- Член од
- 7 ноември 2011
- Мислења
- 431
- Поени од реакции
- 934
Не сум екстремен либерал, никогаш не сум бил, никогаш нема ни да бидам. Да ги редев јас коцките, Европа можеби и помалку либерална ќе беше од што е сега (што можеби ќе им звучи чудно на многумина, ама така е). Тие кои ме знаат добро надвор од форумот, знаат за што зборувам и кои ми се границите.
Мулти-култи моделот не е сам по себе склон на неуспех, лошата имплементација, лошите обиди за интеграција и ред други фалинки го сторија тоа што го сторија. Исто и со другите групи од некаква друга различност.
Неонацизмот нема да повлече со себе само еден вид поригорозна дисциплина и ред, но и целосно поинакво државно уредување. Збогувај се со слободата на говорот каква што ја знаеш (а чим во општеството денес таа не е јако изразена, замисли после што ќе биде). Тука негде доаѓа социјалните правди, протести итн. Мислам, имаш примери по држвавиве што се неонацистиве СЕГА прават ... а треба да те исплаши на што се' може се подготвени кога ќе дојдат на власт.
Мора да има противтежа на екстремниот либерализам. И мора да се разбере не сме сите исти, не може некој кој работи на откривање на лек за сида да е ист со некој кој влегува во автобус полн цивили да се разнесе за да добие грст девици како награда.
Во моментов овој хаос кој е во Европа бара промени, бара сила која ќе ги доведе во ред сите оние кои добија сила и крилја во име на мултикултурализмот. На начин на кој Путин ги доведе во ред, имено посочувајќи дека Русија нема намера да се прилагодува на малцинствата, нека се прилагодуваат тие на неа.