Муабетот е: тражили сте - гледајте! Сакаа капитализам, епа еве им го! И додека нивната демократска економија “легитимно“ си правеше арапски пролети за себе и кобни зими за луѓето што живеат таму, за да им ја купат инфраструктурата на лошите диктатори за џабе пари (почнувајќи од Југославија) арно им беше. Демократија - кул! Сега, кога нивните банки по глаа ги акнаа: демократија - срање! Е па, тоа можда филозофите го викаат дијалектика, но има поправо име за таа работа - лицемерие!
Инаку, Германија ќе тера уште некое време добро, како Америка во Европа, како најголем поборник на банкарскиот капитализам. Ама не за долго. Политичките проблеми си го прават своето. Ксенофобијата расте. Германија има две екстемистички партии - покрај НПД, Nazionalpartei Deutschland сега има и уштее една. Толку од демократскиот трип.
А токму странците им се лек. Оти, со тој наталитет (според една статистика секој пети Германец е самец) ништо од Рајхот... А со нивниот асимилаторски систем (таму си Германец, збориш германски, вееш германско знаме, и за тебе важат германски прописи, а не ко овде со рамковни ќе се ебаваме) тие кај и да е се асимилираат.
Но и тука има два проблема
1. голем број странци, пред се Турци од постарите доселеници, но во најново време и Кинези (тоа пред се важи за кинезите во Италија) одбиват да се интегрираат, изолирајќи се од доминантното општество и живеејќи како субкулултура
2. Гореспоменатата ксенофобија, која зима огромен замав
И најпосле, колку и да се изначитав секакви бесмислици овде и пцовки за сопствената држава (ко на пр. 50% невработеност во МК, па секој втор на улица е невработен, ја бугати!

) ние имаме и некои предности - пред се:
- повеќегенарциски семејства и „патријархален начин“ на живот. Трогенерациски семејства сеуште се вообичаени кај нас, па познатата изрека “едно тенџере за сите“ си го прави своето. тука е и една сметка за сите, и секој по нешто хонорарно прави и врзуваме крај со крај и подобро од нив
- Скоро сите Германци живеат под кирија, за разлика од скоро сите Македонци живеат во сопствени станови
- За да купиш стан во Германија, ти треба кредит од банка кој цел живот ќе го враќаш (кој
вика оти феудализмот умре!?), во Македонија сеуште се крпиме за таа работа “од мама и тато“ од под перница, значи повторно патриархалната матрица
- Ако не верувате во ова, имаше и една анализа во рубрика свет, според која јужноевропејците (Шпанија и Италија) со сличен ваков начин наживот ко нас се всушност побогати од бездомните Германци
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=329139149&id=10&setIzdanie=22842
Сепак, тоа што не учеа во школо, дека семејството е основна клетка на општеството, изгледа и не е толку папагалска реченица
