Луцидни соништа

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
За тоа си во право, графиката е иста како во вистинскиот живот, па дури и појачана затоа што се концентрираш на одредено нешто.Како например анализирање на лист од дрво. :D
Јас пак си имам мака со fake awakening, пошто од кошмар се будиш во друг кошмар, а и уште ако е луциден, а неможеш да се разбудиш или пак се будиш во уште еден сон.
Мене ми се десило буквално Инцептион, 3 левел сон, страшна работа. :confused:
Мене тоа не ми било толку проблем, мене проблем ми е шо скоро секој луциден сон ја се борам против потсвеста.
Јас онака сум газда на сонот, и правам шо сакам, као админ сум АМА, и потсвеста е админ!
Е сеа админ не може да избрише/нападне админ.
И се дешава LOST момент. Ја сум џејкоб, потсвеста е оноа црниот облак, и мораме да користриме други луѓе за да се убиеме еден друг.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Мене тоа не ми било толку проблем, мене проблем ми е шо скоро секој луциден сон ја се борам против потсвеста.
Јас онака сум газда на сонот, и правам шо сакам, као админ сум АМА, и потсвеста е админ!
Е сеа админ не може да избрише/нападне админ.
И се дешава LOST момент. Ја сум џејкоб, потсвеста е оноа црниот облак, и мораме да користриме други луѓе за да се убиеме еден друг.
Неможам баш да замислам како изгледа ова со облаков.Ќе може преку пример да ми доловиш?
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Неможам баш да замислам како изгледа ова со облаков.Ќе може преку пример да ми доловиш?
Облак? >.>
Ја бев офтопик во однос на твојот пост, каков облак? :D
 

RadE_Strongest

Field Marshal
Член од
31 март 2009
Мислења
665
Поени од реакции
334
Мене тоа не ми било толку проблем, мене проблем ми е шо скоро секој луциден сон ја се борам против потсвеста.
Јас онака сум газда на сонот, и правам шо сакам, као админ сум АМА, и потсвеста е админ!
Е сеа админ не може да избрише/нападне админ.
И се дешава LOST момент. Ја сум џејкоб, потсвеста е оноа црниот облак, и мораме да користриме други луѓе за да се убиеме еден друг.
Пази се од Бен :D
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Облак? >.>
Ја бев офтопик во однос на твојот пост, каков облак? :D
Па нели спомна дека потсвеста ти е како црниот облак од Лост.Како се манифестира тоа во сонот?Кај мене потсвеста се манифестира во ликовите во сонот, кои после некое време ме напаѓаат.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.617
Па нели спомна дека потсвеста ти е како црниот облак од Лост.Како се манифестира тоа во сонот?Кај мене потсвеста се манифестира во ликовите во сонот, кои после некое време ме напаѓаат.
Ааа. Со тоа го споредив во смисол на моќта што ја имаше, дека и он е семоќен но не и против мене - и јас via versa.
А иначе сеа коа ќе размислам, нема лик. Едоснтавно знам дека е таму. Има како bubble Shield околу него ама јас можам да замислам оружје што ќе го пробие тој штит - чим успеам тоа он си замислува нов штит што е имун на моето оружје, и пак јас замислувам оружје за штитот....и така во круг.
Како да се тепаат 2јца green lantern.
 
K

kalimer0

Гостин
Интересна работа луцидниве соништа :D Само неможам подлабоко да ги истражувам бидејќи my brain hurts...
 
Член од
18 април 2008
Мислења
876
Поени од реакции
213
уфф ја заборавив темава, а многу ми е мило кога ѓи читам мојте колеги луцидари ( ? ) :unsure:

па да дадам и мој допринос.... слично како и повеќето моите ноќни мори почнуват уште кога сум мал, претежно кошмари со парализа на телото...
подоцна више ја откривам моќта на сонот и веќе 4-5 години успешно си практикувам, и се сметам самио себеси више за ``мастер``... без проверки, без чекпоинти, без триење раци или слично, веќе неколку време луцидниот сон ме е скоро секојдневност.
Сум летал, сум патувал, сум се враќал во времето и бесконечно многу други работи но пред 3 недели почнав `нов` проект кој сакам да го усовршам, па токму и тоа сакав да го споделам со вас....
Се почнува од Хаус во епизодата кога Амбер му е потсвест и во негов стил ја прашува некој работи кој знае дека ги прочитал но не ги памети, па решив освен уживање да пробам да извлечам и нешто корисно од соновите... целта ми е да реконструирам цело предавање на професор :cool:
си запишав во тетратка повеќето од предавањето ( поважни реченици, моментот кога станува да покаже на табла, кога ги опоменува тие пред мене, облеката на проф, и се друго што можев да постигнам ) па пред легнување се потсетувам. Сега за сега искрено немам многу напредок пред се затоа што иако сум во контрола на сонот, сепак има премногу дистракции.... најголема пречка ми е распоредот на колегите кој никогаш не е точен :mad: и од овде пробувајки да го исправам губам мала контрола врз сонот и веднаш ми станува поинтересно, па немам доволно мотивација да се вратам и да пробам пак од ново.... ( секако дека поинтересно ќе ми биде да тркнам до кина отколку да седам на предавање:( ). Но иако вака си мислете дека е досадно сепак ве охрабрувам да пробате зошто нема да зажалите.... кога имаш причина и цел многу по друго е и фокусот ти е на целта, па секое забегување од целта ти е многу поинтересно.
Уверен сум дека може да се постигне доколку се има стрпливост и мотивација, еднаш гледав филм некој си 10тина минути и утредента кога проверив барем 70-80% беше точно како во сонот

Еве ви една идеја од мене, па за тие кој се понавлезени во луцидното сонување можат да ја испобат
--- надополнето: 27 февруари 2013 во 06:44 ---
Едит:

Исто така пред неколку години имав прочитано негде (можеби и токму на оваа форум да е било) начин за да се програмираш кога да станеш...
начинот е следниов... пред да си легнеш замислуваш дека си во лифт(пожелно лифт кој убаво го познаваш со детали како потписи, графити, скапана сијалица, изгорено копче и т.н.) го стискаш последниот спрат но наместо да застане ти излетуваш од зградата.... овде го продолжуваш твоето патување со лифтот (малце смешно до душа) и додека си во воздух посматраш најразлични глетки.... кога на саатот на раката ке ти отчука 7 овде лифтот почнува да паѓа и се будиш... ова искрено го пробував можеби и цел месец и повеќе со некој си мали достигнувања, но ако ништо друго не барем ти дава некаков вид на `занимација` пред да заспиеш.
хаха се најдов самиот себеси од пред 2 години :cuc::cuc::cuc:
се цитирам чисто да се пофалам дека ова со лифтот ми е `task completed` :cuc: па да се надевам дека за некое време ке се пак самоцитирам и ќе биде и ова за предавањето исполнето :P
 
Член од
18 јуни 2012
Мислења
477
Поени од реакции
612
Пред некоја вечер, сонував како сум се искачил на врвот од некоја многу висока планина, дури и облаците биле некако под врвот на планината, а во меѓувреме ми се идело во WC, ама морало да слезам од планината за да одам во WC. :confused: И си реков самиот на себе дека ќе издржам уште малку, за да можам да уживам во чистиот воздух на планината, ама веќе ептен почувствував потреба да слезам, и станав од кревет, слегував по скалите, се нормално, само што се чувствував како да слегувам од планина, иако бев разбуден. Појдов во WC, и потоа дури се искачував по скалите до мојата соба се чувствував како да се искачувам по планината. Легнав во кревет, ги затворив очите, и се најдов искачен на планина. И коа се разбудив, се чудев што ми се случувало. Незнам дали ова е луциден сон, ако е, кај мене сосема неочекувано се случи. После тоа истражував на интернет, и дојдов до оваа тема. :)
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.663
Поени од реакции
14.538
Неќна ми се случи, во сонот станав свесен дека сонувам... језиво у пм
 

Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.998
Ми се има случено 3-4 пати да се разбудам,али телото и погледот ми се фиксирани,многу грдо..:cautious: А иначе имате некои совети како да пробам да си го контролирам сонот?
 

RadE_Strongest

Field Marshal
Член од
31 март 2009
Мислења
665
Поени од реакции
334
Ми се има случено 3-4 пати да се разбудам,али телото и погледот ми се фиксирани,многу грдо..:cautious: А иначе имате некои совети како да пробам да си го контролирам сонот?

да не мислиш на sleep paralysis ? тоа се случува кога ке се разбудиш од сон а ефектот од хормоните за прализа за време на РЕМ фазата не е завршен и ти всушност си разбуден ( а технички треаба да си во сон ) и целото тело освен очите ти се прализирани... обично во оваа фаза се дешаваат доста "чудни" работи во зависност од колку си упознаен со оваа нормална физичка појава или пак си уплашен ... може сенки да ти се гледаат како чудовишта и слично а ти си немоќен и не можеш да мрднеш :)

јас лично интересно ми е кога ке се разбудам вака и си седам прализиран минута време :D тип , ако паничиш и пробуваш да мрднеш по секоја цена полошо ке биде него едноставно да си седиш смирен и длабоко да вдишеш неколку пати.. овој совет и по книги за луцидни соништа го пишува ,а и јас лично сум пробал да паничам и мрдам, значи намерно да видам што ке биде, и тогаш појезиво станува се и ме пецкаат мускулите и слично...
 

Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.998
Хаха јас пробав еднаш да станам,да погледнам наоколу,ко ми помина една црна сенка пред очи,одма си викам боље мижи оти отиде јабана :D
 

RadE_Strongest

Field Marshal
Член од
31 март 2009
Мислења
665
Поени од реакции
334
Хаха јас пробав еднаш да станам,да погледнам наоколу,ко ми помина една црна сенка пред очи,одма си викам боље мижи оти отиде јабана :D

да да со сениките највеке има трипање , мене обично у животни и инсекти огромни ми се прават и идат накај мене, али веке сум навикнат а и башка кога малце повеке се заинтересирав за ова и прочитав , не ми е ни страв туки интересни ми се :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom