвинуваат како што го обвинуваат Гомез, и Ариен Робен промаши клучен пенал против Дортмунд и поради него го јадевме во купот, па пак на него не му врискаат.Сите се виновни за тие две финалиња неуспешни.И Ноер на крајот требаше да биде посвесен за последната минута во Минхен па не беше.Само памти го ова, ќе дојде и оваа сезона и тоа со нов тренер и нови играчи (засилувања) и нема веќе да се повтори оваа тројка, тогаш, што?Ќе се прашуваме каде исчезнала магијата.
Мене Манџукиќ не ми прави воопшто мерак, можеби има напаѓачки способности, ама како да не сака да ги покаже, мене ми е Манџукиќ промашена инвестиција, во вода фрлени дванаесет милиони евра (или колку беа таму, не се сеќавам најдобро)
Сум напишал и ќе напишам, кога веќе планираа да земаат напаѓач, требаше уште од самиот старт да се земе класа напаѓач, а не вака сега секоја сезона ние ќе бараме напаѓачи.И, сега ќе дојде на пример Левандовски и Манџукиќ на клупа така? А тогаш каде ќе бидат поборциве за Манџукиќ да се врати во прва постава....Не оди тоа така..ама добро, тоа е мое мислење, ти си имаш друго мислење и тоа е тоа.
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
14.400
Поени од реакции
26.390
Мене Манџукиќ не ми прави воопшто мерак, можеби има напаѓачки способности, ама како да не сака да ги покаже, мене ми е Манџукиќ промашена инвестиција, во вода фрлени дванаесет милиони евра (или колку беа таму, не се сеќавам најдобро)
Не се согласувам со тоа.

Многу го потценуваш Манџукиќ и покрај добрите натпревари што ги изигра.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Не се согласувам со тоа.

Многу го потценуваш Манџукиќ и покрај добрите натпревари што ги изигра.
Го потценувам, не го потценувам не се покажува во најдобро светло, за мене не е играта на напаѓач да прави повеќе асистенции отколку да упатува удари во гол, а еве дури и да се покажува во најдобро светло сега ќе земеме класа напаѓач и што после со Манџукиќ?Ке ги развива своите напаѓачки способности на клупа?
 

ЧЕНТО

Претседник
Член од
27 јануари 2007
Мислења
8.239
Поени од реакции
4.839
Го потценувам, не го потценувам не се покажува во најдобро светло, за мене не е играта на напаѓач да прави повеќе асистенции отколку да упатува удари во гол, а еве дури и да се покажува во најдобро светло сега ќе земеме класа напаѓач и што после со Манџукиќ?Ке ги развива своите напаѓачки способности на клупа?

Објасни ми го само ова.....Односно одговори ми само на ова...

За тебе што е повредно....

Напаѓачот да даде 350 гола во една сезона во сите натпреварувања,а екипата да биде втора во сите натпреварувања,или напаѓачот да даде 20 гола во сите натпреварувања и екипата да биде прва во сите натпреварувања?

Ја незнам зашто со сила луди се праите...Убаво ти пишал баварец.Фудбалот е ТИМСКИ спорт! Да Гомез дава 40 гола во сезона,но целата екипа трпи ради тоа,пошто сите работат за него,тоа е проблемот.ФУНКЦИОНАЛНО НЕ СЕ УКЛОПУВА!

Никој не спори дека индивидуално е добар напаѓач,ама не е ова тенис ова е фудбал,и мене ме интересира успехот на Баерн а не на Гомез или Манџуќич....Такада се додека Баерн освојува титули со Манџуќич у екипата ќе го ценам Манџиќич многу повеќе....Што мислиш Манџо не сака голови да дава???Меѓутоа и самиот Јуп изјави дека му ја одземал голгетерската титула со тоа што го натера да игра дефанзивно за екипата да прави прасинг и резултатот се виде.

Башка даде гол во финалето....Гомез никад не дал гол у ниедно финале.

И крај више не се објаснувам за ова.

Тие што сте си фанови на Гомез се е тоа ок,ништо не е забрането тоа...Али ова се фактите!
 

Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
14.400
Поени од реакции
26.390
Го потценувам, не го потценувам не се покажува во најдобро светло, за мене не е играта на напаѓач да прави повеќе асистенции отколку да упатува удари во гол, а еве дури и да се покажува во најдобро светло сега ќе земеме класа напаѓач и што после со Манџукиќ?Ке ги развива своите напаѓачки способности на клупа?
Манџукиќ го дава максимумот на теренот. Многу борбен играч. Страшна сезона изигра, а тоа го започна на ЕП 2012 за Хрватска во групната фаза против Италија и Шпанија и кај нас го продолжи тоа само.

А тим како нас што сака повторно да ги освои 3-те титули не може да има во своите редови само еден квалитетен напаѓач. А како што се планира продажба на Гомез, за тие 25-30 мил.евра не гледам во моментот подобар напаѓач од Левандовски така да многу добро ќе ни дојде и тој. Не може ние цела сезона само на Манџукиќ да се потпираме во нападот. Со доаѓањето на Лева нема да значи одма дека Манџукиќ ќе грее клупа. Мислам дека на почетокот на сезоната ќе добиваат шанса и двајцата, а потоа ќе се определи Пеп во најбитните натпревари на кого повеќе ќе смета.
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.608
Поени од реакции
22.343
И види стварно Геце намерно глумел повреден за да не игра во финалето :confused:.

Иначе Геце беше на третман во Минхен али не кај докторот на Баерн тоа беше одма после повредата знам 2 недели пред финалето.Müller-Wohlfahrt ќе го превземе сеа не за џабе Балак од Челзи доаѓаше во Баерн на прогноза исто и Усеин Болт и многу други.

Како и да е се надевам нема да има проблеми со Геце до сеа имаше 3,4 повреди а има само 20 години.
Имал Господ, го фатила некоја моја клетва :icon_mrgr:

Иначе клетвите на Прусијците стигнуваат секојпат:
Фрај, Шахин, Геце, Перишч, Кагава, сите после заминувајнето имаа долготрајни повреди.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Манџукиќ го дава максимумот на теренот. Многу борбен играч. Страшна сезона изигра, а тоа го започна на ЕП 2012 за Хрватска во групната фаза против Италија и Шпанија и кај нас го продолжи тоа само.

А тим како нас што сака повторно да ги освои 3-те титули не може да има во своите редови само еден квалитетен напаѓач. А како што се планира продажба на Гомез, за тие 25-30 мил.евра не гледам во моментот подобар напаѓач од Левандовски така да многу добро ќе ни дојде и тој. Не може ние цела сезона само на Манџукиќ да се потпираме во нападот. Со доаѓањето на Лева нема да значи одма дека Манџукиќ ќе грее клупа. Мислам дека на почетокот на сезоната ќе добиваат шанса и двајцата, а потоа ќе се определи Пеп во најбитните натпревари на кого повеќе ќе смета.
Имаш право, еве ги имаме тројца и само еден е активен во нападот оваа сезона, другиве двајца греат клупа (Пизаро и Гомез).А повеќе од сигурно е дека Гвардиола дека ќе се одлучи за Левандовски, Левандовски и Манџукиќ се светлосни години разлика, како да правиш разлика меѓу Роналдо и Меси.Да не беше подобар Лева, немаше ни да го бараме во нашите редови, ќе си го задржевме Манџукиќ.
И тие три титули според мене веќе не се освојливи, Шалке ќе настапи идната сезона со бомба тим, Дортмунд исто така, плус Гвардиола е нов, ќе му треба време да се приспособи, барем една сезона минимум.Така е ова, прошетка низ паркот освојувањето титули.Да ја освоиме Лигата на шампионите повторно и ќе бидам пресреќен, зошто тоа е сепак интернационална титула.
--- надополнето: 3 јуни 2013 во 21:58 ---
Објасни ми го само ова.....Односно одговори ми само на ова...

За тебе што е повредно....

Напаѓачот да даде 350 гола во една сезона во сите натпреварувања,а екипата да биде втора во сите натпреварувања,или напаѓачот да даде 20 гола во сите натпреварувања и екипата да биде прва во сите натпреварувања?

Ја незнам зашто со сила луди се праите...Убаво ти пишал баварец.Фудбалот е ТИМСКИ спорт! Да Гомез дава 40 гола во сезона,но целата екипа трпи ради тоа,пошто сите работат за него,тоа е проблемот.ФУНКЦИОНАЛНО НЕ СЕ УКЛОПУВА!

Никој не спори дека индивидуално е добар напаѓач,ама не е ова тенис ова е фудбал,и мене ме интересира успехот на Баерн а не на Гомез или Манџуќич....Такада се додека Баерн освојува титули со Манџуќич у екипата ќе го ценам Манџиќич многу повеќе....Што мислиш Манџо не сака голови да дава???Меѓутоа и самиот Јуп изјави дека му ја одземал голгетерската титула со тоа што го натера да игра дефанзивно за екипата да прави прасинг и резултатот се виде.

Башка даде гол во финалето....Гомез никад не дал гол у ниедно финале.

И крај више не се објаснувам за ова.

Тие што сте си фанови на Гомез се е тоа ок,ништо не е забрането тоа...Али ова се фактите!
Тие триста педесет гола го прават резултатот, не асистенциите.И Гомез ти донесе сега титула.
Него да те прашам, Робен промаши клучен пенал против Дортмунд во купот?Швајнштајгер во Минхен? И сега, зошто овие двајца не се прогласени за лузери како што е прогласен Гомез.
Гомез не дал гол во ниту едно финале, а вчера каде беше да гледаш?
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.608
Поени од реакции
22.343
Gotze se povreduva od napor, od 17 godini e standarden prvotimec vo toj ekstremen sistem na Klopp koj e fizicki zahteven, a nema koj da go zameni i izrotira. Kako OZIL OZIL OZIL stana fizicki podobar, ke stane i Gotze.
Геце е физички доста спремен и не мислам дека повредите ми дошле од напор. Сепак играч ако е физички поспремен се повредува потешко, освен Робен кој има други проблеми со телото. Иначе Геце не беше тој играч кој премногу правеше пресинг, тоа повеќе го прават Куба или Гроскројц.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.678
Поени од реакции
14.559
Башка даде гол во финалето....Гомез никад не дал гол у ниедно финале.

Oва.

Гомез може да дава 142040420140 голови против било кого, кога највеќе треба - него го нема. Не дека не е јак, одличен е, ама ваљда таква му е ѕвездата...
Манџо за една сезона изигра како Олич за три... А сите знаеме каков коњ беше Олич
 

Kajgana Shop

На врв Bottom