Интелигентна работа е кога ќе направиш нешто корисно за околината и општеството.
Нема гаранција за висок интелект ако човек гледа само за себе. Напротив, таков атомизам мене ми го наговестува токму спротивното.
Материјално богатство може да се стекне на многу начини. На крај на краиштата, секој знае да бутне пари во џеб.
Имаше една тема за тоа дали криминалците се всушност паметни или не, но ако едно такво дело значи осиромашување на стотици други (приватизацијата во ‘90-те) што може да резултира во едно движење кое осакатува цела една земја на долгорочен план (уште ги трпиме негативните последици од транзиција), тогаш тоа ни од далеку не може да се смета за интелигентно.
1.Не префрлај на политика.не мораш толку многу да си го докажуваш вмровскиот коеф на интелигенција.
2.Ако знае секој да бутне пари во џеб најверојатно сите би биле богати,пошто нели секој знае..нема луѓето да страдаат..
но..не е тоа темата... да не одам оф топик..
Која интелигенција да ја очекуваме од младината иначе кога штотуку родени ги осакатуваат,родителите првиот пример кој треба да го гледаат се апсолутна НУЛА(секоја чест за исклучоците секако).
Или се млади,па мажот е пијаница а жената курва(било која причина може да се наведе,за жал таква е денешницата)или пак се стари и не можат да најдат работа(од икс причини) и мораат да одат како аргати за многу смешна сума на пари,ако успеат со неа едвај крај со крај да сврзат.Од домашните проблеми глава неможат да кренат дали и како ќе се прехранат... а не па да обрнат доволно внимание на детето.По кој пат очекуваш да тргнат навистина не ми е јасно...
Ако евентуално имаат пак многу пари тогаш на детето се му е дозволено,али буквално СЕ и уште ќе му речат БРАВО СИНЕ!
Срамота...
Пак ќе кажам СЕКОЈА ЧЕСТ за исклучоците и за децата и за родителите...Се е до домашното воспитување...