Кога се работи за туризам, иако многу морничаво, но Скопје мора да му посвети огромно внимание на земјотресот. Мое мислење е дека проектот со скулптурите иако е подобро од претходната незаинтересираност за културата, требаше да се пренасочи на пронаоѓање (вадење од музејските подруми) и правење бисти, споменици, па и скулптури ако е толку мерак на работите кои беа урнати во земјотресот.
Посветување на внимание на сите оние ситници кои ги донирале мексиканци, алжирци, кинези, јапонци, што се не...
Скопје е толку уникатно во тој поглед, бидејќи во времето на студената војна во Скопје американци и руси работеа еден крај друг и тоа за доброто на обичниот човек, тука светот покажа дека е хуман на идеален начин, ние ја носиме светската хуманост во срж всушност, а не шмизлите... тие доаѓаат и си одат, земјотресот е вечен.
Затоа, сметам дека требаше да се извадат говори на Тито како оној кај стара железничка кој никој не го приметува, да се постават столбови од паднати цркви како споменик, да се стават плочи осветлени од илјада страни на кои ќе пишува “Тука Иран градеше христијански домови“ не заради провокација како што можеби изгледа моето напишано во наводници, туку за да се нагласи вистинската смисла на човечката хуманост која е оперирана од националности, релгии и било какви стеги.
Мада, и биковите се океј, вака транзиционо ако погледнеме.