уфф ја заборавив темава, а многу ми е мило кога ѓи читам мојте колеги луцидари ( ? )
па да дадам и мој допринос.... слично како и повеќето моите ноќни мори почнуват уште кога сум мал, претежно кошмари со парализа на телото...
подоцна више ја откривам моќта на сонот и веќе 4-5 години успешно си практикувам, и се сметам самио себеси више за ``мастер``... без проверки, без чекпоинти, без триење раци или слично, веќе неколку време луцидниот сон ме е скоро секојдневност.
Сум летал, сум патувал, сум се враќал во времето и бесконечно многу други работи но пред 3 недели почнав `нов` проект кој сакам да го усовршам, па токму и тоа сакав да го споделам со вас....
Се почнува од Хаус во епизодата кога Амбер му е потсвест и во негов стил ја прашува некој работи кој знае дека ги прочитал но не ги памети, па решив освен уживање да пробам да извлечам и нешто корисно од соновите... целта ми е да реконструирам цело предавање на професор
си запишав во тетратка повеќето од предавањето ( поважни реченици, моментот кога станува да покаже на табла, кога ги опоменува тие пред мене, облеката на проф, и се друго што можев да постигнам ) па пред легнување се потсетувам. Сега за сега искрено немам многу напредок пред се затоа што иако сум во контрола на сонот, сепак има премногу дистракции.... најголема пречка ми е распоредот на колегите кој никогаш не е точен
и од овде пробувајки да го исправам губам мала контрола врз сонот и веднаш ми станува поинтересно, па немам доволно мотивација да се вратам и да пробам пак од ново.... ( секако дека поинтересно ќе ми биде да тркнам до кина отколку да седам на предавање
). Но иако вака си мислете дека е досадно сепак ве охрабрувам да пробате зошто нема да зажалите.... кога имаш причина и цел многу по друго е и фокусот ти е на целта, па секое забегување од целта ти е многу поинтересно.
Уверен сум дека може да се постигне доколку се има стрпливост и мотивација, еднаш гледав филм некој си 10тина минути и утредента кога проверив барем 70-80% беше точно како во сонот
Еве ви една идеја од мене, па за тие кој се понавлезени во луцидното сонување можат да ја испобат
--- надополнето: 27 февруари 2013 во 06:44 ---
Едит:
Исто така пред неколку години имав прочитано негде (можеби и токму на оваа форум да е било) начин за да се програмираш кога да станеш...
начинот е следниов... пред да си легнеш замислуваш дека си во лифт(пожелно лифт кој убаво го познаваш со детали како потписи, графити, скапана сијалица, изгорено копче и т.н.) го стискаш последниот спрат но наместо да застане ти излетуваш од зградата.... овде го продолжуваш твоето патување со лифтот (малце смешно до душа) и додека си во воздух посматраш најразлични глетки.... кога на саатот на раката ке ти отчука 7 овде лифтот почнува да паѓа и се будиш... ова искрено го пробував можеби и цел месец и повеќе со некој си мали достигнувања, но ако ништо друго не барем ти дава некаков вид на `занимација` пред да заспиеш.
хаха се најдов самиот себеси од пред 2 години
се цитирам чисто да се пофалам дека ова со лифтот ми е `task completed`
па да се надевам дека за некое време ке се пак самоцитирам и ќе биде и ова за предавањето исполнето